ВЕСТ НА ДЕНОТ
Собранието избра три потпретседатели
Собранието во рамките на третата седница без расправа и едногласно ги избра пратениците Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Митрески од СДСМ и Весна Бендевска од ЗНАМ за потпретседатели на Собранието, кои денеска беа утврдени на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Лога: Со распуштањето на Судски совет и Советот на јавни обвинители се загрозува судската независност
Обидот на мандатарот за формирање влада, Христијан Мицкоски, да се распуштат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, е обид да се дисциплинира судската власт, изјави денеска техничкиот министер за правда Кренар Лога, на брифинг со новинарите.
РЕГИОН
Албански медиуми: Протести на опозицијата пред градското собрание на Тирана; Белери помеѓу Химара и ЕУ парламентот; Молк во ЕУ за отстранување на казнените мерки за Косово
СВЕТ
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант денеска соопшти дека Израел нема да се приклучи на трилатералната работна група за намалување на тензиите меѓу таа земја и либанската милитантна група Хезболах, предложена од францускиот претседател Емануел Макрон.
СЛОБОДНА ЗОНА
Денеска во Слободна зона: „Менаџирање на очекувањата: Цедење сок од сува дреновина“, од Јово Маневски; „Цената на национализмот: Скапа, но ефективна алатка за манипулација“, од Џабир Дерала; Само што нивното си врви таму во просперитетната ЕУ, а нашето ни стои овде на уште примитивниот Балкан, од Зоран Иванов.
Подготви: Д. Тахири