• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 42: „Коронавирус МК Koronavirus“, мерки, одлуки, истрага…

April 29, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 42: „Коронавирус МК Koronavirus“, мерки, одлуки, истрага…

April 29, 2020 23:06
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ИНФОРМАЦИИ Министерот за здравство преку својот ФБ профил ги повика сите граѓани да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“ Вибер заедницата. Линк за вклучување: https://vb.me/mk_gov.

*

ОДЛУКА Уставниот суд едногласно ја донел одлуката за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба и за Уредбата со која таа се дополнува, соопшти Судот откако Владата реагираше на неговата одлука.

*

ИЗМЕНИ Советот на Народната банка на редовна седница донесе регулаторни измени со коишто се овозможува банките и штедилниците со промена на договорните услови да го олеснат финансискиот товар и на кредитокорисниците на кои кредитот им е одобрен во периодот од 1 до 24 март оваа година.

*

ЖИВОТНА СРЕДИНА Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека e донесена Одлука за избор на програми, проекти и активности кои ќе се финансираат од Програмата за инвестирање во животната средина за 2020 година, а резултатите се објавени во „Службен весник на РСМ“ број 108 од 24 април 2020 година.

*

МЕРКИ „Владата предводена од СДСМ се грижи за сите и преку пакет различни мерки за различните категории граѓани, преку иницирање солидарно однесување во општеството, ќе направиме сè ударот од кризата да биде најмал“, напиша денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

*

ИЗЈАВА Транспортот на стоки и услуги во ниеден момент, освен случајот до пред извесен период со Република Турција, нема никакви проблеми. Тоа беше добро координирано и со МНР и со МВР за проблемите на границите низ Европа, истакна вечерва министерот за транспорт Горан Сугаревски во интервју на 24 Вести.

*

СЕДНИЦА Банкарскиот систем е подготвен да се справи со шокот од корона-кризата, стои во Извештај за ризиците во банкарскиот систем во 2019 година усвоен на редовната седница на Народната банка. Како што соопшти денеска централната банка, податоците и констатациите во Извештај потврдуваат дека системот е здрав и стабилен и поставен на цврсти основи, како и дека е подготвен да се справи со различни шокови, вклучително и со неповолните ефекти од тековната здравствена криза.

*

ИСТРАГА Од обвинителот на Основното јавно обвинителство се добиени нови насоки за оперативни дејствија за расветлување на случајот со починатите мајка и син и припадниците на МВР постапуваат по нив, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски на денешната прес-конференција. Тој потсети за настанот кога на 6 април во 10:30 часот во нивниот стан на улицата „Ѓорѓи Војтех“, поранешна „4 Јули“ во Велес мртви беа пронајдени мајка и син, а посмртно се утврди дека мајката починала од КОВИД-19.

А. Петровска

 

Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ