ВЕСТ НА ДЕНОТ
Приведени 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово
Во акција спроведена утрово од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи приведени се 17 припадници на затворската полиција, вработени во КПД Затвор Идризово.
-По повеќемесечна предистражна постапка, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска беше спроведена акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, во која се приведени 17 лица, соопшти Јавното обвинителство.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Ние имавме задоволство да соработуваме со многу значајни организации од регионот, но морам да кажам дека од 2021 година ЦИВИЛ е единствената голема домашна организација која го набљудува изборниот процес и тоа малку ја отежнува нашата работа. Во секој случај нашата методологија е навистина уникатна методологија на изборниот мониторинг од која може да се научи многу дури и на меѓународно ниво. ЦИВИЛ служи како организација од која се извлекуваат информации и методолошки решенија за тоа како да се спроведе сеопфатен изборен мониторинг. Ова не се наши зборови, ова се зборови на релевантни експерти на меѓународно ниво“, порача претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во интервју за Слободен печат.
ФЛЕШ ВЕСТИ
МНР Министерот за надворешни работи Бујар Османи информира дека само еден македонски државјанин побарал да биде евакуиран од Израел по повикот упатен до наши државјани кои во моментов се наоѓаат во таа земја и поширокиот регион на Блискиот исток по нападот од саботата на Иран врз Израел.
МОНИТОРИНГ Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатира повеќе случаи на злоупотреба на деца и малолетници за време на изборната кампања од речиси сите кандидати во трката за претседател на Република Северна Македонија.
Политичката злоупотреба на децата е забранета со закон! Според член 12, став 4 од Законот за заштита на децата: „Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.
ОТВОРЕН БАЛКАН Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги окарактеризира обвинувањата на албанската опозиција во однос на иницијативата Отворен Балкан како обид за стекнување ситни политички поени. Воедно, најави дека на првата наредна седница на Влада на која иницијативата ќе биде тема, ќе предложи излегување од Отворен Балкан.
ИЗБОРНА ХРОНИКА: Дванаесетти ден предизборна кампања; Предизборни услови за гласови во вториот круг; Претседателски кандидати во парламентарна кампања
ПОЛИТИКА СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го одбија условот на ДУИ, претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Руската агресија врз Украина претставува егзистенцијална закана за целата Европска унија и ја принуди Унијата да ја стави одбраната во центарот на сопствената безбедносна политика, нагласи високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел.
АЛ-ПРЕС
По повод одбележувањето на Денот на преживеаните од сексуалното насилство за време на последната војна во Косово, зградата на Владата на Република Косово е осветлена со симболичниот цвет кој ги претставува преживеаните од ова воено злосторство.
ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
Зоран Иванов, новинар, ви порачува: Ти си гласот, ти си моќта. Гласај!
„Моја интимна желба е да ја гледам таму каде што ние сите се стремиме, во овие безмалку 30 години, а тоа е на европскиот брод, а тоа е на европскиот пат, во таа сигурна куќа која е просперитетна, демократска, која е економски стабилна“, вели Нанад Јовановиќ во интервјуто на ЦИВИЛ за Иницијативата „Во тебе е моќта. Гласај!“.
СЛОДОНА ЗОНА
Како во сцените од „Убиството во Ориент експрес“ не постои еден убиец – сите патници низ времето ја убија идејата за обнова на Универзалната, систематски, еден по еден. А зад сцената се оние најтрајните и најмоќните во овој град, кои од него веќе направија непоправлива руина. Погледнете го градскиот плоштад – преполн со објекти кои создаваат слика дека само што над нас минале бомбардери и го испуштиле својот товар токму тука, пишува Љубомир Костовски во анализата „Универзалната е жртва на политичките калкулации, а не не оној кој го искористил чкорчето“.
*
Денес се навршува значаен јубилеј, двегодишнината од тајната операција на руската морнарица во која, на спектакуларен начин, под кодно име „ Ctrl+Z“, го претвори ракетниот крстосувачот Москва во нов, досега невиден, револуционерен тип на подморница.
Како што соопшти портпаролот на Адмиралитетот на Црноморската флота, управувањето со новиот тип на крстосувачка ракетна подморница, кој сега веќе две години оперира на дното во Црното Море, е целосно автоматизирано, откако, пред целосната трансформација на бродот „Москва“ во подморница, беше евакуиран целиот екипаж од бродот, пишува во сатирата „Јубилеј: Двегодишнина од специјалната операција „Ctrl+Z“ и трансформацијата на крстосувачот Москва во подморница“.
Д. Муратов