• Latest

(23:00) 8 април, вонредна состојба, ден 21: Нови оздравени од КОВИД-19, нови мерки против пандемијата, дозволи за движење, кредити…

April 8, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) 8 април, вонредна состојба, ден 21: Нови оздравени од КОВИД-19, нови мерки против пандемијата, дозволи за движење, кредити…

April 8, 2020 23:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ДНЕВНИ СТАТИСТИКИ Министерството за здравство информира дека денеска попладне се регистрирани уште две лица од Штип оздравени од Ковид-19, кои со лесна слика на болеста беа на домашно лекување, а под постојан надзор на лекарскиот тим од болницата во Штип.

СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА Министерството за труд и социјална политика ги информира домаќинствата кои останале без приходи или биле дел од неформалната економија за правото на гарантирана минимална помош (ГМП). Со цел олеснување на последиците од здравствено-економската криза, со Уредба со законска сила за примена на Законот за социјалната заштита за време на вонредна состојба, овозможен е брз пристап во системот на социјална заштита.

КРЕДИТИ Владата на денешната 38-ма седница ја задолжи Развојната банка да склучи договори за кредит со кредитобарателите кои ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити. Според информацијата на Развојната банка, од обработените барања условите ги исполниле 136 компании со 1.737 вработени, и на нив им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра.

ЈАВЕН ПРЕВОЗ Јавното сообраќајно претпрјатие (ЈСП) Скопје информира дека од утре, четврток (9.04.2020 год), па секој работен ден, јавниот превоз ќе функционира од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот, односно од 9 до 13 часот автобуси нема да сообраќаат.

ДОЗВОЛИ ЗА ДВИЖЕЊЕ Министерството за информатичко општество и администрација од денеска пушти во употреба нова електронска услуга за секој граѓанин да се пријави за потребна дозвола за движење во време на забрана,  преку порталот uslugi.gov. mk, наместо како досега со праќање мејл до МИОА.

Граѓаните кои имаат потреба од итна медициска помош за време на полициски час, можат без никаква дозвола да појдат до здравствена установа. Доколку бидат запрени од полиција потребно е да кажат каде одат, а доколку пак тоа го злоупотребат ќе следат санкции.

Ова денеска го соопшти дополнителната заменичка на министерот за внтарешни работи Славјанка Петровска одговарајќи на прашање на инфорнативанат видеосесија на Владата.

ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ Повеќе од тројца патници, вклучително и возачот не смеат да се возат во ист автомобил, гласи едно од ограничувањата за време на вонредната состојба во државава, соопшти Славјанка Петровска, дополнителен заменик на министерот за внатрешни работи.

ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ Во соработка со Град Скопје ќе се организира превоз со возила на ЈСП и со други возила за лицата што имаат дозволи и одат на работа во време на забрана за движење, пред сè, за вработените во здравствени установи и Клиничкиот центар, кои не можат сами да се организираат додека трае полицискиот час, соопшти министерот Дамјан Манчевски.

ПОРАКИ Министерот за здравство Венко Филипче со порака на Фејсбук им посака брзо закрепнување на сите пациенти и истакна дека очекува сè почесто да слушаме позитивни вести, откако  вечерва беше објавено дека од коронавирусот се оздравени двајца пациенти од Штип.

РАБОТНИ ОДНОСИ Одјавите во Агенцијата за вработување не значат престаноци на работниот однос кај лицата. Во споредба со минатата година нема драстични промени во пријавите и одјавите што ги прават работодавачите. Ова вечерва во емисијата Топ тема на ТВ Телма го истакна директорката на АВРСМ Билјана Јовановска прашана за гужвите пред  Агенцијата и дали тоа се должи на отуштања на работници.

А. Петровска

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ