• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 56: Полицискиот час ист за сите граѓани, заседание на Воен комитет на НАТО, објавена пресудата за „Иловица“…

May 14, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(23:00) Вонредна состојба, ден 56: Полицискиот час ист за сите граѓани, заседание на Воен комитет на НАТО, објавена пресудата за „Иловица“…

May 14, 2020 23:06
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

РЕШЕНИЕ Уставниот суд на денешната седница ги укина посебните ограничувања за движењето за пензионерите и малолетниците. Судот донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Одлуката за посебен режим за движење на помладите од 18 и на повозрасните од 67 години. Со тоа, овие лица ќе можат да се движат како и останатите граѓани, од 5 до 19 часот.

*

НАТО Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска првпат како полноправен член, учествуваше на 183-тото редовно заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, највисокото воено советодавно тело на Алијансата.

*

ЕКОНОМСКИ МЕРКИ Целта на новиот економски пакет на Владата е стимулирање на јавната и приватната потрошувачка, објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.

„Со новиот економски пакет ги стимулираме и јавната и приватната потрошувачка. Ќе стартуваат проекти кои беа планирани за 2021 или 2022 година. Се работи за водоводи, патишта, канализации, гасификацијата, железници, училишта и градинки. На тој начин ќе го активираме градежништвото, а тоа придвижува и 72 други гранки со него“, наведува Заев во објавата.

*

ИЗБОРИ „Одговорно е да имаме избори во првиот возможен рок, во моментот кога здравствените власти тоа ќе го препорачаат. Декември е крајниот термин кога според уставните рокови ќе мора да одржиме избори. ВМРО-ДПМНЕ се контрадикторни, бидејќи ако немаме функционално Собрание ќе влеземе во опасно сценарио, кога ќе мора вештачки да воведуваме вонредна состојба само за да го одржиме системот функционален. Тоа е неодговорно“, порача потпретседателот на СДСМ и министер за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски,на денешната дебата на „Само вистина“.

*

„Ставот на СДСМ е избори во првиот можен рок, веднаш по завршување на вонредната состојба, кога тоа ќе го препорачаат здравствените експерти“, истакна портпаролот на СДСМ Коста Костадинов, во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

*

ПРЕСУДА Управниот суд денеска на својата веб страна ја објави пресудата за рудникот „Иловица“.

„Поради покажаниот голем интерес на медиумите, а со цел објективно информирање на јавноста  во врска со поднесената тужба од тужителот Друштво за производство, промет и услуги „Еуромакс Рисоурсес“ ДОО Скопје изјавена против решението на Државната комисија УП.број 0810 – 102 од 5 9 2019 година, Управниот суд ја извесува јавноста дека од страна на судот е донесена пресуда У-6 број 575/2019 од 31.03. 2020 година“, се наведува во соопштението од Судот.

*

ОДЛУКА Косовската Агенција за храна и ветеринарство денеска соопшти дека вчера донела одлука за привремена забрана за увоз на јајца и живина од земјава, поради сомнеж за појава на болеста Њукасл, односно птичја чума.

Print Friendly, PDF & Email
Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ