• Latest

24 ЧАСА: Пекарските индустрии да обезбедат струја на слободниот пазар; ЕК го усвои Предлог-буџетот на ЕУ за 2025; ВМРО-ДПМНЕ со новите министерства прави префрлање од шупливо во празно

June 19, 2024
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Пекарските индустрии да обезбедат струја на слободниот пазар; ЕК го усвои Предлог-буџетот на ЕУ за 2025; ВМРО-ДПМНЕ со новите министерства прави префрлање од шупливо во празно

June 19, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Бислимоски: Најголемите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат струја на слободниот пазар

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, коментирајќи го ставот од претставници од пекарската индустрија дека тие во голем дел зависеле од домашното производство и оти со растот на цената на струјата ќе се зголеми и цената на лебот, порача дека големите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат електрична енергија на слободниот пазар и оти не смеат да бидат снабдувани од ЕВН Хоум.

-Големите пекарски компании во државата, кои обезбедуваат најголем  дел, односно над 90 проценти од потребите за леб, мора да одат на слободен пазар на електрична енергија. Тие никогаш не биле снабдувани од универзалниот снабдувач, рече Бислимовски, на новинарско прашање на прес-конференцијата за 32. Генерално собрание на регулаторите за вода од Европската Унија – WAREG, што се одржува во Скопје.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Контролата на партиите врз јавниот дискурс и потоа контролата на партиите врз јавните пари се врши со тоа што се фрла една тема пред јавноста и потоа ете, ние се занимаваме со симболи, со тоа кој каква изјава дал при преземање на функција а никој не разговара за тоа што се суштински прашања, порача Ивон Величковски во интервју за Слободен печат.

РЕГИОН

Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 година, кој изнесува 199,7 милијарди евра, информира денеска извршниот потпретседател на ЕК задолжен за економија во интерес на луѓето, Валдис Домбровскис.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, од вкупните средства во Буџетот на ЕУ за следната година, 2,2 милијарди евра се наменети за Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), а 500 милиони евра за Механизмот за реализација на Планот за раст на Западниот Балкан, како дел од ставката за поддршка на европските партнери и интересите на Унијата во светот.

СВЕТ

Актуелниот претседател на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, повторно по четврти пат е избран за лидер на најголемата политичка групација во Европскиот парламент.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Во име на „слободата на говор, слобода на изразување и нецензура“ му се извинувам на директорот на Канал 5, Иван Мирчевски за текстот: Случај Мирчевски, Канал 5: Груба инструментализација на телевизијата, притисок врз судот, едностраност, говор на омраза и лажни наративи, во кое според барањето за извинување кое го добив стои дека во текстот се изнесени клеветнички изјави кон Канал 5 и Мирчевски“, пишува Дехран Муратов во колумната „Им се извинувам на неалбанофобот Иван Мирчевски и Канал 5“.

*

„Генерално, како што стојат работите, политичките одлуки за тоа кој и каква влада ќе се формира во голема мера се одредуваат според бројките и процентите, а не според политичките идеи, платформи и вредности. Овој нумерички пристап се протега надвор од формирањето влада до повеќето аспекти на државното управување. Речиси сите процеси во државата зависат од односите меѓу етничките заедници. Во исто време, на овој критичен аспект од севкупниот живот на земјата му се пристапува бесчувствително, бирократски и, да бидам сосема директен, како „нужно зло“, пишува Џабир Дерала во колумната „Кога бројките стануваат неопходно зло: Масивните недостатоци во политичкиот систем“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ