• Latest

(23:00) Вонредна состојба, ден 70: Избори на 5 јули прифатливи и за Алијанса и Алтернатива, НАТО авиони над Скопје во чест на сојузништвото…

May 28, 2020

Локалната политика под лупа и големите изборни приказни

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Напад со дрон предизвика пожар во руската нуклеарна централа во Курскиот регион

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Гувернерот на Илиноис: Планот на Трамп да испрати војници во Чикаго е злоупотреба на моќта

August 24, 2025
Беџ од ДИК, пластифициран, без име, Локални избори 2021

Во тек акредитација на набљудувачи на локалните избори на 19 октомври

August 24, 2025
Фото: Скриншот од видео на NTV

Првата дама на Турција апелира до Меланија Трамп да се заложи за децата од Газа

August 24, 2025
Фото: ASTRA/Телеграм

Инциденти со дронови пријавени во Москва и Санкт Петербург, десетици летови откажани

August 24, 2025
Ден на независноста на Украина, претседателот Володимир Зеленски на Плоштадот на независноста, Кијив, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео)

Зеленски на Денот на независноста: Градиме силна и моќна Украина за мир и безбедност

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина низ светот (фото извор: Украински светски конгрес)

Украина и светот го одбележуваат 34-от Ден на независноста

August 24, 2025
Одбележување на Денот на независноста на Украина, Скопје, 24 август 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Скопје ќе го одбележи Денот на независноста на Украина со свечена церемонија и културна програма

August 24, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

(23:00) Вонредна состојба, ден 70: Избори на 5 јули прифатливи и за Алијанса и Алтернатива, НАТО авиони над Скопје во чест на сојузништвото…

May 28, 2020 23:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ИЗБОРИ Датумот 5 јули станува се поизвесен за одржување на парламентсрните избори. Освен ВМРО-ДПМНЕ, сите други поголеми партии изразиле подготвеност да го прифатат овој датум ако Комисијата за заразни болести даде согласност.

Од Алијансата за Албанците повторуваат дека според нив најдобар датум е 26 јули, но на нашето прашање дали би го прифатиле 5 јули, одговорија позитивно доколку се постигне консензус.

Иста подготвеност изразила и партијата Алтернатива, другиот партнер на коалицијата со Алијансата за Албанците. За оваа партија е прифатлив датумот 5 јули, ако се елиминира стравот од пандемијата.

*

ДИЈАЛОГ СДСМ сака брзи избори на кои ќе учествуваат сите политички чинители, и ВМРО-ДПМНЕ, за да ги поразиме на изборите, истакна потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири во гостувањето во ТВ24.

Тој нагласи дека СДСМ нема отстапено од своите позиции, за одржување на избори по укинувањето на вонредната состојба, кога со почитување на уредбата на владата почнуваат да течат 22 дена до одржување на избори.

„Има комуникација меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и се надеваме дека ќе биде постигната согласност за заеднички датум за одржување на избори“, рече Зеќири.

*

ЧЛЕНСТВО ВО НАТО Американски воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават членството на Република Северна Македонија во НАТО, информираат од Министерството за одбрана. Прелетот ќе се реализира околу 11:20 часот.

Два авиона на американското воено воздухопловство придружувани од два воени авиона на Република Грција, ќе извршат прелет над територијата на Република Северна Македонија. Прелетувањето ќе биде во чест на нашето членство во НАТО. Авионите ќе летаат долж реката Вардар, а ќе дојдат од правец на скопскиот аеродром, велат од МО.

*

ДИПЛОМАТИЈА Од Европската Комисија велат дека не може Северна Македонија вечно да функционира  со техничка влада. Брисел би сакал да види напредок во партиските преговори, како попрецизен договор околу некаков временски рок кога би се одржале изборите.

*

МЕРКИ Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека согласно Законот за угостителска дејност нема одредба според која сопствениците, менаџерите и вработените во угостителските објекти имаат надлежност да ги легитимираат гостите. Министерството за економија ќе упати писмо до Комисијата за заразни болести за да се преиспита делот во протоколот за работа на угостителските објекти каде е пропишано колку лица може да се послужат на една маса и дали се од исто семејство или не.

*

РАЗГОВОР Министрите за надворешни работи на Србија и Северна Македонија, Ивица Дачиќ и Никола Димитров, денеска имале телефонски разговор за натамошното олеснување на рестриктивните мерки меѓу двете земји, како резултат на подобрената епидемиолошка состојба, соопштија од српското Министерство за надворешни работи.


 

28 мај, вонредна состојба, ден 70: Чулев ќе ја разгледа поканата од ЦИВИЛ за дуел со Петровска, Уставот наложува избори 22 дена по вонредната состојба…

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ