• Latest

Им се извинувам на неалбанофобот Иван Мирчевски и Канал 5

June 19, 2024

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Им се извинувам на неалбанофобот Иван Мирчевски и Канал 5

June 19, 2024 13:24
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Во име на „слободата на говор, слобода на изразување и нецензура“ му се извинувам на директорот на Канал 5, Иван Мирчевски за текстот: Случај Мирчевски, Канал 5: Груба инструментализација на телевизијата, притисок врз судот, едностраност, говор на омраза и лажни наративи, во кое според барањето за извинување кое го добив стои дека во текстот се изнесени клеветнички изјави кон Канал 5 и Мирчевски.

Ете, се извинувам што во текстот напишав дека е манипулативен и едностран прилогот на Канал 5 и дека со тоа се врши притисок врз судот, бидејќи веднаш по завршување на судското рочиште по тужбата на Канал 5 и управителот Иван Мирчевски против Џабир Дерала и ЦИВИЛ на 17 мај 2024 година, на кое сведочеа Исмет Рамадани и новинарот Александар Видиновски, пред судот изјави дадоа само адвокатот на Канал 5 во постапката, Даниел Ѓеорѓиевски, директорот Мирчевски и новинарот Видиновски.

Се извинувам што напишав дека камерата на Канал 5 не пропушти да го зумира тужениот Дерала, без притоа да му побара изјава. Значи, воопшто не е еднострано таквото известување, нели?

Се извинувам што со текстот ја известивме јавноста за што всушност Канал 5 и директорот Иван Мирчески го тужат главниот уредник на медиумската платформа на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, за навреда, клевета и говор на омраза, односно поради колумната со наслов „ИНЦИДЕНТ ВО „САМО ВИСТИНА“ НА КАНАЛ 5: Само уште една неславна епизода во дејствувањето на антидемократските инсталации, бидејќи во прилогот на Канал 5 недостасуваа овие информации.

Се извинувам и за тоа дека Дерала во колумната за која е тужен ја потсети јавноста дека во „бомбите“ слушнавме како газдата на Канал 5 му рече на шефот на вмровската пропагандна машинерија, Мартин Протуѓер, дека има намера да ја исклучи струјата во телевизијата, само за да не се емитува емисија што не е по мерката на режимот. Со тоа, газдата на Канал 5, да потсетиме, отиде подалеку дури и од шефот на агитпропот Протуѓер кој сугерираше „поблага“ диверзија – да се пушти емисијата, но со лош тон и со пречки.

Исто така, се извинувам што Дерала ја потсети јавноста дека Мирчевски во 2018 година се извини во име на телевизијата, правдајќи се дека било режим и дека му биле одземени ингеренциите (!?) за професионално и одговорно известување.

Се извинувам што напишав и дека во судницата тужат, а надвор од неа и му пресудуваат на Џабир Дерала, бидејќи адвокатот Даниел Ѓеорѓиевски веднаш по завршување на рочиштето, пред судот, во изјава за Канал 5 нагласи дека „оние кои најмногу се прокламираат како борци за слободата на говор, најмногу истата ја злоупотребуваат и дека пред судот претстои лесна задача“.

Се извинувам и дека напишав дека едностраниот прилог на Канал 5, на социјалните мрежи предизвика говор на омраза кон Дерала и ЦИВИЛ.

Се извинувам за перцепцијата дека Мирчевски изгледа како да е опседнат со Дерала бидејќи на коментар на Фејсбук страницата на Канал 5, „админот“ пишува дека „ги барал Дерала и ЗНМ и другите ‘лижавчиња’ да се појават со него каде сакаат… ама бегаат. Исто така на својот LinkedIn профил напишал: Дури и Убавата Захариева не ме мотивирала како ботовите на власта. Еве уште еден текст за еден лик… се одѕива на име Дерала… Џабир Дерала… 

Се извинувам и што имав дилема дали барањето од „Александар Николовски да ја прекине емисијата“, мислеше на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ или на новинарот во студиото?

Се извинувам неалбанофобу Иван Мирчевски и Канал 5 и Ви благодарам за „честитката“ баш на третиот ден од Курбан Бајрам!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ