• Latest

24 ЧАСА: Новиот претседател на Собранието е Јован Митревски; Пендаровски му го врачи мандатот на Џафери; донесен е Законот за употреба на македонскиот јазик

January 26, 2024
Фото: Министерство за одбрана

Мисајловски: Со поддршка од ЕУ, зајакнување на македонската Армија со помош во опрема од 40 милиони евра

May 23, 2025

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Фотографија: МИА

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

Идниот гувернер ќе се избира на пленарна седница на 28 мај, Сиљановска го предложи Славески

May 23, 2025

(ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW News

Германија распоредува постојани трупи во друга земја за прв пат по Втората светска војна

May 23, 2025
Вештачка интелигенција (Foto: Wikimedia Commons)

Советот на ЕУ предлага инклузивна и етичка стратегија за користење на вештачката интелигенција во науката

May 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Economic Times

Иран не верува дека е веројатен нуклеарен договор, иако разговорите со САД се очекува да продолжат

May 23, 2025

РЕАКЦИИ: Телевизиите – под партиски диктат, без креативна слобода?

May 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Новиот претседател на Собранието е Јован Митревски; Пендаровски му го врачи мандатот на Џафери; донесен е Законот за употреба на македонскиот јазик

January 26, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието ги прифати оставките на Ковачевски и Џафери; Јован Митревски од СДСМ е новиот претседател на Собрание; Пендаровски му го врачи мандатот за новиот состав на владата на Џафери

На денешната 139 собраниска седница  беа прифатени оставките на премиерот Димитар Ковачевски и на претседателот на Собранието Талат Џафери.

Собранието денеска со 64 гласови „за“ и 40 „против“ го избра Јован Митрески од СДСМ за претседател на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше Јован Митрески од СДСМ да биде претседател на Собранието до одржувањето на изборите.

Претседателот Стево Пендаровски денеска му го врачи мандатот на Талат Џафери за состав на преодната Влада која ќе функционира до изборот на новата влада која ќе се формира по парламентарните избори.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Битиќи: Очекувам пратениците да го донесат законот за нефер трговски практики

„Верувам дека пратениците на крај на мандатот ќе се одважат и ќе го донесат законот. Мислам дека тоа не е битно за ниту една влада, туку е важно за граѓаните. Затоа, еве, уште еден повик наредните два месеца, кога нема да има друг притисок зашто Владата нема да носи нови закони, пратениците да ги поминат сите останати закони кои се во собраниска процедура подолго време“, изјави Фатмир Битиќи пред почетокот на јавната дискусија за нацрт-текстот на „Националната стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија 2024-2026“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Чак Шумер, лидерот на демократите во Сенатот: Преговарачите сé поблиску до одобрување на помошта за Украина

*

Само пет тела донесени во мртовечницата во Белгород по мистериозната авионска несреќа на рускиот Ил-76, некои украински заробеници кои наводно биле во авионот веќе биле разменети претходно

ФЛЕШ ВЕСТИ

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК Пратениците го донесоа Законот за употреба на македонскиот јазик кој ќе го замени досегашниот од 1998 година. Законот беше дополнет со прифатени амандмани на матичната собраниска Комисија за култура и донесен во целина со гласовите на сите 96 присутни пратеници на 139-та седница.

М-НАВ Националниот оператор за воздухопловна навигација М-НАВ и официјално доби ново раководство по инцидентот на 4 јануари годинава со упад во објектот и напад на вработени. Нов претседател на Управниот одбор и извршен директор во Секторот за воздухопловна техника е Милан Кораќ.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот:

Епока е Ре: Брисел бара изборите на северот на Косово да се одржат што е можно поскоро

Коха: Во Звечан е отстранет билбордот со Вучиќ, Ѓоковиќ и Путин

Репортери: Српскиот динар ги „судри“ институциите на Косово со меѓународната заедница, се бара преиспитување на одлуката

Топ Чанел: „Целосно го поддржуваме СПАК“, Европската комисија жестоко и одговори на Грција за случајот Белери: Под истрага е, ова прашање му  припаѓа на правдата

Панорама: Доцнењето во спроведувањето на имиграциските закони во Грција масовно ги погодува Албанците

Сури: Како да се заштитите од следниот „Мекгонигал“

АНАЛИЗА

„Доколку со внимание се следат содржините кои дел од македонските медиуми речиси секојдневно ги пласираат пред својата интернет публика, се добива впечаток дека ја преземале улогата на портпароли на власатите во Кремљ, и се во директна корелација и работат според насоките на планерите на кампањата на Путин за неговиот петти мандат на претседателски избори во Русија.“, Драган Мишев во анализата „Македонските медиуми како мегафони на Лавров и руската пропаганда“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • 24 ЧАСА: Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во паркот „Украина“ во Чаир; Обвинителката Ристоска бара јавно извинување од Латас; Велика Британија ги прекина разговорите за слободна трговија со Израел поради војната во Газа

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Поднесени две обвиненија за предметот „Онкологија“ – опфатени двајца екс директори и четворица лекари онколози

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Приведени четири лица од групата „Беланоца- Барон“, осомничени за убиства на „Пластичарска“ и Грција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ