• Latest

24 ЧАСА: Израел изврши одмазднички напади врз Иран; платите на културните работници од денеска се покачени за 12 отсто; продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

April 19, 2024
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
Фотографија: СДСМ

Нови 11 кандидати за градоначалници на СДСМ

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Вилодимир Зеленски на Х

„Вистинскиот одговор на Москва на мировните напори“ – бројот на убиени цивили во рускиот масовен напад врз Кијив се искачи на 17, вклучувајќи и деца

August 28, 2025
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Израел изврши одмазднички напади врз Иран; платите на културните работници од денеска се покачени за 12 отсто; продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори

April 19, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Експлозии во Иран, медиумите јавуваат за израелски напади

Иранските државни медиуми утрово објавија за експлозии во центарот на Исфахан додека американските медиуми цитираа официјални лица кои тврдат дека Израел извршил одмазднички напади врз својот главен ривал.

Системите за ПВО над неколку ирански градови беа активирани, објавија државните медиуми, откако државната телевизија соопшти дека експлозии се слушнале во близина на централниот град Исфахан.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги повика Иран, Израел и нивните сојузници да се воздржат од натамошни дејствија на Блискиот Исток.

„Апсолутно е неопходно регионот да остане стабилен и сите страни да се воздржат од понатамошни дејствија“, рече Фон дер Лaјен за време на посетата на Лапенранта со финскиот премиер Петер Орпо, на околу 25 километри од руската граница.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12%. Оваа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52%, со потпишувањето на Колективниот договор, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Внатрешната блокада боли повеќе, Правда кога ќе дојдат вистински луѓе, Пред одлука за интеграција или изолација

ИНТЕГРАЦИИ Учесниците на состанокот организиран во Љубљана од Институтот на пријатели на Западен Балкан се залагаат за проширување на ЕУ во земјите од регионот, но и укажаа на предизвиците со кои се соочува.

СВЕТ Грузиската претседателка Саломе Зурабичвили по серија изјави во меѓународниот печат, вчера во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека контроверзниот нацрт-закон за странски агенти е дел од руската „хибридна војна“.

КОНФЛИКТИ Победничката фотографија на World Press Photo 2024 е на Мохамед Салем кој работи за агенцијата Ројтерс.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Двајца загинати, 15 повредени кога руска ракета погоди станбен блок во Днипро

*

Украинските копнени сили објавија видео на кое се гледа падот на рускиот бомбардер Ту-22М3 на територијата на Ставропол, кој беше дел од силите кои лансираа ракети кон Украина во раните утрински часови во петокот, 19 април. Снимката што ја пренесува Укринформ беше поставена на Фејсбук страницата на копнените сили на Украина.

*

Комитетот за правила на Претставничкиот дом доцна во четвртокот вечерта унапреди пакетот закони за странска помош, вклучително и нацрт-законот за помош на Украина, но само благодарение на помошта од демократите кои, во редок чин, го поддржаа процедуралното гласање поради противењето на триото тврдокорни републиканци.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Зоран Бојаровски, новинар, со порака: Со својот глас грѓаните треба да знаат дека учествуваат во создавњето на сопствената иднина!

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во седумдесеттите години на минатиот век во рамките на Белградскиот интернационален театарски фестивал (БИТЕФ), како една од најугледните манифестации на Европската културна сцена, со забележлива љубопитност се дочека првото меѓународно гостување на Театарот „Тагањка“, кој во Советскиот сојуз се третираше како второстепена алтернативна  сцена, вон од репрезентативност на централните театри во Москва и другите градови со белег на репертоарски, претежно класични драмски дела и набљудувана слобода во уметничкиот приод и теоретски трепет над позначајни интервенции во режисерско-драматуршкиот израз“, пишува Борко Зафировски во колумната „Грузиско пиле и Принцот Хамлет, во режија на Љубимови и Возљубени“.

*

Знам јас дека Стоиљковиќ нема пред пензија да ги менува своите ставови, ама прашајте јавно дали неговите позиции ги споделува ВМРО-ДПМНЕ како стожерна партија во коалицијата, на чело со Мицкоски, Силјановска, Николовски и Мисајловски. Сега освен за Резолуцијата за Сребреница во ОН, можете да ги прашате и за членството на Косово во Советот на Европа. И прашајте побрзо, Стоиљковиќ е во кампања, многу брзо ќе наметне нови теми, пишува Џелал Хоџиќ – Џељо.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ