• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 63: Расте бројот на заболени од КОВИД-19 во Скопје и Тетово, нова судница во затворот „Идризово“, утре одлука за полицискиот час…

May 21, 2020
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 63: Расте бројот на заболени од КОВИД-19 во Скопје и Тетово, нова судница во затворот „Идризово“, утре одлука за полицискиот час…

May 21, 2020 23:26
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

СТАТИСТИКА Од вкупно новозаразените 40 лица со КОВИД19 во изминатото деноноќие, 26 се од Скопје, а 10 од Тетово. Само во последните пет дена, во овие два града се потврдени вкупно 96 случаи, 72 во Скопје и 24 во Тетово.

Од Министерството за здравсто за МИА информираат дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), од 26 новозаболени во Скопје, деветмина се од општина Аеродром, шест од Чаир, четворица од Сарај, по двајца во Центар и во Бутел по еден во Кисела Вода, Гази Баба и Петровец.

*

Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на КОВИД-19.

– Скопје 26, Куманово 1, Прилеп 1, Тетово 10, Велес 1 и Битола 1.

Досега во земјата се направени вкупно 23.316 тестирања на КОВИД -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 209 теста се во рамките на скринингот. Денеска е потврден 1 позитивен случај-вработен во градинка во Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

– Скопје 2, Штип 1, Прилеп 4, Велес 2 и Кочани 2.

*

СОРАБОТКА Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска имал телефонски разговор со Албин Курти, вршител на должноста премиер на Република Косово. Во разговорот, на барање на косовската страна, соопшти кабинетот на шефот на државата, Пендаровски и Курти размениле мислења и информации поврзани со билатералните односи меѓу двете соседни земји, како и за актуелните политички состојби во регионот на Западен Балкан.

*

ПРАВДА Изградена е најголемата судница во државата, во склоп на затворот „Идризово“, со поддршка на Европската Унија во рамки на ИПА акциската програма „Поддршка на Секторот Правда“. Целиот овој дел од затворот се простира на 1.000 м2 и има капацитет за вкупно околу 120 лица.

*

ОДЛУКА Утре Владата ќе одлучи каков полициски час ќе има викендов. Се вршат консултации, досега се почитуваа препораките, ние ги следиме експертските мислења. Ќе мора да одиме кон олабавување на мерките, но тоа значи почитување на другите нерестриктивни мерки. Но, тие мерки не се почитуваат, не се носат маски, не се почитува растојание. Ако сакаме да имаме намалување на мерките, мора да се почитуваат препораките.

Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на вечерашното гостувањето на ТВ 24, потенцирајќи дека олабавувањето на мерките е правопропорционално со почитување на препораките.

*

ИЗБОРИ Парламентарните избори треба да се одржат кон крајот на јуни, поточно на 21 јуни, а нивното пролонгирање за наесен би преставувал преголем ризик за државата, смета министерот  за информатичко општество и потпретседател на СДСМ, Дамјан Манчевски.

А. Петровска 

Share36Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ