• Latest

16 мај низ вековите

May 16, 2018
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

16 мај низ вековите

May 16, 2018 06:33
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со мала група војници пристигнал на северниот брег во Перу. Една година подоцна ја освоил земјата и брутално ја задушил буната на Инките на самиот почеток.

1703.- Умрел францускиот писател Шарл Перо, автор на збирката бајки „Вилински приказни“, во која се познатите бајки „Мачорот во чизми“, „Црвенкапа“ и „Заспаната убавица“.

1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени биле темелите на рускиот град Санкт Петербург.

1812.- Во Букурешт почнале преговорите со кои завршила шестгодишната Руско-турска војна. Турција го признала поразот и на Русија и направи големи отстапки.

1873.- Роден е францускиот писател Анри Барбис, предводник на работничката солидарност. Дела: „Оган“, „Пеколот“, „Светлост“.

1881.- Првиот трамвај во светот со погон на електрична енергија почнал редовно да сообраќа во близината на Берлин.

1898.- Родена е српската писателка Десанка Максимовиќ, член на Српската академија на науките и уметностите. Дела: збирка песни „Песни“, „Зелениот витез“, „Поетот и родниот крај“, „Татковино, тука сум“, „Мирисот на земјата“, „Барам помилување“, „Немам повеќе време“, „Песни од Норвешка“, „Ничија земја“, „Отворен прозорец“.

1905.- Роден е американскиот филмски и театарски актер Хенри Фонда. Филмови: „На златно езеро“, „Фармерот се жени“, „Џеси Џејмс“, „Младиот Линколн“, „Плодови на гневот“, „Моја драга Клементина“, „Бегалец“, „Мистер Робертс“, „Војна и мир“, „Погрешен човек“, „Само еднаш се живее“, „12 гневни луѓе“, „Бура над Вашингтон“, „Најдолгиот ден“, „Рој“, „Убиецот на коњ“.

1929.- Во Холивуд биле доделени првите награди на американската филмска академија (од 1931 година наречени Оскар). Првите награди им се доделени на филмот „Крилја“ и на актерите Џенет Гејнор и Емил Џенингс.

1941.- Собранието на Исланд го исполнило договорот со Данска и прогласило независност која била потврдена на 24 мај 1944 година, по што Исланд подоцна бил прогласен за република. Исланд од 1918 бил во персонална унија со Данска (под иста круна), а претходно бил данска колонија.

1947.- Умрел англискиот биохемичар Фредерик Гауленд Хопкинс, еден од основачите на науката за витамини, кој со холандскиот лекар Кристијан Ајкман во 1929 година ја поделил Нобеловата награда за медицина.

1954.- Роден е Зоран Анчевски – e поет, есеист и преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор е по филолошки науки. Работи како професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Член на Македонскиот ПЕН центар и на ДПМ. Поетски книги: „Патување низ скршени слики“, „Стратегија на поразот“, „Линија на отпорот“, „Превод на мртвите“, „Див мир“. Има значаен придонес во преведувањето на бројни дела од класичната, модерната и современата англиската литература.

1967.- Советскиот вселенски брод „Венера 5“ се спуштил на Венера и почнал да испраќа податоци за оваа планета.

1974.- Социјалдемократот Хелмут Шмит станал канцелар на Западна Германија по оставката на Вили Брант.

1975.- Јапонката Јунко Табеи станала првата жена која се искачила на највисокиот светски врв Монт Еверест.

1984.- Умрел американскиот писател Ирвин Шо, чија проза се одликува со силна драматичност, општествена свест и жив дијалог. Дела: „Богат и сиромав“, „Мешано друштво“, „Љубов во темна улица“, „Добредојдовте во град“, „Љубезни луѓе“, „Синови и војници“, „Убиец“, „Во друштво со делфини“.

1991.- Социјалистот Едит Кресон е првата жена во историјата на Франција која стапи на должноста претседател на влада.

1991.- Британската кралица Елизабета Втора е првиот монарх кој зборувал во Конгресот на САД.

1997.- Умрел италијанскиот филмски режисер Џузепе Де Сантис, еден од најзначајните претставници на филмскиот неореализам создаден во Италија во првите години по завршувањето на Втората светска војна. Филмови: „Рим во 11 часот“, „Патот долг една година“.

2003.- Исламски терористи самоубијци, употребувајќи автомобили-бомби и појаси со експлозија, активирале најмалку пет силни детонации во најголемиот марокански град Казабланка усмртувајќи 55 луѓе, вклучувајќи и 12 бомбаши.

2005.- Кувајтскиот парламент го усвоил амандманот на изборниот закон со кој за првпат во историјата на земјата на жените им било дадено правото на глас и правото да бидат избирани.

2006.- Умрел австрискиот публицист Гинтер Ненинг, еден од најангажираните новинари и политичари во Виена. Бил еден од основачите на австриската партија на Зелените, посебно активен како борец за заштита на природата.

2006.- Најмалку 115 луѓе загинале во бранот насилства кој го започнале припадниците на една криминална група во бразилската држава Сао Паоло. Гангстерите вооружени со автоматски пушки и гранати организирале повеќе од 150 напади ширум државата, а нивната главна мета биле полициските станици. (МИА)

Tags: 16 мајвремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ