• Latest

16 јуни низ вековите

June 16, 2018
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

16 јуни низ вековите

June 16, 2018 08:45
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1671.- Под водство на легендарниот јунак Стенка Рјазин, во Русија избувнало востание против спахиите и царските чиновници кои слободните козаци ги претворале во кметови, а на селаните им наметнувале уште поголеми давачки.

1779.– Шпанија и објави војна на Велика Британија и ја започнала опсадата на полуостровот Гибралтар.

1826.- Турскиот султан Мехмед Втори по буната на јаничарите ја укинал институцијата јаничари и вовел низам (редовна војска). Институцијата јаничари била воведена во 1330 година со одлука на султанот Орхан. Имено, ги одземале здравите и силни христијански деца, ги потурчувале и со систематска обука ги обучувале како посебна ефикасна воена единица. Мурат Втори дозволил во јаничари да примаат и Турци, а во 1638 година го укинал одземањето на христијанските деца. Со ослабувањето на Турција се почесто се случувало јаничарите да предизвикуваат нереди кои со време станувале опасни за турската власт, па така султанот Мехмед Втори во 1826 година бил принуден во целост да ги укине.

1858.- Роден е шведскиот крал Густав Петти, кој во текот на владеењето од 1907 па се до смртта во 1950 година и обезбедил на Шведска неутрален статус во двете светски војни.

1890.- Роден е англискиот филмски актер Артур Стенли Џеферсон, познат како Стен Лорел, еден од двајцата актери од познатиот тандем (со Оливер Харди). Филмските продуценти и денеска прибираат профит од нивните филмови, а двајцата актери завршиле во сиромаштија. Филмови: „Музичка кутија“, „Наши односи“, „На дивиот запад“, „Двајца добри другари“, „Ние од Оксфорд“, „Голема работа, „Наша жена“.

1900.- Во Крушево била одржана Првата конференција на македонските социјалисти, на која, меѓу другото, била донесена одлука социјалистите да се приклучат кон ТМОРО. Развивајќи широка пропагандна и револуционерна дејност во редовите на македонската револуционерна организација, македонските социјалисти станале раководни личности во Илинденското востание од 1903 година.

1920.– Во Лондон, во палатата „Сент Џејмс“, била одржана првата седница на новонастанатата Лига на народите. По почетните успеси, поради судирот на големите сили, Лигата целосно се дискредитирала.

1943.– Во месноста Моклиште, Кавадаречко, бугарскиот окупатор стрелал 12 невини младинци од село Ваташа, Кавадаречко.

1958.– Обесен бил унгарскиот државник Имре Наѓ, премиер од 1953 до 1956 година, кога во Унгарија избил антикомунистички бунт. Бидејќи советските трупи го скршиле бунтот за кој Москва го обвинила Наѓ, тој бил осуден на смрт како предавник и бил обесен.

1961.– Рускиот балетан Рудолф Нуреев побарал азил во Франција за време на гостувањето во Париз со ансамблот „Киров“.

1963.- Првата жена-космонаут Валентина Терешкова се вивнала во орбитата околу Земјата со вселенскиот брод „Васток-6“. Таа била шести советски, а десетти светски космонаут.

1977.- Претседателот на САД Џими Картер и панамскиот водач Омар Торихос потпишале договор со кој било предвидено Панамскиот канал да и биде предаден во владеење на Панама во 2000 година.

1977.- Умрел германскиот ракетен инженер Вернер фон Браун, конструктор на нацистичките ракетни проектили „Фау-1“ и „Фау-2“, со кои во Втората светска војна била бомбардирана Британија. По војната емигрирал во САД, каде раководел со производство на ракетините проектили „Редстоун“ и „Јупитер Ц“, со кои во 1958 година бил лансиран првиот американски вештачки сателит „Експлорер-1“.

1992.- САД и Русија потпишале договор за смалување за две третини на арсеналот на далекустрелните нуклеарни ракети до 2003 година.

1993.- Во Скопје умрел Борко Лазески, македонски академски сликар, еден од првите апстрактни автори во Македонија. Тој бил еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, на Уметничката школа во Скопје, на Уметничката галерија, на ликовната група „Денес“, професор на Педагошката академија во Скопје и на Академијата во Багдад, во Ирак. Најпознат бил по своите фрески изведени во Скопје, Кичево, Велес, Сиудат Мексико. Автор бил на повеќе мозаици. Роден бил во Прилеп, на 22 октомври 1917 година.

1997.– Република Македонија и Кувајт воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.

1999.– Умрел прим. д-р Киро Мачески, специјалист по општа хигиена и медицина на трудот со професионални болести, еден од доајените на медицината на трудот во Република Македонија и основоположник на медицината на трудот во Прилеп. Роден бил во Прилеп, на 12 април 1921 година.

2001.- По 11 години завршиле комплицираните работи за спас на кривата кула во Пиза, со што била спасена една од најголемите италијански туристички атракции.

2001.- Во Сремска Митровица, СР Југославија, се одржал Светскиот куп на ракетно моделарство. Членот на Аероклубот од Штип, Лазар Андонов, го освоил првото место. За овој и за другите успеси во текот на годината, Светската воздухопловна федерација, со седиште во Париз, го прогласила Лазаров за најдобар моделар на светот за 2001 година.

2014.- Во 78-та година од животот починала Елпида Паковска (1936-2014), балерина од првата генерација на Македонскиот балет која ги постави темелите на танцовата уметност во Македонија. Ќе биде запаметена по нејзиниот „Црн лебед“ на Чајковски, по „Заспаната убавица“, „Жизел“, Јулија во „Ромео и Јулија“, Шпањолка во „Болеро“, по трите улоги: Билјана, Бисерка и Бугарка во „Охридска легенда“, Половецка девојка во „Половецки логор“, „Рајмонда“, но и како репетитор во балетските претстави „Жизел“, „Легенда за љубовта“ и „Мирандолина“.

2015.- Во седумдесеттата година од животот во Скопје ненадејно починал писателот Тодор Чаловски. Работел како новинар во Македонското радио, бил уредник на списанијата „Разгледи” и „Стожер”, бил основач на Книжевната колонија Галичник и член на ДПМ и на Македонскиот ПЕН.  Во ДПМ членувал од 1969 година и извршувал високи функции во телата на Друштвото – претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ.  Како поет, литературен критичар, есеист и преведувач Тодор Чаловски остави богат и значаен книжевен опус. Меѓу низата впечатливо поетски книги се и стихозбирките: „Ноќ во која те нема”, „Ноќен часослов”, „Сердарски болести”, „Јадро”, „Праг”, „Будна куќа”… Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци”. Поезијата на Тодор Чаловски е објавувана и преведувана на повеќе јазици во одделни книги и во антологии на македонската поезија. Објавен е повеќетомен избор од творештвото на Тодор Чаловски. Чаловски е роден во 1945 година во Гостивар.

2017.- На 87-годишна возраст во својот дом во Лудвигсхафен, почина поранешниот германски канцелар Хелмут Кол. Кол беше канцелар на Германија од 1982 до 1998 година (од 1982-1990 на Западна Германија, а од 1990-1998 на обединета Германија). Тој ја покрена иницијативата за соединувањето на двете Германии и беше „движечка сила“ за воведувањето на единствена европска валута, убедувајќи ги скептичните Германци да се откажат од марката. Кол по Втората светска војна, најдолго од сите беше на функцијата канцелар на Германија – четири последователни мандати. Кол беше во лоша здравствена состојба и во инвалидска количка од 2008 година. Поранешниот американски претседател Бил Клинтон го оцени Кол како „најголемиот европски лидер од втората половина на 20-тиот век“. Бил роден на 3 април 1930 година во Лудвигсхафен.

(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ