• Latest

24 ЧАСА: На паркинг пред поликлиниката Железара пронајден мртов 67 годишен лекар; Портпаролот на УНИЦЕФ настаните во Газа ги нарече „војна против децата“; Украина би можела да добие неочекувана добивка од 1 милијарда евра од имобилизираните руски средства веќе во јули

March 22, 2024

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025

Меџити: Инспекторите за животна средина се на терен, компанијата поседува важечка дозвола за работа

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Речиси на полноќ, МЗ ќе им подели 2.000 маски N95 на жителите на Трубарево

September 13, 2025
Протест на граѓани во Аеродром заради загадување од Вардариште и Дрисла. Фото: ЦИВИЛ/Д.Мишев

(ФОТО И ВИДЕО) Протест во Аеродром и Ново Лисиче против загадувањето: „Меѓу две депонии умира еден град“

September 13, 2025

ОН со огромно мнозинство ја поддржа декларацијата за решение за две држави со која се осудува Хамас, Северна Македонија се пишмани – од поддршка, до воздржана

September 13, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Шест противпожарни возила, два хеликоптера и еден ер трактор го гасат пожарот во Трубарево, нема повредени

September 13, 2025

„Српски свет“ со македонски печат

September 13, 2025

Република Српска е економски зависна од земјите што ги напаѓа Додик

September 13, 2025

Пекиншкиот гамбит на балканско тло

September 13, 2025

Министрите за финансии на Г7 разгледуваат можни санкции и царини за поддржувачите на руската војна

September 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: На паркинг пред поликлиниката Железара пронајден мртов 67 годишен лекар; Портпаролот на УНИЦЕФ настаните во Газа ги нарече „војна против децата“; Украина би можела да добие неочекувана добивка од 1 милијарда евра од имобилизираните руски средства веќе во јули

March 22, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

На паркингот пред поликлиниката Железара 67 годишниот лекар, Ацо Трпковски, доцна синоќа беше пронајден мртов. Неговите синови го нашле со убодни рани во својот автомобил паркиран пред поликлиниката.

Министерството за внатрешни работи информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило „киа“ на паркингот пред поликлиниката Железара. Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Портпаролот на УНИЦЕФ, Џејмс Елдер, ги нарече настаните што се случуваат во Газа „војна против децата“, велејќи дека ситуацијата во Газа е апсолутно погубна за децата.

Ова УНИЦЕФ го нарече ‘војна против децата’. Нормално, во сите војни децата се најранливи. Околу 20 отсто од жртвите се деца во војни, но во Газа се речиси 40 отсто. Повеќе од 10.000 деца се убиени, а бројот постојано се зголемува. Не знам колкумина се под урнатините. Ова е апсолутно погубно за децата. Многу деца се гладни, гладот е неизбежен, рече Елдер

ФЛЕШ ВЕСТИ

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, информира дека денеска пристигнуваат нови 400.000 обрасци за лични карти и дека процесите во тој дел се одвиваат тековно.

СДСМ утре на седници на Централниот и на Извршниот комитет, а потоа и на Конгрес на партијата треба да донесе одлука за носителите на кандидатските листи за парламентарните избори, а исто така пред делегатите ќе биде презентирана програмата за претстојните избори.

Избрани кандидатите на ЗНАМ за носители на листите за пратеници, ќе бидат претставени на конвенција в недела.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • Украина би можела да добие неочекувана добивка од 1 милијарда евра од имобилизираните руски средства веќе во јули, изјави шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Соопштението дојде доцна синоќа, откако 27-те лидери на блокот го поддржаа предлогот на Брисел да и се даваат на Украина до 3 милијарди евра годишно камати од руските средства кои се замрзнати во депозитари во земјите-членки на ЕУ. Огромното мнозинство од профитот ќе се искористи за вооружување и опремување на украинските вооружени сили, бидејќи тие продолжуваат да се спротивставуваат на руската агресија.
  • Украинскиот претседател, Володимир Зеленски објави на фејсбук дека „руските агресори ја нападнаа Украина со повеќе од 60 ударни беспилотни летала Шахед и речиси 90 проектили во текот на ноќта“.

КОНФЛИКТИ

  • Русија и Кина ставија вето на резолуцијата на ОН предложена од САД за прекинот на огнот во Газа. Меѓу 15 земји членки 11 гласаа „за“, додека освен ветото на Русија и Кина, против гласаа Алжир, а Гвајана беше воздржана.
  • Во напад на израелската армија врз болницата Шифа убиени се повеќе од 150 Палестинци

ДЕЗИНФОРМАЦИИ/ГОВОР НА ОМРАЗА

Продолжуваат заканите со убиство кон претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. На објавата на линк од текст за прес конференцијата на ЦИВИЛ за изборниот мониторинг на Фејсбук профилот на Новатв.мк, од профилот „Маја Врљковиќ“ беше напишан коментар:

„Во овие услови само за метак у глава на Дерала може да се говори“.

Во друга објава каде што се презентира извештајот од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ, профилот „Тони Моневски“ коментира: „Тие од Цивил треба пред народен партизански суд како во 1945 да бидат извадени. Тие се грко-балистички северџани, само доживотен затвор за предавниците“.

Профилот „Илија Лазаров“ коментира: „А бе вие сеете отров, омраза е мал збор збор за вас, се ви се чисти повраќаници, немате мерка“!

Фејсбук страницата Кичево објави колаж од „предавниците“ со пораката „Сите ќе ве стреламе“.

Меѓу „предавниците за отстрел“ се: претседателот на државата Стево Пендаровски, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, челниците на ДУИ, Али Ахмети, Талат Џафери и Артан Груби, амбасадорката на САД, Анџела Агелер, претседателот на Украина, Володимир Зеленски како и активистите на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и Дехран Муратов, и други.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Јавноста треба да знае дека во валканата кампања со навреди, дискредитација, клевети, омраза и закани не учествуваат само анонимни тролови и трол армии, туку и луѓе со име и презиме, меѓу кои се познати пропагандисти (новинари, интелектуалци и други) и политички лидери или високи партиски функционери. Меѓу нив, се разбира, прикриени, се и припадници на безбедносните структури во земјата, но и од странство. Шарена дружина…

Трол армиите се тука за да го наметнат ставот на своите работодавци како единствено точен. Не како доминантен став, туку единствен. Ни трага од дебата и преиспитување, никој не смее да размислува различно! – тоа е нивната цел.“, пишува Џабир Дерала во колумната Стравот е нивното оружје. Нашиот арсенал е многу поголем и посилен.

Подготви: Харис Сулејман

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ