ПРАЗНИЧЕН КАРАНТИН Се забранува движењето на сите граѓани од недела, 24 мај, во 11 часот до вторник, 26 мај, до 5 часот, соопшти Владата по вечерашната седница. Во сабота, 23 мај, забраната за движење останува иста, од 19 часот до 5 часот наутро.
СТУДЕНТИ Одобрено е физичко присуство на студентите на предавањата и другите наставно-научни активности, секаде каде што постои можност за целосна примена на протоколот,
ПОВРАТНИЦИ Според владините измени во Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Северна Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои, доколку лицата кои влегуваат во државата приложат ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19 направен во последните 72 часа, наместо во задолжителен државен карантин, се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.
ГРАДИНКИ И ГРАНИЦИ Градинките ќе почнат со работа некаде на почетокот на јуни, а кон средина на јули се очекува отворање на границите, изјави министерот за здравство, д-р Филипче.
ДИПЛОМАТСКИ БРИФИНГ Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, членот на ИО СДСМ, Рената Дескоска, меѓународниот секретар на СДСМ, Бојан Маричиќ и носителот на кандидатската листа во ИЕ1 Никола Димитров, одржаа дипломатски брифинг со амбасадори и претставници на амбасадите на државите членки на ЕУ, Обединетото Кралство, САД, ЕУ и ОБСЕ, на тема справување со пандемијата и организација на предвремени парламентарни избори во најкраток можен рок.
Д. Тахири