• Latest

21 мај низ вековите

May 21, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

21 мај низ вековите

May 21, 2018 07:19
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Светски ден на културната различност.

1471.- Роден е германскиот сликар и бакрорезец Албрехт Дирер, еден од најголемите ренесансни мајстори. Дела: „Четири апостоли“, „Света Тројца“, „Портрет Холцшуер“.

1471.- Во лондонскиот затвор „Тауер“ бил убиен англискиот крал Хенри Шести, последниот монарх од династијата Ланкастер, симнат од престолот во династичките борби („Војна меѓу две ружи“), а престолот повторно го зазел Едвард Четврти.

1639.- Умрел италијанскиот филозоф, доминиканецот Томазо Кампанела, кој 27 години поминал во темница. Во делото „Држава на сонцето“, напишана по урнекот на Платон и Томас Мор, го изложил сфаќањето за идеалното општество како еден вид остварување на Платоновиот идеал.

1688.- Роден е англискиот писател Александер Поуп, претставник на класицизмот во англиската поезија, кој на англиски јазик ги превел грчките епови „Илијада“ и „Одисеја“. Дела: „Есеј за човекот“, „За критиката“, „За глупоста“.

1858.- УмреЛ Шарл Луј Авас, француски писател, новинар, основач на новинската агенција „Авас“. Роден е во Роан. Тој е еден од основачите на агенциското новинарство. Агенцијата „Авас“ е најстарата новинска агенција во светот, основана во 1835 година. Како новинска агенција „Авас“ постоела до 1945 година, а од неа израснал денешниот француски „Франс прес“.

1860.- Роден е холандскиот лекар Вилхлем Ејнтховен, основач на електрокардиографијата, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1924 година.

1895.- Умрел австрискиот композитор и диригент Франц фон Супе, автор на повеќе популарни оперети. Дела: „Лесна коњаница“, „Бокачо“, „Убавата Галатеја“.

1904.- Во Париз била основана Светската фудбалска федерација – ФИФА.

1921.- Во Москва е роден Андреј Дмитриевич Сахаров, руски физичар и математичар, академик и заштитник на човековите права. Во 1975 година ја добил Нобеловата награда за мир за смелоста и личната одговорност во поткрепа на основните принципи за мир меѓу луѓето и за пожртвуваната борба против употребата на сила и на сите форми на нарушување на човековото достоинство. Умрел во Москва, на 12 декември 1989 година.

1927.- Американскиот пилот Чарлс Линдберг слетал во Париз прелетувајќи 5.850 километри од Лонг Ајленд во Њујорк за 33 часа и 29 минути, со што станал првиот човек кој со авион го прелетал Атлантикот.

1935.- Умрел холандскиот ботаничар Хуго де Фрис, основач на експерименталната генетика. Дело: „Теорија за мутацијата“.

1935.- Умрела американската пацифистка и општествен реформатор Џејн Адамс, добитничка на Нобеловата награда за мир во 1931 година. Се бавела со практично решавање на социјалните проблеми и била претседател на Меѓународната женска лига за мир и слобода.

1952.- Умрел американскиот филмски актер Џулијус Гарфинкл, познат како Џон Гарфилд. Филмови: „Четири жени“, „Хуарез“, „Ме направија злосторник“, „Морски волк“, „Тие живеат опасно“, „Поштарот секогаш ѕвони двапати“, „Хумореска“, „Тело и душа“, „Сила на злото“, „Џентлменски договор“, „Големиот нож“, „Да се има и да се нема“.

1956.- Американците ја исфрлиле првата хидрогенска бомба во Пацификот.

1989.- Кинеските студенти кои го окупирале централниот пекиншки плоштад Тјенанмен, го отфрлиле барањето на владата да го напуштат плоштадот.

1991.- Поранешниот индиски премиер Раџив Ганди бил убиен со бомба сокриена во букет цвеќе, за време на предизборен митинг во јужната индиска држава Тамил Наду, во близина на градот Мадрас.

1998.- Индонезискиот претседател Сухарто по 32-годишното владеење поднесол оставка откако попуштил пред силниот притисок на масовните студентски демонстрации. Овластувањето за шеф на државата му го предал на потпретседателот на Индонезија Јусуф Хабиби.

1998.- Починал Манол Пандевски – македонски историчар и академик. Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил директор на Институтот за национална историја, главен редактор на проектот за повеќетомната Историја на Македонија. Дописен член на МАНУ од 1976, а редовен од 1981 година. Добитник бил на многу високи награди, меѓу кои наградата „11 Октомври“ за животно дело. Автор е на голем број статии и трудови. Во 1987 година му е објавен повеќетомен избор од научната дејност под наслов „Македонското ослободително дело во XIX и XX век“.

2002.- Починал Слободан Мицковиќ – македонски есеист, критичар, романсиер и преведувач. Мицковиќ бил роден во Битола на 18 јуни 1935 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и раководител на Институтот за македонска литература. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член на ДПМ бил од 1965 година. Автор е на книгите: „Размислувања“, „Толкувања“, „Време на песната“, „Поетските идеи на Конески“, „Збор и разбор“, „Александар и смртта“ (роман), „Да се убие Апостол“ (роман), „Канал“ (роман) и други. Добитник на наградите: „Димитар Митрев“, „Рациново признание“, Прва награда на издавачката куќа „Зумпрес“, Роман на годината на „Утрински весник“.

2003.- Во земјотрес кој го зафатил северен Алжир загинале најмалку 2.273 лица.

2006.- Одржан бил референдум за државниот статус на Црна Гора. На референдумот, со тесно мнозинство, било решено Црна Гора да се одвои од рамките на Државната заедница Србија и Црна Гора. (МИА)

Tags: 21 мајвремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ