• Latest

24 ЧАСА: Приведени 17 затворски полицајци кои овозможија бегство на затвореник; децата да не се злоупотребуваат во политичка кампања; СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го одбија условот на ДУИ

April 15, 2024

Утрото на 28 август

August 28, 2025
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
Фото: Скриншот од виедо на ВВС

ФБИ го истражува пукањето во училиштето во Минеаполис како антикатоличко злосторство од омраза

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Приведени 17 затворски полицајци кои овозможија бегство на затвореник; децата да не се злоупотребуваат во политичка кампања; СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го одбија условот на ДУИ

April 15, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Приведени 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово

Во акција спроведена утрово од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи приведени се 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово.

-По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска беше спроведена акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во која се приведени 17 лица, соопшти Јавното обвинителство.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Ние имавме задоволство да соработуваме со многу значајни организации од регионот, но морам да кажам дека од 2021 година ЦИВИЛ е единствената голема домашна организација која го набљудува изборниот процес и тоа малку ја отежнува нашата работа. Во секој случај нашата методологија е навистина уникатна методологија на изборниот мониторинг од која може да се научи многу дури и на меѓународно ниво. ЦИВИЛ служи како организација од која се извлекуваат информации и методолошки решенија за тоа како да се спроведе сеопфатен изборен мониторинг. Ова не се наши зборови, ова се зборови на релевантни експерти на меѓународно ниво“, порача претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во интервју за Слободен печат.

ФЛЕШ ВЕСТИ

МНР Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека само еден македонски државјанин побарал да биде евакуиран од Израел по повикот упатен до наши државјани кои во моментов се наоѓаат во таа земја и поширокиот регион на Блискиот исток по нападот од саботата на Иран врз Израел.

МОНИТОРИНГ Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатира повеќе случаи на злоупотреба на деца и малолетници за време на изборната кампања од речиси сите кандидати во трката за претседател на Република Северна Македонија.

Политичката злоупотреба на децата е забранета со закон! Според член 12, став 4 од Законот за заштита на децата: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.

ОТВОРЕН БАЛКАН Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги окарактеризира обвинувањата на албанската опозиција во однос на иницијативата Отворен Балкан како обид за стекнување ситни политички поени. Воедно, најави дека на првата наредна седница на Влада на која иницијативата ќе биде тема, ќе предложи излегување од Отворен Балкан.

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Дванаесетти ден предизборна кампања; Предизборни услови за гласови во вториот круг; Претседателски кандидати во парламентарна кампања

ПОЛИТИКА СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го одбија условот на ДУИ, претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руската агресија врз Украина претставува егзистенцијална закана за целата Европска унија и ја принуди Унијата да ја стави одбраната во центарот на сопствената безбедносна политика, нагласи високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.

АЛ-ПРЕС

По повод одбележувањето на Денот на преживеаните од сексуалното насилство за време на последната војна во Косово, зградата на Владата на Република Косово е осветлена со симболичниот цвет кој ги претставува преживеаните од ова воено злосторство.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Зоран Иванов, новинар, ви порачува: Ти си гласот, ти си моќта. Гласај!

„Моја интимна желба е да ја гледам таму каде што ние сите се стремиме, во овие безмалку 30 години, а тоа е на европскиот брод, а тоа е на европскиот пат, во таа сигурна куќа која е просперитетна, демократска, која е економски стабилна“, вели Нанад Јовановиќ во интервјуто на ЦИВИЛ за Иницијативата „Во тебе е моќта. Гласај!“.

СЛОДОНА ЗОНА

Како во сцените од „Убиството во Ориент експрес“ не постои еден убиец – сите патници низ времето ја убија идејата за обнова на Универзалната, систематски, еден по еден. А зад сцената се оние најтрајните и најмоќните во овој град, кои од него веќе направија непоправлива руина. Погледнете го градскиот плоштад – преполн со објекти кои создаваат слика дека само што над нас минале бомбардери и го испуштиле својот товар токму тука, пишува Љубомир Костовски во анализата „Универзалната е жртва на политичките калкулации, а не не оној кој го искористил чкорчето“.

*

Денес се навршува значаен јубилеј, двегодишнината од тајната операција на руската морнарица во која, на спектакуларен начин, под кодно име „ Ctrl+Z“, го претвори ракетниот крстосувачот Москва во нов, досега невиден, револуционерен тип на подморница.

Како што соопшти портпаролот на Адмиралитетот на Црноморската флота, управувањето со новиот тип на крстосувачка ракетна подморница, кој сега веќе две години оперира на дното во Црното Море, е целосно автоматизирано, откако, пред целосната трансформација на бродот „Москва“ во подморница, беше евакуиран целиот екипаж од бродот, пишува во сатирата „Јубилеј: Двегодишнина од специјалната операција „Ctrl+Z“ и трансформацијата на крстосувачот Москва во подморница“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ