• Latest

18 јуни низ вековите

June 18, 2018

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

18 јуни низ вековите

June 18, 2018 08:59
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1429.– Француските сили под водство на Јованка Орлеанка и војводата од Аленсон, кај Пате ги стигнале и поразиле англиските сили кои се повлекувале по неуспешната опсада на Орлеан.

1583.– Во Лондон била издадена првата полиса за животно осигурување во светот.

1812.– Поради помали поморски инциденти дошло до војна меѓу САД и Англија, во текот на која англиските трупи го освоиле и го запалиле Вашингтон. Пожарот делумно ја уништил и претседателската палата која подоцна варосана го добила називот Бела куќа.

1812.- Роден е рускиот писател Иван Александрович Гончаров. Дела: романите „Обична приказна“, „Бездна“, есеите „Милион грчеви“, „Подобро некогаш отколку никогаш“, „Спомени за Белински“, патописот „Фрегата Палада“.

1815.– Француската армија под команда на Наполеон Бонапарта била поразена во битката кај Ватерло (во Белгија) од британските, од холандските и од пруските сили. Со британските сили командувал генералот Велингтон, а со пруските Герхард фон Блихер. Битката се збиднала по Наполеоновото враќање од Елба и значела конечен крај на некогаш најмоќниот француски император, кој потоа бил прогонет на островот Света Елена, каде што умрел. Во битката загинале околу 15.000 сојузнички војници и меѓу 20 и 30.000 француски војници.

1882.- Во селото Ковачаица, кај Перник, во Бугарија, е роден Георги Димитров, еден од најголемите водачи на бугарското и на меѓународното работничко движење. Умрел во Москва, на 2 јули 1949 година.

1881.- Русија, Австрија и Германија потпишале таен сојуз „Лига на тројца цареви“.

1928.- Норвешкиот поларен истражуач Раул Амундсен, првиот човек кој го освоил Јужниот пол, исчезнал во текот на летањето со авион над Северниот леден океан. Го напишал делото „Јужниот пол“.

1935.- Роден е Слободан Мицковиќ, македонски есеист, критичар, романсиер и преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и раководител на Институтот за македонска литература. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член на ДПМ од 1965 година. Автор е на книгите: „Размислувања“ „Толкувања“, „Време на песната“, „Поетските идеи на Конески“, „Збор и разбор“, „Александар и смртта“, „Да се убие Апостол“, „Канал“, „Историја на црната љубов“ и други. Добитник е на наградите: „Димитар Митрев“, „Рациново признание“, Роман на годината на „Утрински весник“. Починал на 21 мај 2002 година.

1937.- Советските пилоти Чкалов, Бајдунов и Белјанов го извршиле првиот лет без спуштање од Москва, преку Северниот пол до Ванкувер, во САД. Летот траел 63 часа и 25 минути, а изминатиот пат изнесувал 12.000 километри. Долго време тоа бил најдолг далечински пат без спуштање. Сите тројца пилоти добиле високи одликувања за овој потфат.

1940.- Францускиот генерал Шарл де Гол ги повикал од Лондон сите Французи да ја продолжат борбата против германските освојувачи, кои во тие денови целосно ги поразиле вооружените сили на Третата република. Во таа пригода Шарл де Гол ја изговорил познатата мисла „Французите загубија една битка, но не и војната“.

1942.– Роден е англискиот музичар Пол Мекартни, член на квартетот „Битлси“, кои се појавиле во шеесеттите години на 20 век и подоцна станале најпопуларен рок состав на сите времиња. По распадот на „Битлси“ во 1972 година продолжил со самостојна музичка кариера.

1953.- Египет бил прогласен за република по соборување на Фаруковиот режим. Прв претседател на Египет стана Нагиб.

1965.– Во Алжир бил извршен државен воен удар. Хари Бумедиен ја презел власта наместо дотогашниот претседател Бен Бела.

1974.– Во Москва умрел Георгиј Константинович Жуков, маршал на Советскиот Сојуз, истакнат војсководец во Втората светска војна. Раководел со крахот на германската офанзива на Москва, ги водел битките кај Волгоград и Санкт Петербург, а трупите под негова команда го зазеле и Берлин, во мај 1945 година. Напишал мемоари под наслов „Спомени и размислувања“. Роден бил на 1 декември 1896 година.

1979.- Во Виена, Леонид Брежњев и Џими Картер го потпишале договорот SALT 2 со кој Советскиот Сојуз и САД се обврзале да го ограничат стратешкото нуклеарно вооружување.

1987.- Израел ја осудил одлуката на поглаварот на римокатоличката црква папата Јован Павле Втори да го прими во аудиенција претседателот на Австрија Курт Валдхајм, вмешан во воените злосторства на нацистите во текот на Втората светска војна.

1996.– Бенјамин Нетанјаху ја презел должноста премиер на Израел по изборната победа на неговата десничарска коалиција.

1997.– Турскиот премиер Неџмедин Ербакан поднесол оставка на функцијата.

2000.– Башар ал Асад бил избран за лидер на владејачката сириска Баас-партија, по смртта на претседателот Хафез ал Асад.

2001.– Република Македонија и Народна Република Кина ги обновиле дипломатските односи. Истиот ден Република Македонија и Република Кина Тајван ги раскинале дипломатските односи.

2004.- Шефовите на држави и влади на 25 членки на Европската унија во Брисел го усвоиле првиот устав на Европската унија, со договор документот да стапи на сила кога ќе го ратификуваат сите земји-членки на Унијата.

2004.- Велика Британија му ја доделила почесната титула Витез на ловци на нацистите на Симон Визентал, признание за придонес за човештвото.

2005.- Суданската влада во египетскиот главен град Каиро потпишала мировен договор со една од најголемите опозициски групи, Националната демократска алијанса (НДА) со цел да му стави крај на 16-годишниот судир во кој загинале повеќе од два милиона луѓе, а околу четири милиони биле принудени да ги напуштат своите домови.

2010.- Умрел Жозе Сарамаго, португалски писател, добитник на Нобеловата награда. Се смета за еден од најпознатите португалски писатели. Дела: „Ембарго и други приказни“, „Слепило“, „Седум сонца и седум месечини“.

2011.- По долга и тешка болест во Бостон на 88-годишна возраст починала советската дисидентка и вдовица на Нобеловецот Андреј Сахаров, Елена Бонер. Бонер починала во болница во Бостон каде што и живеела последните години. Бонер во периодот на Студената војна го критикувала Советскиот Сојуз поради кршењето на човековите права, а во постсоветскиот период станала остар критичар на актуелниот руски премиер Владимир Путин. Во 1972 година Бонер се омажила за нуклеарниот физичар и советски дисидент Андреј Сахаров.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: на денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ