• Latest

(23:00) 7 април, вонредна состојба, ден 20: Шест смртни случаи, нови уредби, апликација „Стоп корона“, поддршка од Столтенберг…

April 7, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) 7 април, вонредна состојба, ден 20: Шест смртни случаи, нови уредби, апликација „Стоп корона“, поддршка од Столтенберг…

April 7, 2020 22:33
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

УШТЕ ЕДЕН СМРТЕН СЛУЧАЈ Пациент (45) од Скопје, позитивен на КОВИД-19, вечерва починал на пат кон болницата „8-ми Септември“, соопшти владината прес-служба. Според Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), пациентот бил тестиран на Ветеринарен факултет.

ДНЕВНИ СТАТИСТИКИ Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата попладнево информираше за пет починати пациенти – четворица на Клиниката за инфективни болести (од нив еден од Куманово, од Лабуништа, од Челопек, од Штип) и уште еден пациент починал во Куманово.

НАТО Потреба од здружување на силите и нагласена солидарност меѓу сојузниците со цел успешно справување со кризата која има не само здравствена, туку и социјална и економска димензија, констатирале претседателот Стево Пендаровски и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во денешниот телефонски разговор.

КРИВИЧНИ Јавното обвинителство досега поднело кривични пријави против повеќе од 500 лица за непочитување на мерките за спречување или сузбивање на болеста КОВИД-19. Само во Скопје се пријавени 178 лица кои не ги почитувале пропишаните мерки. Пријави се поднесени и за граѓани на Дебар, Прилеп, Битола, Куманово, Струмица, Гостивар, Тетово, Гевгелија, Кавадарци, Делчево, Радовиш, Берово, Свети Николе, Штип, Охрид, Кичево, Струга и Кочани.

ТУРСКА ДОНАЦИЈА Владата на својата 37-мата седница го утврди текстот на договорот меѓу Република Северна Македонија и Република Турција за донација на медицинска опрема и средства, наменета за здравствениот сектор, која се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери и 1000 дијагностички тестови.

ОГРАНИЧУВАЊЕ Владата донесе Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.

АПЛИКАЦИЈА СТОП КОРОНА Владата  ја разгледа и усвои информацијата за StopKorona! – мобилна апликација за справување со КОВИД-19, и го овласти Министерот за здравство Венко Филипче да го потпише Договорот за донација помеѓу Друштво за информатичка технологија Некстсенс ДОО, како Давател на донацијата и Министерството за здравство на Република Северна Македонија како примател на донацијата, соопшти владината прес-служба.

НАЈЗАГРОЗЕНИ Повозрасните се најзагрозени од последиците на корона вирусот. Официјалните податоци покажуваат дека лицата над 60 години најтешко ја надминуваат заразата, која, пак, за оние што имаат и други болести, најчесто е фатална.

Затоа, владиниот кризен штаб донесе неколку уредби со кои се ограничува движењето на лицата над 67 години како и на оние под 18 години за да не се среќаваат категоријата која најмногу може да ја пренесе болеста и несвесно, со оние кои спаѓаат во најзагрозената категорија. Но, токму повозрасните, деновиве се оние кои најмногу ризикуваат.

Д. Муратов

 


7 април, вонредна состојба, ден 20: Дозволи за движење во полициски час, нови случаи на КОВИД-19, онлајн настава и државна матура…

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ