• Latest

20 мај, вонредна состојба, ден 62: ЦИВИЛ разобличи лажни вести, МОН со ваучери за студенти и млади, 19 новозаболени, 16 излечени и 4 починати од КОВИД-19…

May 20, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

20 мај, вонредна состојба, ден 62: ЦИВИЛ разобличи лажни вести, МОН со ваучери за студенти и млади, 19 новозаболени, 16 излечени и 4 починати од КОВИД-19…

May 20, 2020 17:14
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Мониторингот тимот на ЦИВИЛ разобличи лажни вести за наводно вработување на Албанци во УЈП Штип, објавени на социјаните мрежи.

Лажната вест се состои во фотографија од документ за кој се тврди дека се работи за одлука според која сите избрани лица за вработување во УЈП-Регионална дирекција Штип се Албанци. Лажната вест се пласира тенденциозно и со очигледна намера да се предизвика говор на омразата по етничка основа. Тоа се гледа од коментарите во кои се употребуваат изразите „шиптаризација“, „кантонизација“ и други. Некои од коментарите беа избришани набрзо по нивното објавување. Како први адреси од кои се претпоставува дека е пласирана лажната вест се Фејсбук страниците Македонски прес и Сан Штипаго.

Според анализата на ЦИВИЛ, во оваа постапка на креирање и ширење лажни вести се гледа намера да се предизвика говор на омразата по етничка основа.

Во своите континуирани повици до јавноста и институциите, ЦИВИЛ укажува дека ваквите појави често се поврзани со политичко дејствување на организирани групи чија позадина е партиска.

Изјава на денот: Министерот за образование и наука, Арбер Адеми на денешната прес конференција најави доделување 3 типа парична поддршка на средношколците, студентите и млади до 29 години.

Со оваа мерка, рече Адеми, ќе се опфатат околу 100 илјади лица, а финансиската поддршка ќе изнесува 12 милиони евра.

„МОН заедно со Владата, Агенција за млади и спорт, веднаш пристапуваат кон разработка на оперативен план за усвојување на поддршката. Начинот на кој ќе се аплицира ќе биде соопштено во следните денови. Се планира помошта да можат да ја добијат до крај на месец јули“, изјави Адеми.

Првата мерка е ваучер од 6.000 денари, а тоа ќе биде помош за покривање на партиципација за студирање на универзитетите и сместување во ученичките и студентските домови. Втората ќе биде домашна платежна картичка во износ од 3.000 денари кога ќе биде наменета за студенти и ќе се користи за купување на домашни производи, во дејности кои се најмногу погодени од кризата. Третата мерка, пак, е во вредност од 30.000 денари и е за младите до 29 години, а се однесува за кофинансирање на обуки, тренинзи и развивање на ИТ вештини кои се барани на пазарот.

Вонредна состојба

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 16 оздравени пациенти.

– Скопје 7

– Куманово 1

– Тетово 3

– Велес 1

– Кочани 1

– Неготино 3

Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1. Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на КОВИД-19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19 во Битола.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73) во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.

*

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 39 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

*

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека се уште е рано да се отворат границите затоа што, според него, доколку се отворат огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии можно е да паднат во вода.

*

Комисијата за заразни болести со препорака за 58 часовен полициски час за празниците „Св. Кирил и Методиј“ и Рамазан Бајрам.

*

Од почетокот на епидемијата со КОВИД-19 во земјата направени се 1.771 операции кај пациенти на хируршките клиники во комплексот „Мајка Тереза“, во Градската општа болница „8 ми Септември“ и Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Флеш вести

Премиерот  Оливер Спасовски денеска изјави дека ги  добиле  одговорите од сите три институции, од Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и ОБСЕ/ОДИХР, кои  информираат дека очекуваат датум за избори и на основа на тоа да започнат подготовки.

*

Инспекциските служби во периодот од 12 до 18 мај годинава извршиле вкупно 2.895 вонредни инспекциски надзори за почитување на сите препораки и мерки за спречување на ширење на корона вирусот. Државниот пазарен инспекторат во овој период затворил вкупно 14 угостителски објекти, изјави на денешната прес-конференција претседателката  на Инспекциски совет Магдалена Филиповска Грашкоска.

*

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска присуствувале на еден дел од состанокот на Комисијата за заразни болести на која ги изнеле своите размислувања и поставиле дополнителни прашања во врска со протоколите за избори.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека во следните денови Комисијата ќе одговори на прашањата на членовите на Комисијата, а исто така рече дека тие, односно државата, би можела да одговори на потребата за заштитни мтеријали за изборите имајќи предвид дека станува збор за голема бројка.

*

Прашањето на ефикасноста и брзината на одвивање на кривичните постапки се главниот проблем идентификуван во третиот и конечен извештај за активностите и случаите под поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), што го презентира денеска Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

*

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Независниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) сметаат дека Владата треба да се воздржи од избрзани и недоволно обмислени решенија во медиумската сфера, особено во период на предизборие.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Долгорочниот мониторинг на ЦИВИЛ ги следи и регистрира лажните вести и говорот на омразата во јавната комуникација, во медиумите и на социјалните мрежи и констатира загрижувачки пораст на лажните вести и говорот на омразата во изминатиот период.

Од мноштвото случаи нотирани од мониторингот, во текот на изминатите денови се бележи случајот на граѓанската активистка Кристина Костова која е само уште една жртва на екстремен говор на омразата. По еден јавно искажан личен став на социјалните мрежи за свадбите и непотребното изложување на ризик по здравјето за време на пандемијата, се бележи онлајн офанзива преполн со говор на омразата против неа.

По објавата на Костова, се регистрираат голем број пораки и коментари во кои отворено се промовира омразата и се повикува на насилство кон Костова, со користење на навредливи зборови и екстремни изрази, што се засновани на предрасуди и стереотипи.

Кристина Костова не е носител на јавна функција, но само поради тоа што, како граѓанка со гарантирано право на слобода на мислењето и изразувањето, искажа личен став, беше жртва на јавен линч од неистомислениците до таа мера што отворено ѝ се упатуваат закани со силување и убиство!

ЦИВИЛ најостро го осудува говорот на омразата и изразува солидарност со сите жртви на говорот на омразата. Истовремено, ЦИВИЛ бара од институциите да постапат соодветно и според законските обврски, да не дозволат ваквиот говор на омразата да остане несанкциониран. Лажните вести и говорот на омразата мора да се осудат, обесхрабрат и санкционираат.

Врз основа на овој и низа други регистрирани случаи во мониторингот на ЦИВИЛ, се констатира дека македонското општество се соочува со тешки последици од инфодемијата, лажните вести и говорот на омразата кои произлегуваат од деструктивната кампања на одредени политички и криминални центри на моќта во земјава и во светот.

Затоа, ЦИВИЛ ги повикува институциите да се активираат час поскоро и да ги преземат сите потребни мерки да се обесхрабрат овие тешки облици на злоупотреба на социјалните мрежи и интернет медиумите, преку кои се промовира говорот на омразата. Познато е дека говорот на омразата води кон дела од омразата, но и без тоа, тој делува погубно врз јавната комуникација во едно демократско општество.

Можноста секој од нас слободно да го изрази своето мислење е една од најзначајните вредности и показател за демократскиот капацитет на општеството. Говорот на омразата на кој сме сведоци во овој период го покажува демократскиот капацитет на поединци и групи, поточно нивната неспособност да прифатат мислење кое е спротивно на нивното. Уште поевидентна е неспособноста да развијат конструктивна дебата на одредена тема.

Една демократска јавност, особено медиумите и граѓанските организации се должни да се спротивстават и да го осудат говорот на омразата.

Слободна зона

-На пример, на сите им е јасно дека овие јулски избори ќе бидат најнеобичните и најкомпликуваните за спроведување, со оглед на тоа што ќе треба внимателно да се спроведуваат епидемиолошки правила на кои ќе бидат подложени не само гласачите, туку и илјадниците службени, партиски, граѓански и меѓународни лица кои ќе ги спроведуваат или следат изборите, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Со здравје да се видиме на изборите во јули“.

 

 

 

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ