Неодамнешните извештаи за потонувањето на водечкиот брод на руската морнарица „Москва“ се невистинити. Руската морнарица во тајна специјална операција, под кодно име „ Ctrl+Z“, го претвори ракетниот крстосувачот во нов тип на подморница.
Новиот тип на ракетна подморница, веќе ја започна првата подводна пловидба во Црното Море, и веќе го оствари својот прв подвиг, стигнувајќи до морското дно во рекордно време.
Управувањето со новата крстосувачка подморница е целосно автоматизирано, поради тоа, пред целосната трансформација на бродот „Москва“ во подморница, беше евкуиран целиот екипаж од бродот.
Целата операција досега се држеше во најстрога тајност, бидејќи во крајбражјето на Црно море беше забележан зголемен број на украински трактори.
Адмирал на флота Шушмулов
Оградување, одбрана и заштита: Ова е козерија. Секоја сличност на овој текст со реалноста е (не)намерна.