• Latest

24 ЧАСА: Израел и Хезболах си подадоа рака за мир во Либан; Меркел во мемоарите Заев го опишува како храбар и решителен; европратениците ја одобрија новата Европска комисија

November 27, 2024

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Израел и Хезболах си подадоа рака за мир во Либан; Меркел во мемоарите Заев го опишува како храбар и решителен; европратениците ја одобрија новата Европска комисија

ДНЕВНИК број 1.934

November 27, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Започна примирјето меѓу Израел и либанската група Хезболах

Прекинот на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах започна денеска. Засега нема извештаи за наводно прекршување на примирјето. Израел рече дека ќе нападне доколку Хезболах го прекрши договорот.

Прекинот на огнот бара првична двомесечна пауза во борбите и бара Хезболах да го прекине своето вооружено присуство во јужен Либан и израелските трупи да се вратат на нивната страна од границата. Илјадници дополнителни либански војници и мировници на ОН ќе бидат распоредени на југот на земјата, а меѓународна група предводена од САД ќе го следи почитувањето на договорот.

Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах, истакнувајќи ја потребата од траен мир во Газа и поширок договор за стабилност на Блискиот Исток, само два месеца пред крајот на неговиот мандат.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Зоран Заев, единствениот политичар од Западен Балкан спомнат во мемоарите на Ангела Меркел, опишан како „храбар и решителен“

„Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц: не е спомнат. Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис: исто. На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го спомнува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’“, пишува на социјалната мрежа „Х“ новинарот Михаел Мартенс од германскиот „Франфуртер алгемајне цајтунг“.

РЕГИОН

Фрлени две рачни бомби во дворот на полициската станица во Звечан во северно Косово

„Звечан, 26.11.2024, 23:55 часот. Пријавено е дека непознати лица фрлиле две рачни бомби во дворот на полициската станица, каде освен материјална штета, нема повредени. Случајот е под истрага“, се вели во извештајот на косовската полиција.

СВЕТ

Европратениците ја одобрија новата Европска комисија

Европскиот парламент денеска со 370 гласа „за“, 282 „против“ и 36 „воздржани“ го одобри изборот на новата Европска комисија на Урсула фон дер Лајен.

За да биде одобрена Европската комисија требаше да добие поддршка од мнозинството европратеници кои гласаа или во случајов 345 гласа. По одобрувањето на ЕК, претседателката на ЕП, Роберта Мецола го потпиша Писмото за потврдување на изборот и и го предаде на Фон дер Лајен.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Колку им верувате на медиумите?

ФОРУМ

ЖЕСТОК И СЛАВЕНИЧКИ КОЛЕГИУМ #6: Јавен превоз; омраза; манипулации; Мицкоски; 25 години ЦИВИЛ, новинарска награда за Јонузи, и низа други експлозивни теми и коментари

Крајна осуда за етничката омраза во коментари за Ромите, но и за изјавата на премиерот Мицкоски за Албанците, 25 години ЦИВИЛ, како и престижната новинарска награда за новинарот Дестан Јонузи, се само дел од ексклузивните разговори на уредничката екипа на ЦивилМедиа, Фронтлајн и Нова во шестото издание на КОЛЕГИУМ што го водеше Џабир Дерала.

СЛОБОДНА ЗОНА

„На 26 ноември 2024 година, во Хаг (Кралство Холандија), се одржаа изборите за составот на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје за периодот 2025–2027 година. Како резултат на изборите, Република Северна Македонија и Чешката Република беа избрани за членки на Извршниот совет на оваа Организација. Од Источноевропската група, до моментот на изборите, беа предложени три држави (за две места): Република Северна Македонија, Чешката Република и Руската Федерација“, пишува Амб. ЛАРИСА ДИР ексклузивно за ЦивилМедиа.

*

„На секои десет минути убиена е по една жена. Секој ден, 140 жени и девојчиња ширум светот ги губат своите животи од рацете на својот партнер или од член на своето семејство. Само во 2023 година, 85.000 жени и девојчиња биле намерно убиени. Ова не се статистики без идентитет – тоа се жени и девојчиња кои го живеат својот живот, ќерки, сестри, мајки и пријателки; активни членки на нашите заедници чии напори ги изградија и беа дел од грижата за нашите општества“, пишува Белен Санз Лукe, регионалнa директоркa, UN Women за Европа и Централна Азија, во колумната „На секои 10 минути: Временската рамка на едно прекршено ветување“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ