• Latest

21 јуни низ вековите

June 21, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

21 јуни низ вековите

June 21, 2018 06:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1377.- Умрел англискиот крал Едвард Трети, кој во текот на владеењето од 1327 година ја освоил Шкотска и ја предизвикал Стогодишната војна со Франција, а во 1340 година се прогласил за крал на земјата.

1527.- Умрел италијанскиот политичар, дипломат, писател и историчар Николо Макијавели. Негови најпознати дела се: политичката расправа „Владетелот“ „Историјата на Фиренца“, „За воената вештина“ и комедијата „Мандрагола“.

1813.- Шпанскиот крал Жозеф, брат на францускиот цар Наполеон Први, го напуштил Мадрид и во битката кај Виторија неговата војска ја поразиле силите на британскиот војсководец Артур Велсли, идниот војвода од Велингтон, со што завршило француското владеење со Шпанија.

1818.- Францускиот научник Рене Лаенек во Париз, пред околу 30 лекари го прикажал својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести – стетоскопот.

1874.- Умрел Јонас Ангстрем, шведски физичар и астроном. Го истражувал Сончевиот спектар и ја вовел единицата за бранова должина на светлината – ангстрем (А). Роден бил во 1814 година.

1905.- Во Париз е роден Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател. Тој бил основоположник на француската егзистенцијалистичка школа и импресивна фигура во современата литература на својата земја. Најпознати негови дела се романите „Тегобност“, „Патишта на слободата“, драмите „Валкани раце“, „Зад затворени врати“, филозофските дела „Битие и ништожност“ и „Критика на дијалектичкиот ум“. Во 1964 година ја добил Нобеловата награда за литература. Умрел во Париз, на 15 април 1980 година.

1908.- Умрел рускиот композитор и диригент Николај Андреевич Римски – Корсаков, член на композиторската група „Големите петмина“. Дела: оперите „Садко“, „Златниот петел“, „Царска невеста“, симфониската композиција „Шехерезада“.

1933.- Родена е француската писателка Франсоаз Куаре, позната како Франсоаз Саган. Дела: романите – „Добар ден таго“, „За еден месец, за една година“, „Го сакате ли Брамс“, „Изгубен профил“, драмите „Дворците во Шведска“, „Чувар на срцето“, „Клавир во трева“.

1935.- Во Париз (од 21 до 25 јуни) бил одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој било решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата.

1954.- Во с. Слатино, Охридско, е роден Бранко Цветкоски – поет, литературен критичар, публицист, преведувач и издавач. Работел како новинар, уредник и менаџер во културни институции, еден е од основачите на Балканската книжевна фондација „Балканика“ и основач на ИК „Макавеј“. Член е на ДПМ, на Македонскиот ПЕН центар, почесен член на Сојузот на бугарските писатели и член-координатор за Македонија на Славјанската литературна и уметничка академија од Варна. Автор е на триесетина книги поезија, критика и есеистика и на четириесетина преведени и препеани книги од странски автори, главно од словенските јазици. Неговата поезија е објавена во одделни книги на 20 странски јазици. Носител е на бројни врвни македонски и меѓународни државни и книжевни награди, меѓу кои: „Св. Климент Охридски“, „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Димитар Митрев“, „Христо Ботев“,„Европски орден на ООН за култура“, „Владимир Мајаковски“, „Сергеј Есенин“ и „Летечко перо“ на Фетивалот на словенски земји во Варна. Негови најважни книжевни дела се: „Свијок“, „Пресна пепел“, „Високи ветрови“, „Молитвен веј“, „Името, родот, имотот“, „Земја за зобање“, „Имиња и теми“, „Вечноста и мигот“, „Стреа на ветровите“, „Оган во обрачи“.  Во 2014 година, по повод 60-годишнината, излегоа неговите Избрани дела во 6 томови.

1963.- Франција ги повлекла поморските сили од НАТО.

1990.- Во Унгарија повторно била отворена берзата, по 42 години откако била затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеле власта по Втората светска војна.

1969.- Умрела американската тенисерка Морин Коноли, наречена Малата Мо, која во 1953 година станала првата тенисерка во историјата на „белиот спорт“, која ги освоила сите четири Грен слем турнири.

1994.- Република Македонија и Република Киргистан воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади.

1994.- САД и понудиле на Северна Кореја разговори на високо ниво условувајќи го Пјонгјанг да потврди дека се откажува од развој на нуклеарната програма.

1996.- Република Македонија и Туркменистан воспоставиле дипломатски односи на амбасадорско ниво.

2005.- Умрел филипинскиот надбискуп Џеми Син, познат како предводник на масовните народни движења со кои се тргнати од власт двајцата некогашни филипински претседатели – Фердинанд Маркос во 1986 и Џозеф Естрад во 2001 година.

2008.- Ферибот, со повеќе од 700 патници и членови на екипажот потонал во водите на Филипини. Фериботот „Принцеза ѕвезда“ на кој се наоѓале 620 патници и 121 член на екипажот пловел од Манила кон провинцијата Цебу кога дошло до потонувањето. Причината за трагедијата најверојатно бил тајфунот „Фензен“. (МИА)

Tags: 21 јунивремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ