Заев денеска ќе ги достави предлозите за нови министри и заменици-министри
Како што вчера најави Заев по седницата на Централниот одбор, за нов министер за финансии е предложена Нина Ангеловска, за заменик-министер за образование и наука Елизабета Наумовска, а за нов заменик-министер за економија е предложен Кире Колемишевски бидејќи сегашниот заменик-министер Кире Наумов заминува на нова функција односно ќе биде директор на Македонската банка за поддршка и развој. За заменик-министер на новото Министерство за политички систем и односи со заедниците е предложен Неџат Мехмедовиќ.
Ангеловска: Спремна сум да се вложам во прогресивни фискални политики
Нина Ангеловска, една од основачите на „Групер.мк“, која е предложена за нов министер за финансии, синоќа по објавувањето на одлуката, се огласи на својот Фејсбук профил, и истакна дека понудата ја гледа како шанса да биде предводник на промени во земјата во која ја планира својата иднина.
Обвинителката Лиле Стефанова нема намера да ја замени Катица Јанева
„Истагата за „Империја“ застана по донесување на начелното правно мислење и ќе повторам, нема друго решение, освен час поскоро да се донесе законот за Јавно обвинителство. Политичарите мора, во овој момент да си ја преземат одговорноста“, изјави Стефанова.
Инспекторите на УЈП во „посета“ на Боки 13 во затворот Шутка
УЈП побарала налог од Кривичен суд, за да влезе во затворот по што ќе следи постапка за прибирање на документите неопходни за финансиска контрола во неговиот Меѓународен сојуз.
Пентагон и во македонските безбедносни системи нашол докази за руски сајбер напади
Пентагон, односно американското министерство за одбрана, во 2018 година, во три земји – Украина, Црна Гора и Македонија – испратило тимови со експерти на сајбер безбедносната команда (Cyber Command teams), пишува „Вашингтон пост“.
ФЛЕШ ВЕСТИ
Советот на јавни обвинители бара дополнителни информации за случајот „Рекет“.
Заев тврди дека никогаш не разговарал со Боки 13 за Камчев и Јанева
Oдбраната бара прекин на „Титаник“ до разјаснување на ситуацијата со Јанева.
И Германија ја заврши постапката за ратификација на протоколот за пристап на Република Северна Македонија во НАТО.
Институт за демократија: Граѓаните половично се информирани за работата на Собранието.
Анкета на ЦИВИЛ Медиа: Зелена или црна Македонија?
„Имаме зелена иднина, но треба да се репрограмираме и сите заедно да мислиме на добро, односно, по едно дрвце или цвеќе да засадиме ќе биде доволно. Само треба да има иницијатива, без разлика дали ќе биде граѓанска или државна“, нагласи една граѓанка во центарот на Скопје.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Денеска во центарот на Скопје, ЦИВИЛ на инфо-штанд го претстави проектот „Зелена иднина“ кој го спроведува во соработка со Хајнрих Бел од Сараево. На инфо-штадот граѓанките и граѓаните на Скопје се информираа за целите на овој проект, а воедно потпишаа и изјава за поддршка на ЦИВИЛ. Тимот на ЦИВИЛ со нив зборуваше за социјалната правда, зелените вредности и антинационализмот.
МИСЛА
Невозможна мисија
Со тенко мнозинство обезбедено со вртоглави политички акробации, со недавање на мандатот со месеци, со терористички напад и обиди за убиство среде Собранието и со огромни политички компромиси, Заев состави и води влада што е повеќе налик на лавиринтот на Минотаур, отколку на хармоничен апарат на извршната власт во земјата, пишува Џабир Дерала.
Дехран Муратов
Останати автори: Биљана Јордановска, Маја Ивановска, Џабир Дерала и Ариан Мехмети