• Latest

24 ЧАСА: Фон Дер Лајен од Скопје порача дека проширувањето на ЕУ останува врвен пориоритет; и нарко картелите горди на Гордана; подарувањето на Маск од 1 милион долари може да се смета за изборен поткуп

October 24, 2024

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
Фотографија:  Алфонс Маис, Фејсбук профил

Германски генерал, Алфонс Маис: Верувам дека сите наши војници знаат што да очекуваат

August 25, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Петти ден како гори руска рафинерија по украинските напади на енегретскиот сектор

August 25, 2025
Фотографија: МИА

Две собраниски седници пред изборната кампања, Гаши на координаторите на пратеничките групи им доставил Декларација за фер и демократски избори

August 25, 2025

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ (РЕАКЦИИ): Граѓаните бараат предвремени избори и конфискација на незаконски стекнат имот

August 25, 2025

ОЈО побара притвор за родителот што нападна двајца младински фудбалери на Брегалница

August 25, 2025
Фото: Wikimedia Commons

Франција го повика американскиот амбасадор Кушнер на разговор поради обвинувачкото писмо до Макрон за растечки антисемитизам

August 25, 2025
Скриншот од Youtube видео -ЛНОБТ

Украина и Литванија потпиша документ со намера за заедничко производство на одбранбени производи

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Фон Дер Лајен од Скопје порача дека проширувањето на ЕУ останува врвен пориоритет; и нарко картелите горди на Гордана; подарувањето на Маск од 1 милион долари може да се смета за изборен поткуп

October 24, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Фон дер Лајен до Мицкоски: Треба да поминат уставните промени за да се отвори кластерот фундаментални вредности

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро. Речиси сме таму, треба да поминат уставните промени на кои вашата држава се согласи дека ќе ги направи. Со заеднички дијалог се надевам дека сите политички сили ќе се здружат во земјата и ќе направат потребните заеднички чекори за напредок и уверена сум исто како и вас дека можеме да ги надминеме пречките кои постојат, рече претседателката на ЕК, Урсула Фон Дер Лајен, на заедничката прес-конфернција со премиерот Христијан Мицкоски.


– Драг Христијан, бидете сигурен дека проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години. Сега ги имаме сите потребни алатки и инструменти за да го овозможиме тоа, рече таа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Остануваме цврсто посветена како Влада на својот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Нашата визија е јасна, сакаме да бидеме дел од европското семејство, споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

РЕГИОН

Турција ги нападна позициите на ПКК во Ирак и Сирија

По терористичкиот напад во Анкара, Турција со проектили гаѓаше локации поврзани со курдската милитантна група Курдистанска работничка партија (ПКК) во северен Ирак и северна Сирија, соопшти турското Министерство за одбрана.

СВЕТ

САД го предупредија Маск дека подарувањето 1 милион долари за регистрирани гласачи може да биде нелегално, во други земји истото се смета за изборен поткуп

Во писмото испратено до Комитетот за политичка акција на Илон Маск од американското Министерство за правда (ДП) се предупредува дека неговото подарување во стил на лотарија од 1 милион долари дневно за регистриран гласач може да биде нелегално, јавуваат американските медиуми, пренесува Би-би-си.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за празничните помилувања од претседателката Сиљановска Давкова?

 

ГОВОР НА ОМРАЗА

Говор на омраза против новинари и медиуми на социјалните мрежи по изјавата на Мицкоски дека Преспанскиот договор е „ремек-дело“

Жесток говор на омраза и експлицитен речник бележи мониторингот на ЦИВИЛ во голем број објави на социјалните мрежи во кои се релативизира изјавата на премиерот Мицкоски со која позитивно го оценува Преспанскиот договор. Така, во една од тие објави архивирани од мониторингот на ЦИВИЛ, стои „вие Вистиномер кај сте бе #СдсУчк пиШки платенички да реагирате за ФЕЈКОВ, м? Мамето ваше криминално предавничко испоцркавте ДЕНЕС од РЕМЕК СЕМАКЕДОНСКОТО ДЕЛО на Мицкоски“, пишува Марга на Х мрежата.

Истиот профил сподели скриншот од текст објавен на ЦивилМедиа со коментар: „Матер ти е**м РОСПИСКА ПЛАТЕНИЧКА со све Џабир кој ве к***а сите пиперкари на купче“.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Повод за овој текст не се нападите и заканите против мене, туку храбрите луѓе кои излегоа јавно со коментари и пораки во моја одбрана.

Малку е да се каже дека е непријатно да се живее со мета на грбот. Мета кон која стрелаат „црните тројки“ на пропагандата на радикалните националисти (сите), ултрадесничарите, антизападните и проруските оперативни центри на влијание. Нападите се секојдневни. Чиста омраза и навреди, многу често вулгарни. И многу лаги, ноторни лаги“, пишува Џабир Дерала во колумната „Под огнот на омразата: Борбата за слобода, вистина и човекови права продолжува“.

*

Додека не стивнуваат острите реакции во јавноста на скандалозните празнични помилувања од претседателката, кога на листата за помилување што таа ја потпиша (без да знае за кои лица се вработи, според нејзината изјава) се најдоа и членови на нарко кланови и дилери на дрога, меѓу кои најшокантно е помилувањето на припадникот на нарко-клан „Барон“ Аќиф Равманоски, кој како осуденик е осомничен за пукањето во Чаир пред само осум дена со припадник на друга мафијашка група, пишува Драган Мишев во колумната „И нарко картелите горди на Гордана“.

Равманоски само што излегол од затвор по помилувањето од Давкова, повторно е уапсен за пукањето во Чаир пред 10 дена.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ