НЕЗАДОВОЛНОТО СУДСТВО Здружението на Јавните обвинители на РСМ по повод уредбата за минимална плата од 14 500 денари реагираше со писмо до министерката за правда Рената Дескоска.
ДОБРА ВЕСТ Премиерот Оливер Спасовски и Министерот за здравство, Венко Филипче, ја информираа јавноста дека резултатите од тестот што го добиле вечерва се негативни, и покажуваат дека не се носители на корона вирусот. Согласно препораките на епидемиолозите, напишаа тие, и понатаму ќе останат во изолација, во домашни услови.
БАРАЊЕ Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, на својот Фејсбук профил објави дека направил тестови за коронавирусот кои испаднале негативни, па бара под итно да се укинат решенијата за самоизолација.
РЕСПИРАТОРИ Министерот за здравство Венко Филипче најави дека утре пристигнуваат респираторите кои се донација од Европската Унија за земјава, посочувајќи дека респираторите кои се нарачка од Министерството за здравство ќе пристигнат во периодот што следи.
ДАНОЦИ Управата за јавни приходи соопшти дека рокот за поднесување ДДВ-04 е продолжен за пет дена, односно дека крајниот рок е 30 април.
РАМАЗАН Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи во своето обраќање по повод светиот месец Рамазан, им порача на верниците да ги почитуваат препораките на Владата донесени за епидемијата од корона вирусот, а џамиите сепак ќе бидат отворени.
Д. Тахири