На денешен ден…
1538 Папата Павле III го екскомуницирал Хенри VIII од католичката црква. За возврат, Хенри ја укинал неговата јурисдикција и го иницирал осамостојувањето на Црквата на Англија.
1577 По налог на кралицата Елизабета I, Франсис Дрејк отпловил од Плимут, Англија, на тајна мисија да го истражи пацифичкиот брег на Америка.
1865 Симфонијата број 8 на Франц Шуберт, “Незавршена симфонија”, својата премиера ја имаше во Виена под диргиенство на Јохан фон Хербек
1903 Во Северна Каролина, во САД, браќата Рајт го извршиле првиот лет со машина потешка од воздухот.
1970 Работничките протести во Полска против покачувањето на цените на храната биле крваво задушени со пукање во протестантите од војската и полицијата, при што загинале околу 40 луѓе, а стотици биле ранети.
1991 Турција, ги призна сите советски републики, кои прогласија независност.
1993 Финска ја призна Република Македонија. Претседателот Мауно Коивисто го објави признавањето на службен прием и му врачи акт и го овласти Министерството за надворешни работи да воспостави дипломатски односи со Македонија.
1989 Емитувана е првата епизода „Simpsons Roasting on an Open Fire”на „Симпсонови“ на ТВ Фокс
2005 Република Македонија доби статус на кандидат за членка на Европската Унија.
2004 Избрана владата на Република Македонија, предводена од Владо Бучковски.
2018 Во Скопје се одржува единаесеттиот Марш на црвениот чадор со кој се одбележува Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
2018 На денешен ден ЦИВИЛ потсетува на 17 член од Универзалната декларација за човекови права: Сeкoj чoвeк имa прaвo нa сoпствeнoст, кaкo сaмoстojнo, тaкa и зaeднo сo други. Никoj нeмa дa бидe прoизвoлнo лишeн oд нeгoвaтa сoпствeнoст.