• Latest

23 април, вонредна состојба, ден 36: За и против свикување итна седница на Собрание, 41 нови случаи на КОВИД-19, Османи и Адеми негативни…

April 23, 2020

Естонија е подготвена да испрати мировници во Украина

August 22, 2025
Фото: МИА Архива

Илјадници Италијанки жртви на сексуално насилство: Група на Фејсбук споделувала интимни фотографии на жени снимени без нивно знаење

August 22, 2025

Гутереш: Ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофа предизвикана од човекот“

August 22, 2025
Обновливи извори на енергија

Албанија пред Норвешка и Данска – европски шампион во обновлива енергија

August 22, 2025
Фото: Претседател на Украина

Руте од Кијив: Работиме на безбедносни гаранции за Украина за да спречиме повторен напад од Русија

August 22, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

23 април, вонредна состојба, ден 36: За и против свикување итна седница на Собрание, 41 нови случаи на КОВИД-19, Османи и Адеми негативни…

April 23, 2020 17:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: СДСМ со иницијатива за враќање на Собранието во функција

Пратениците на СДСМ поддржани со потписите на нивни колеги од НСДП, ЛДП, Алијансата на Албанците, ДПА, Беса, Алтернатива и пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ претпладнево до Собранието поднесоа барање за свикување итна седница за да се потврдат одлуките на претседателот на државата за прогласување вонредна состојба поради пандемијата со КОВИД-19.

Иницијативата е доставена до архивата на Собранието, а известен е и претседателот на Собранието Талат Џафери. Нема информации како ќе постапи Џафери – дали ќе ја достави до другите пратеници и дали и кога ќе свика седница. Нема пропишан рок за која било постапка на претседателот на Собранието во однос на иницијативата.

Против оваа иницијатива се изјасни опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а ДУИ остави простор да ја погледне иницијативата, па да се изјасни, нагласувајќи дека за ваквите одлуки е потребен општ консензус.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Туфегџиќ: Никаде во светот и Европа опозицијата не се противи на свикување седница за контролирање на Владата

„За мене е фрапирачко однесувањето на опозициската партија, бидејќи јас немам слушнато никаде во светот или Европа опозицијата да е против свикување на седница каде што би се контролирала работата на Владата. Уставотворецот предвидува мандатот да продолжува доколку има вонредна состојба. Ние се уште имаме статус на вработени во Собранието и стварно не ми е јасен ставот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ“, изјави пратеничката Ивана Туфегџиќ, по повод спротивставеноста на опозицијата за свикување итна седница на Собранието.

ИНТРЕВЈУ: Гацов: Иако задоцнета, мерката за зголемување на акцизата на нафтата нема да штети на економијата

„Од моја страна критика е дека се задоцнети, требаше малку порано да се донесат. Се разбира, ние одмеруваме мерки толку колку што ни е силата. Далеку од умот е да се споредуваме со земји каде што буџетот не во контекст на она тековно прибирање и исплатување туку создале некое салдо кое што им дава шанси, можност во вакви услови да се однесуваат покомотно, иако зборот комоција е релативно непотребен. Затоа, во вакви услови, за нас е многу важно да не се изложиме премногу дури и кога се обидуваме да ја спасуваме економијата“, изјави даночниот експерт Павле Гацов.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 36

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 29 излекувани пациенти. Од нив 4 пациенти од болничко лекување и 25 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје – 21, Битола -3 и Струмица-1.

Во изминатите 24 часа потврден е 41 нов случај на ковид-19. По градови: Скопје -17, Куманово -11, Прилеп– 5, Тетово – 3, Кавадарци – 1, Гостивар -1, Крива Паланка -1, Кичево -1, Неготино -1. Лицето евидентирано во подрачна единица Неготино е жител на Демир Капија. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 1.300

*

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за образование и наука Арбер Адеми се негативни на КОВИД-19. Тие денеска на своите Фејсбук профили објавија дека е негативен првиот тест што им бил направен. Османи и Адеми заедно со премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во самоизолација откако имаа средба со градоначалникот на Куманово кој е позитивен на КОВИД-19.

*

Денеска во „Службен весник на Република Северна Македонија“ е објавена Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од корона вирусот КОВИД-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, што ја донесе Владата на својата 45-та седница. После 30 април, Уредбата утврдува дека глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од оваа уредба со законска сила. Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила која предвидува носење лична заштитна опрема за сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема.

*

Лекарската комора соопшти дека нејзиниот Извршен одбор и Комисијата за етички и правни прашања вчера на вонредна седница расправале за етичкиот аспект на однесувањето на докторите од инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, кои не овозможиле здравствена заштита на пациентот Мавлуле Ибрахими од село Татеши Струга со симптоми на Ковид-19, која побарала здравствени услуги.

Лекарската комора го осуди однесувањето на докторите од инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Охрид, бидејќи во конкретниот случај тие постапиле несоодветно и несовесно со што го нарушиле угледот и достоинството на лекарската професија, како и моралните принципи, чесност и неопходна преданост кон вршење на медицинскиот повик и дисциплина во извршување на лекарската професија.

*

„Ковид е „вирус-убиец“, кој нема брзо да биде елиминиран, поради што властите мора да бидат крајно внимателни при релаксирање на рестриктивните мерки и постепеното економско заживување“, порача доктор Жихан Тавила, шефица на канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава. Таа потенцира дека процесот на релаксирање на мерките мора да се одвива во рамнотежа меѓу социо-економските бенефити и здравствено-епидемиолошкиот ризик.

*

Делегација на ЕУ во државата извести дека ЕУ ќе помогне со 66 милиони евра за Северна Македонија да се справи со кризата предизвикана од корона вирусот

ФЛЕШ ВЕСТИ

Приказните за Марија Кири, Ана Павлова, Малала Јусафзаи, како и за други познати и непознати херои и хероини и инспиративни личности ќе бидат дел од најновата заедничка иницијатива на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска и 5 Плус Фамилијата, проектот „Раскажуваме заедно“

*

„Зголемувањето на акцизата на горивата за три денари за време на вонредната состојба и седум месеци по завршувањето коешто го одлучи Владата на Република Северна Македонија е времено и условено. Уредбата претставува уште една антикризна мерка и во случај на зголемување на цената на нафтата, акцизата ќе се намали или ќе се врати на претходното ниво“, соопштија денеска од СДСМ.

*

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски на онлајн видео конференција, заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши, одржаа состанок со претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Сума Чакрабарти и неговите соработници, за состојбата со пандемијата на коронавирусот КОВИД-19 и за последиците, кои на глобално ниво и во нашата земја ги предизвикува ова заболување. Оваа година РСМ од ЕБОР ќе биде поддржана со пакет од 250 милиони евра наменет за поддршка на финансискиот сектор, за енергетскиот сектор, за мали и средни претпријатија, но и за големите компании.

*

Како последица од настанатата криза со корона вирусот, веќе може да се каже дека ќе има промени на пазарот на трудот во Германија, но и во Северна Македонија. Со зголемувањето на невработеноста во Германија, емиграцијата од Северна Македонија во Германија истовремено ќе се намали. За компаниите во Северна Македонија, ова значи дека достапноста на работната сила може да се зголеми индиректно, наведува во денешната утринска телеграма директорот на Делегацијата на германското стопанство, Патрик Мартенс.

*

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Пендаровски, во името на граѓаните на Република Северна Македонија и во свое лично име, упати сочувство до претседателот Матарела и граѓаните на Република Италија за големиот број починати лица и изрази солидарност со државата, која е меѓу најтешко погодените од пандемијата на КОВИД-19. Двајцата претседатели разменија информации за состојбите во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од пандемијата.

СЛОБОДНА ЗОНА

Јасно е дека степенот на општата патерналистичка државна интервенција во социјалниот и економскиот живот на земјава ќе биде главната тема на наредните избори. Сите ќе ветуваат голема државна популистичка „цицка“ од чија брадавица ќе треба да протече мед и млеко за да се компензираат загубите и неволјите предизвикани од епидемијата. – повеќе во денешната колумна „Колку е голема „цицката“ на државата?“ на Сашо Орданоски

Петрит Сарачини со „Отворено писмо до медиумските организации“: имам едно јавно прашање до медиумските организации и нивните лидери: Што е со овој долгогодишен молк и нереагирање за хајките кон мене и кон моето семејство?!

Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ