УСТАВЕН Уставниот суд на денешната седница донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на уредбите за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на вработените во јавниот сектор за време на вонредната состојба, за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба и за СЈО.
ВЛАДА Владата смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на 2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја.
КРИВИЧНА Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, освен прекршочно, по пропустите кои ги најде Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ќе се гони и кривично според член 206 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи потврди дека е поднесена кривична пријава по член 206. Според овој член на Димитриевски му се заканува парична казна или затвор од една година.
РЕАЛОКАЦИЈА Владата на денешната 47. седница ја усвои Информацијата за реалоцирање на средства од Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска банка, во износ од 50 милиони евра, во насока на кофинансирање на владината мерка за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза за исплата на платите на работниците за месеците април и мај 2020 година.
(НЕ)СОЛИДАРНОСТ Над 5000 стигна бројот на лицата кои доброволно го донираа ДДВ повратот кој им следува за првите три месеци од годината. За разлика од нив, дел од фукнционерите и судиите кои за време на кризата требаше да земаат минимална плата поднесоа иницијатива за оваа владина одлука до Уставниот суд. Судот, пак, денеска одлуката ја прогласи за неуставна со што нема да се намалат платите на функционерите, пратениците и судиите.