• Latest

21 април, вонредна состојба, ден 34: Предлог за пократок полициски час, но и задолжително носење маски, 7 нови случаи и 24 излекувани од КОВИД-19…

April 21, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

21 април, вонредна состојба, ден 34: Предлог за пократок полициски час, но и задолжително носење маски, 7 нови случаи и 24 излекувани од КОВИД-19…

April 21, 2020 16:55
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Се предлага скратување на полицискиот час, продолжено време за движење на младите и постарите и задолжително носење маска

Можно е малку да се намалат рестрикциите на движење, но само ако се засилат мерките на лична заштита, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тоа значи пократок полициски час, но обврска за носење заштитна маска.

„Сите рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот дадоа добри резултати. Мерките мора да останат во сила се додека не сме целосно сигурни дека состојбата е под контрола и дека сме го поминале пикот на болеста. Сепак, најновите анализи и проекции покажуваат дека се создадени услови за благо релаксирање на рестрикциите за движење, но на сметка на подигнување на мерките на лична заштита и согласно овие анализи Министерството за здравство и Комисијата доставија до Владата предлог–измени во мерките за ограничување на движењето и воведување нови мерки за лична заштита на населението“, истакна на онлајн прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа комбинација на мерки, посочи, ќе дозволи луѓето порастеретено да се движат, но истовремено зголемувајќи ја потребата за лична заштитна опрема на секој граѓанин додека се движи.

„Согласно тоа, предлогот е да се направат следните измени: полицискиот час секој работен ден да започнува во 19 часот наместо во 16 часот како што беше досега. Со ова ќе се добијат дополнителни часови граѓаните да ги завршат обврските и да набават намирници. За повозрасните граѓани, наместо од 10 до 12 часот, да се продолжи времето на движење од 8 часот до 12 часот, и продолжување на периодот во кој се движат младите до 18 години и тоа ќе биде од 13 до 16 часот. Предлог е полицискиот час за време на викендот да остане, но со скратено време и сега да почне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник во 5 часот. Останува забраната за групирање на граѓаните и сите други мерки кои се во сила во однос на физичката дистанца, користењето на јавните површини и парковите“, рече Филипче.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрирал 24 излекувани пациенти, кои се лекувале во домашни услови.

Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.

Од министерство истакнаа дека во изминатите 24 часа се потврдени 7 нови случаи на КОВИД-19, а по градови: Куманово- 2, Тетово- 3 и Кочани- 2.

*

Екипите на општинскиот штаб за заштита и спасување и денеска доставуваат пакети за социјално загрозените семејства. Граѓаните можат да се јават на телефоните 075-323-569, 075-207-126, 077-719-494 и да добијат пакети со храна и средства за хигиена и дезинфекција.

*

Изминатото деноноќие во државава 117 лица не ја почитувале забраната за движење. Од нив, 89 се приведени, а за останатите ќе следуваат соодветни казни, соопшти МВР.

*

Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека „200 излечени наши граѓани од КОВИД-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот“.

*

Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од денеска продолжуваат да сообраќаат во две смени,  од 5 до 9 часот и од 13 до 16 часот.

ФЛЕШ ВЕСТИ 

За три денари се зголемува цената на акцизата за нафтените деривати во Република Северна Македонија. Оваа уредба со законска сила за примена на законот за акцизите за време на вонредна состојба денеска ја донесе Владата како мерка за справување со кризата предизвикана од корона вирусот КОВИД-19.

*

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 3,5 денари по литар, а цената на дизелот се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

*

Зголемувањето на акцизата на нафтата за три денари е антикризна мерка, донесена по предлог на Министерството за финансии, во претходни консултации со експерти и со сите засегнати страни, рече денеска владиниот портпарол, Муамет Хоџа.

*

Вкупно 73 граѓански организации, мрежи и платформи бараат Владата да ја преиспита и промени одлуката со која финансиската поддршка за невладиниот сектор се намалува за околу 525.000 евра.

*

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во улога на Национален координатор за распределба на странска помош во земјава оствари видео-конференција со билатералните донатори.

*

Претседателот Стево Пендаровски во денешниот телефонски разговор со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Белград – Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, констатирал дека со назначувањето на специјалниот претставник, Европската Унија испраќа позитивен сигнал дека регионот е меѓу приоритетите на Унијата. 

СЛОБОДНА ЗОНА

„После првата најава – макар и со „половина уста“ – дека вирусната епидемија е (навистина?) ставена под контрола и дека на почетокот од мај може да се очекува попуштање на општонародниот карантин, очекувајте дека во Македонија се враќаме на омилената општествено-политичка тема: избори!“, пишува Сашо Орданоски во Преживеавме? Ајде назад на избори!

А. Петровска 

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ