Продолжена вонредната состојба – По состанокот со Советот за безбедност, свикан по предлог на Владата и Комисијата за заразни болести, во однос на продолжување на вонредната состојба, претседателот Пендаровски прогласи вонредна состојба низ целата земја за уште 14 дена.
На седницата присутни беа техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџоски.
„По широките консултации со експерти од повеќе области, а во основа пред сè на кажаното на седницата, одлучив да прогласам нова вонредна состојба во траење од само 14 дена, наместо бараните 30. Со оглед на позитивните трендови на смирување на состојбата со пандемијата сметам дека се доволни“, рече Пендаровски.
*
Билатерала -Министерот за здравство Венко Филипче денеска во Атина оствари средба со неговиот грчки колега Василис Кикилиас на која разменија искуства за пристапот во лекување и превенција од ширење на коронавирусот, како и предизвиците со кои се соочуваат двете земји за време на пандемијата, информираат од Министерството за здравство.
*
Кривични за кражби – Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе поднесе кривични пријави против десет лица вработени во Поштата во Чаир, кои ги товари за кражба и за фалсификување, односно за проневера во службата и фалсификување службена исправа. Деветтемина пријавени и нивниот шеф се сомничат дека присвоиле пари од трансакциски сметки на граѓани.
*
Закон за дискриминација – –„Кабает во кабинетот на претседателот и кај мене нема никаков, а кабает има во собраниските служби и она што го нарекуваме Парламент на државата. Каде и како, ќе си прашате таму, изјави Пендаровски.
Како докази за тоа, Пендаровски посочи дека Законот не е потпишан од Иванов и се смета дека има вето и се враќа назад во Собранието, каде тие мислат дека закон гласан со обично мнозинство може да биде изгласан со истото мнозинство, меѓутоа Уставот е апсолутно јасен и за оваа категорија на закони ако е вратен од претседателот, мора да имаш 61 глас.
Од Министерството за труд и социјална политика посочуваат дека процесот на подготовка на Законот за спречување и заштита од дискриминација бил транспарентен и во него биле вклучени сите засегнати страни, како домашни невладини организации, меѓународни организации и институции, како и дека за него се добиени позитивни мислења од Венецијанска комисија, од Обединетите нации, од ЕУ и од ОБСЕ/ОДИХР.
Од СДСМ изразуваат изразува сериозна загриженост за укинувањето на Законот заспречување и заштита од дискриминација, кој е неопходен за заштитата на човековите права во Северна Македонија.
-Законот беше подготвен во соработка со невладиниот сектор и беше ветер во грб за забрзување на евроинтеграцискиот процес на нашата држава. Со него, се овозможи професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, со проширени надлежности во делот на превенцијата, ослободена од политички и партиски влијанија, а за прв пат како основи за дискриминација се воведoа родовиот идентитет и сексуалната ориентација, велат од СДСМ.
Демант – Градоначалникот на Прилеп, Илија Јовановски ги демантира обвинувањата од ОК – ВМРО -ДПМНЕ дека со делење на хуманитарна помош придонесуваат заширење на пандемијата и бројот на заболени во Прилепската населба Тризла.
„Сакам како градоначалник, како лекар, но пред се како човек, да кажам дека сум згрозен од вчерашната намера на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која злоупотребувајќи ја состојбата со корона вирусот се обиде да внесе нови поделби помеѓу граѓанините на нашата општина. Никој нема право да стигматизира и да дискриминира ниту една етничка заедница, дека токму тие се најпогодени од корона вирусот, во случајот Ромите од населбата Тризла -2.
*
Избори – ДИК не е надлежен да кажува кога може да има избори ќе се прилагодат на законската рамка откако ќе донесат одлука политичарите. Кога политичките лидери или политиката ќе решаат да има избори, тие (ДИК) ќе се прилагодат кон тоа што ќе го побара политиката од нив. Тие одат според законите, во оваа ситуација според уредбите со законска сила, изјави Пендаровски.
*
Ребаланс на буџетот – Со одлуката за препраспредлбата која беше спроведена минатиот месец од капителните расходи беа реалоцирани околу 3,5 милијарди денари со цел спроведување на мерките и тоа од капитални расходи кои се однесуваат најмногу на опрема, возила и слични кои не се суштински и директно поврзани со справување со кризата, изјави министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Ангеловска вели дека со ребалансот ги намалиле, односно направиле реалокација на дополнителни 700 милиони денари со што капиталните расходи, кои се задржани на ниво од 19,5 милијарди денари, што е всушност на ниво на максимално реалзирани капитални расходи во изминатите 10 години. Реализацијата на истите во време на оваа криза ќе одигра значајна улога во аморитзирање на ударот врз економијата, заклучи министерката Ангеловска
Пожари – Во тетовското село Вејце во пожар што ги зафатил попладнево изгореле пет објекти, а за две лица интервенирала и брзата помош, бидејќи се задушувале од густиот чад. Едното лице е задржано во тетовската болница за понатамошен третман.
Пожар избувнал околу пладне на регионалната депонија Русино. Силниот ветер го разгорил огнот и зафатени се отпадоци и други лесно запалливи материјали. Од местото веќе се ширел чад, дел од граѓаните реагирале заради миризбата во градот и околните населби.
Од противпожарната единица во Гостивар информираа дека на теренот се излезени пожарникари со две возила кои веднаш по пријавата за појава на оган на отворен простор и се обидувале да го стават под контрола.