• Latest

176 милиони евра поддршка од ММФ

April 11, 2020
Фото: Скриншот

Стармер: Состанок во Лондон в понеделник за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Велика Британија

May 16, 2025
Фото: Х. Мицкоски/Фејсбук

Мицкоски: Стратешкиот договор со Обединетото Кралство ќе овозможи инвестициски циклус од околу шест милијарди евра

May 16, 2025
Фото: Емануел Макрон нa „X“

Макрон и Зеленски по телефонскиот разговор со Трамп: Русија купува време и ја продолжува војната

May 16, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Зеленски изрази жалење за пропуштената можност за мир: Путин не се согласи на ништо

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Европските лидери од Тирана: Ставот на Русија во преговорите со Украина е неприфатлив

May 16, 2025
Фото: Влада на РСМ

Мицкоски – Стармер: Договорот за стратешко партнерство значи посилна соработка и поцврсти односи меѓу двете земји

May 16, 2025

24 ЧАСА: Пораки од Тирана – нов пакет санкции против Кремљ; Додик продолжува со геноцидната реторика; преговарачите на Украина и Русија лице в лице во Истанбул

May 16, 2025
Фото: Х

Герила акција на „Кој е следен“ пред ОЈО: Бело платно со имињата на настраданите во пожарот во Кочани

May 16, 2025
Фото: МИА

Кошта: Светскиот поредок е поткопан, руската агресија во Украина донесе војна во Европа, во Газа, хуманитарна трагедија, потребна е колективна соработка

May 16, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Трамп воодушевен од „многу силното минато“ на сирискиот претседател, поранешен член на Ал-Каеда, за чија глава САД распишаа награда од 10 милиони долари

May 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

176 милиони евра поддршка од ММФ

April 11, 2020 10:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри финансиска поддршка за нашата земја, преку Инструментот за брзо финансирање, во износ од околу 176 милиони евра. Преку овој инструмент се овозможува исклучително брз и поволен пристап до финансиски средства од ММФ, во услови кога економија со здрави фундаменти е погодена од надворешен, неочекуван и привремен шок, каков што е пандемијата на вирусот Ковид-19.

-Економските изгледи на Северна Македонија значително се влошија како резултат на пандемијата на COVID-19. Се очекува реалниот БДП да се намали за 4 проценти во 2020 година, како резултат на падот на домашната и надворешната побарувачка. Ова, заедно со негативните шокови врз довербата и прелевањата од глобалните финансиски текови, создаде потреба од итно обезбедување на потребите на платниот биланс, изјави по дискусијата на Извршниот одбор во однос на Република Северна Македонија, Тао Џанг, заменик извршен директор и вршител на должноста претседател на одборот.

Како што истакнува, властите брзо одговорија со насочена и привремена фискална поддршка за да го ограничат социјалното и економското влијание од здравствената итна состојба преку заштита на ликвидноста на компаниите, зачувување на работните места и обезбедување социјална грижа за невработените и ранливите категории на домаќинства. Во меѓувреме, Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) ја намали својата основна каматна стапка и спроведе регулаторни измени за да ги охрабри банките да ги реструктуираат долговите на висококвалитетните должници кои се погодени од пандемијата.

-Владата и НБРСМ остануваат силно посветени на зачувување на монетарната, надворешната и финансиската стабилност и се подготвени да ги преземат сите дополнителни мерки што би биле потребни. Властите исто така изразија силна посветеност, откако ќе заврши кризата предизвикана од COVID-19, за обновување на фискалните бафери и спроведување на агендата за структурни реформи за да помогнат во зачувувањето на одржливоста на долгот и забрзување на конвергенцијата кон развиените економии на земјите од Европската Унија.Меѓународниот монетарен фонд е подготвен да ѝ помогне на Северна Македонија во борбата со пандемијата и во процесот на закрепнување на економијата, соопшти Канцеларијата на Стефани Ебле, регионален резидентен претставник на ММФ за Западен Балкан.

Според Министерството за финансии и Народната банка, покрај намалувањето на референтната каматна стапка и целните промени во задолжителната резерва, ММФ ги издвојува и регулаторните измени со коишто се овозможи привремено олеснување на финансискиот товар на корисниците на кредити погодени од корона-кризата, притоа запазувајќи го прудентниот пристап во управувањето со ризиците.

-ММФ се осврнува и на преземените фискални мерки за заштита на ликвидноста на компаниите и за обезбедување социјална заштита за погодените домаќинства. Притоа одделно се нотирани мерките донесени од Владата со коишто се намалуваат непотребните расходи во овој период и се обезбедуваат натамошни финансии за здравствениот сектор. Од ММФ се разгледани и мерките со коишто се промовира сигурност на работните места и стабилност на пазарот на трудот, се вели во заедничкото соопштение од МФ и НБРСМ. 

Во рамки на комуникацијата со ММФ, дополнуваат, се потенцира посветеноста на носителите на политиките за одржување на макроекономската и финансиската стабилност, и за зголемување на потенцијалот за одржлив долгорочен раст на македонската економија.

-Во однос на стабилноста на банкарскиот систем, ММФ позитивно го оценува зајакнувањето на ликвидноста и на капиталната позиција на системот во изминатиот период, што сега обезбедува гаранција за заштита од потенцијалните загуби заради корона-кризата. Притоа, укажано е и на потребата банките и понатаму да обезбедуваат финансиска поддршка на економијата, во претстојниот период, заради што е неопходно својата капитална позиција и ликвидноста да ги одржуваат на адекватно ниво, велат од Министерството за финансии и Народната банка

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ