РЕСТРИКЦИИ Државата е подготвена за втор пик доколку ни се случи наесен, што би подразбирало затворање на градинките и училиштата, пред сè, но и повторно воведување на рестриктивните мерки, смета министерот за здравство Венко Филипче.
ОТСЈАЈ Исчезна отсјајот на министерот за внатрешни работи Наќи Чулев, со потврдата дека во тек е истрага за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во случајот „Теретана“.
ГРАНИЦИ Еден од предлозите е од следната недела да се отвори патувањето за членови на фамилија или од службен, економски интерес, во рамките на соседните земји, а понатаму во периодот кој следи, по 15 јуни, границите и целосно да се отворат е еден од предлозите што надлежните институции ќе го разгледуваат.
ЕКОНОМИЈА Република Северна Македонија ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра. Рочноста на еврообврзницата е 6 години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3.675%, што е втора најниска камата, веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година.
ПРОТОКОЛИ Владата денеска донесе одлука за отпочнување со работа на кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси), со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на кафетерии и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана, утврдени од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.
ДОНАЦИИ Амбасада на Франција додели заштитна опрема на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје.
Б. Јордановска