• Latest

20 март, вонредна состојба, ден 2: Вкупно 70 заболени од корона вирус, последен чекор на влезот во НАТО, ДИК продолжува со работа, црна пропаганда…

March 20, 2020
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

20 март, вонредна состојба, ден 2: Вкупно 70 заболени од корона вирус, последен чекор на влезот во НАТО, ДИК продолжува со работа, црна пропаганда…

March 20, 2020 17:25
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Стејт департментот го доби  оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО, Пендаровски го потпиша Инструментот за пристапување

Шпанскиот амбасадор во САД, Сантиаго Кабанас, синоќа во Стејт департментот се сретна со заменик државниот секретар Филип Рикер и го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО. Документот неделава беше изгласан во Сенатот и потпишан од кралот на Шпанија Фелипе Шести.

Претседателот Стево Пендаровски штотуку го потпиша „Инструментот за пристапување“ на Република Северна Македонија кон Северноатлантскиот договор, откако пред неколку часа генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг со писмо го извести премиерот Оливер Спасовски дека сите 29 сојузници го ратификувале протоколот за пристапување на земјата. Депонирањето на пристапниот инструмент во Стејт департментот формално го означува почетокот на македонското членство во НАТО.

„Во име на сите земји членки, чест ми е да Ве известам и да Ви ја упатам поканата да се придружите на Северно-Атлантскиот договор“, пишува во писмото до премието Оливер Спасовски, генералниот секретар на НАТО   Јенс Столтенберг, соопшти владината прес-служба.

За писмото денеска преку својот Фејсбук профил информираше и Спасовски. – НАТО и формално нè извести дека сите сојузници завршиле со ратификација на протоколот за наше членство.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 2

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес –конференција во 15 часот изјави дека вкупно тестирани на корона вирусот денеска се 43 лица, од кои три се позитивни, што значи вкупниот број заболени во државава е 70. Бројот на пациенти ќе расте, процени министерот.

Сите пациенти се со стабилна клиничка слика, лесна до средна, освен пациентката што се наоѓа на механичка вентилација на Клиниката за инфективни болести е во критична фаза. Филипче посочи дека од тројцата потврдени случаи денеска, една пациентка патувала во Србија, втора пациентка е бабата на четиригодишното дете заболено од корона вирус, и уште еден пациент од Скопје.

„Заболени од корона вирус има во Скопје, Дебар, Гостивар, Штип и Охрид“, додаде Филипче.

„Редовно и точно ја информираме јавноста. Ова го правиме од привот ден и така ќе продолжиме… Информираме тогаш кога ќе бидат потврден точниот број на позитивни, односно негативни тестови. Сметаме дека ова не време за ексклузивитет и дека тука нема време и место за сензационализам. Бројот на заразени пациенти ќе продолжи да расне. Тоа ние го очекувавме. Тоа се најавите и од сите земји каде што е во развој бројот на пациенти и болеста“, истакна министерот на прес конференцијата во 15 часот.

*

„Дозволете да разговарам со Фондот за здравствено осигурување и да го решиме и овој проблем“, одговори министерот за здравство Венко Филипче на прашањето што го постави ЦИВИЛ Медиа во врска со трошоците за лекување од корона вирусот на оние лица што се надвор од системот за здравствено осигурување.

Во Северна Македонија има луѓе кои работат хонорарно и имаат примања, но не се во системот на здравственото осигурување, а не се пријавени ни во АВРМ. Дали тие треба да ги платат здравствените услуги поврзани со корона вирусот приватно или услугите за нив се бесплатни? – беше прашањето што го постави ЦИВИЛ Медиа.

Неофицијално, дознаваме дека ставот на надлежните е дека здравствените услуги на јавното здравство, поврзани со корона вирусот, би требало да бидат бесплатни. Но, за конечниот одговор на прашањето, како што кажа министерот Филипле, ќе дознаеме по неговиот разговор со ФЗО.

ЦИВИЛ Медиа прашањето го постави и до ФЗО, а по добиениот одговор дополнително ќе ја информира јавноста.

*

„Живееме во тешко време кога сите заедно делиме иста мака и сме исправени пред предизвикот заеднички да се избориме. Затоа, уште еднаш Ве повикувам сите Вас на одговорност, на заедничка акција и солидарност. Само заедно, сплотени, може да се избориме против корона вирусот“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ во видео обраќање до јавноста

*

Граѓаните од понеделник ќе можат да пријават непочитување на препораките од Владата за заштита од коронавирусот на бесплатната линија 191. Секој граѓанин ќе може да пријави доколку забележи угостителски објекти кои работат или, пак, зголемување на цените на основните производи.

Како што информира министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција во Владата, веднаш по пријавувањето екипи на Државниот пазарен инспекторат ќе се упатат на терен за да ја утврдат состојбата.

*

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на негово барање, вчера и денес имаше телефонски разговори со своите колеги, министрите за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, Албанија, Гент Цакај, Бугарија, Екатерина Захариева, Црна Гора, Срѓан Дармановиќ и Австрија, Александер Шаленберг. Во фокусот беше олеснување на процесот на поврзување (интерконективноста) меѓу земјите во периодот на кризата, со крајна цел, помош на граѓаните.

Заеднички беше констатирано дека ќе се вложат максимални сили за справување со предизвиците со кои се соочува светот заради панедемијата, со главен фокус на обезбедување непречен транспорт на стоките и враќање на затекнатите граѓани низ светот, во матичните земји. 

ФЛЕШ ФЕСТИ

Државната изборна комисија на 66 јавна седница, согласно Роковникот утврден, за сега веќе одложените, предвремени парламентарни избори имаше една точка на дневен ред: разгледување и поднесување на листа на кандидати за политичката партија „Твоја партија“.

„Со оваа одлука се утврдени 15 кандидатски листи што ќе бидат на наредните вонредни или не знаеме какви парламентарни избори. Јас се надевам дека надлежните навреме ќе донесат одлука што ќе не упати како да постапуваме понатаму. Сè до тој момент ДИК, колку да се допаѓало некому или не, ќе си ги извршува своите законски овластувања“, изјави Оливер Деркоски, претседател на ДИК, на крајот од седницата.

*

Економскиот оддел на ДПА, предводен од Бардул Даути на прес-конференција посочи предлози за подобрување на монетарната политика во земјата и подобрување на секторите погодени од ситуацијата со корона вирусот.

*

Прес-конференциите на Владата од денеска само на онлајн стрим, без присуство на сниматели и новинари заради превенција. Прашањата за прес-конференциите во текот на денот може да се испратат на portparol@vlada.gov.mk и на мејл адресата на портпаролот/лицето за односи со јавност на ресорното министерство, со нагласување на медиумот од кој доаѓа прашањето и назнака за која прес-конференција односно за кој министер/министерка (претставник на институција) се однесуваат.

*

Часот на планетата Земја соопшти дека ги откажува сите јавни закажани настани согласно одлуките на Владата за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот, и повика акцијата за исклучување на светилки, граѓаните од улиците да ја пренесат во своите домови.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Скен – политички видео магазин: Црна пропаганда: Закана за демократијата

Граѓаните постојано се бомбардираат со лажни вести и дезинформации.  Оваа издание на СКЕН политички видео магазин го посветивме на лажните вести што служат како масовно политичко оружје, особено во политичките кампањи што се водат по социјалните мрежи.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Стратегијата на „капка по капка систем“ во ширењето на лажни вести, колку што е одвратна, толку е и опасна за менталното здравје на нацијата, особено во вонредни ситуации, каква што е оваа во која сега се наоѓаме. Во такви општествени состојби, јавноста има ескалирани чувства на страв, несигурност, збунетост, сомневање, и е податлива цел за секакви манипулации и ширење злобни гласишта“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Пропагандни дибеци на прес-конференции“

Биљана Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ