СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ во клинч за СЈО
Министерката за правда, Рената Дескоска и адвокатот Тони Менкиновски кои ги предводат работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони, денеска во 16 часот ќе ја одржат својата прва средба зад затворени врати.
На првиот состанок на работните групи кои беа договорени на неодамнешната лидерска средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски се очекува да се отворат разговори за амандманите на опозицијата и за нивните забелешки за предлог Законот за јавно обвинителство според кој е предвидено Специјалното јавно обвинителство да се припои кон ОЈО, но како независна единица во Јавното обвнителство.
Заев: Ќе нема нова амнестија, не верувам ни дека Иванов ќе амнестира
Премиерот Зоран Заев, денеска изјави дека нема најави за нова амнестија, ниту од Министерството за правда, ниту од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, оти нема повеќе законска можност за тоа, откако денеска во Основниот суд Скопје 1, беше повикан како сведок оштетено лице во истрага за закани за негова ликвидација.
Тој додаде дека Законот за амнестија на обвинети за настаните од 27 април, беше донесен во моменти кога беше потребно двотретинско мнозинство за уставните измени.
МВР против говорот на омраза на социјалните мрежи
Министерството за внатрешни работи ги повикува граѓаните да пријавуваат ширење говор на омраза на социјалните мрежи за кои потоа ќе следуваат кривични пријави. Случаите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected].
Проверка во Избирачки список
Според извештајот на ДИК, вкупно 53972 граѓани извршиле проверка во Избирачкиот список. За 517 граѓани се носи решение за запишување во ИС, за 412 граѓани добиле решение за бришење на податоците од ИС и 129 извриле промена на податоците. Само едно лице побарало понишување живеалиште при увид во Избирачкиот список.
Според податоците најголем број на граѓани од општина Струмица, вкупно 3691, извршиле увид во Избирачкиот список. Што се однесува, пак, на извештајот на пристигнати пријави за гласање од ДКП до 15 март, вкупно 1825 граѓани се пријавиле за гласање во странство. Најмногу прифатени пријави има во Венеција, вкупно 251.
Д. Муратов