Владата на Република Северна Македонија ги демантира дезинформациите дека денес одржала состанок и дека се донесени одлуки за мерките за справување со коронавирусот.
„Денес немаше владина седница и не се донесени никакви владини одлуки. Сите одлуки за мерките за справување со КОВИД-19 се носат исклучиво со владини одлуки. Јавноста веднаш ќе биде информирана кога ќе биде закажана следна седница на Влада, како и за било која следна одлука на Влада“, соопштуваат од Владата.
*
Претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот официјален фејсбук профил напиша дека избори мора да се одржат во најбрз можен рок.
– Избори мора да има и тоа во најбрз можен рок. Потребни се целосно функционални институции за заштита на јавното здравје, поставување и водење на новата развојна македонска економија, пишува Заев.
*
БЕЗ ФИЛТЕР: Политичка победа во име на омразата и насилството е пораз за сите
видео колумна на Џабир Дерала
Поентата е во тоа дека политички поени, па дури и политичка победа, извојувана врз основа на омразата, врз основа на повици за истребување, никогаш не може да биде победа за сите. Тоа ќе биде победа за неколку луѓе, а врз основа на таа победа, ќе треба да живеат во мизерија, сите во општеството, целата земја… Сите ние!
*
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ постојано наоѓаат „оправдувања“ да не одат на избори. Едно од изговорите е дека немаат пари за политичка Фејсбук кампања. Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека неговата партија сака избори со нормална кампања која подразбира и митинзи и теренски активности. Како дел од причините ги наведе и неможноста да се сретнат со земјоделците, но и немањето доволно средства за Фејсбук кампања.
„Ние нема да одиме на Фејсбук избори. Фејсбук кампања не е кампања“, рече Николовски.
Но, затоа Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалиција на Град Скопје имаат пари да спонзорираат видео спот со црна кампања за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Видеото e објавено вчера и досега е споделено околу стотина пати и има околу триесетина коментари, од кои најголемиот дел се навредливи и содржат говор на омразата.
*
Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во врска со снимката на која претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се гледа во теретана за време на полициски час, посочи дека за овој случај истрагата е сè уште отворена.
„Нема да го коментирам делот со отсјајот бидејќи предизвика сериозна критика во јавноста затоа што со тоа се фрли една сенка на професионалното работење. Министерот Чулев се обиде да го одбрани и моментално се вештачат харддисковите од теретаната. Целта на тоа вештачење е да се провери веродостојноста на снимката и дали нешто е бришено од хард-дисковите и затоа истрагата не е завршена“, рече Петровска.
*
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на својот Фејсбук профил соопшти дека денеска стигнале седум од 33-те автобуси за Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – Скопје.
„Стасани дома. Седум од 33… Скопје, една поинаква приказна“, напиша Шилегов на Фејсбук.
*