• Latest

20 години ГОНГ: Времеплов на активистичката и уметничката практика

April 8, 2017
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

20 години ГОНГ: Времеплов на активистичката и уметничката практика

April 8, 2017 11:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
По повод одбележување на дваесетгодишнината од работењето на хрватската невладина организација „Građani organizirano nadgledaju glasanje – GONG („Граѓаните организирано го набљудуваат гласањето“), една од најпознатите организации на Балканот, чии претставници мониторираат изборни процеси и во светски рамки, во четврток, на 13 април, во Студентскиот центар во Загреб ќе се одржи регионална конференција „Во потрага по граѓанките и граѓаните – времеплов на активистичката и уметничката практика“, како и вечерна културна програма.

Програмата ја подготви ГОНГ, во соработка со здруженијата „Курзив“ и „Домино“ од Загреб, „Центарот за културна деконтаминација“ од Белград, „Хелсиншкиот парламент на граѓани од Бања Лука“, ЦИВИЛ – Центар за слобода од Скопје, „Анима“ од Котор, „Култура на промени“ – Студентски центар од Загреб и фондацијата „Солидарна“, со финансиска помош од програмата за поддршк „Европа за граѓаните“.

Регионалната конференција „Во потрага за граѓанките и граѓаните“ е осмислена како простор за потсетување, размена и споделување на искуства, меѓуодноси и влијанија на уметничките, активистичките и медиумските иницијативи во градењето на мир, заштита на граѓанските и човековите права, околината и јавните ресурси кои од доцните 80-ти, до денес, замислувале, создавале и промовирале идеи и практики на демократизација, сместувајќи ги граѓанките/граѓаните во позиција на политички субјекти и творци на општествено значење.

По воведните говори на Сузана Јашиќ и Ненад Закошек, во име на организацијата ГОНГ, конференцијата ќе отвори интерактивен перформанс “Never Again. Never. Again?“ („Никогаш повторно. Никогаш. Повторно?“) на босанската уметница Елма Селман.

Од 19 часот ќе биде отворена изложба „Отпор, движење, промена: фрагменти на активистичката и уметничката практика од доцните 80-ти“ во организација на здружението „Курзив“ и кустосот Мартина Контошиќ. Изложбата ќе биде отворена од 13 до 22 април. Преку фрагментација на различни активистички борби на изложбата ќе бидат претставени дела на Нико Аутор, Игор Грубиќ, Адела Јушиќ, Синиша Лабровиќ, Владимир Миладиновиќ, Албана Мује, Мирослав Стојановиќ, документација на делата на Сања Ивековиќ, филм на Наташа Нелевиќ и група уметници. Постоечките дела во предворјето на киното на Студентскиот центар, ќе бидат придружени со три нови продукции, одбрани по пат на натпревар на фондацијата „Солидарна“ и здруѓенијарта „Курзив“, „Домино“ и ГОНГ – делата на Ивана Аманини „Ѕидови“, Јасна Жмак „Јас сум иднината“ и перформансот „Никогаш повторно. Никогаш. Повторно?“ на Елма Селман, кој по изведбата, ќе стане физички дел од изложбата.

Во 20 часот во полукружната сала на Театарот&ТД следи изведба на монодрамата „Постдипломско образование“ на Вилим Матула и Синиша Лабровиќ, во режија на Борна Арманини, со музика на Игор Павлиќ, а во 21 часот почнува „Музичка активистичка слушална“ на Илко Чулиќ која ќе прерасе во забава, журка и дернек.

 

 

 
Tags: "Never Again. Never. Again?„Во потрага по граѓанките и граѓаните“20 годиниГОНГЗагребјубилејЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ