• Latest

Цената на национализмот: Скапа, но ефективна алатка за манипулација

June 14, 2024

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Цената на национализмот: Скапа, но ефективна алатка за манипулација

June 14, 2024 09:30
in ES-PRESS-O, АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Национализмот и омразата се одлични алатки за манипулација. Со мали инвестиции во пропагандата, лесно се постигнуваат одлични резултати – доаѓање и одржување на власт. Со употреба на националистички и поларизирачки наративи во јавната комуникација може лесно да се префрли одговорноста за неуспешните политики на „другите“.

Како се прави тоа? Замаглување на фактите, манипулација со емоциите, комбинирање на полувистини со целосни лаги, дезинформации и обемно користење на обично медиумско ѓубре (сензационализам) во јавноста, говор на омраза и систематска дискредитација на неистомислениците (читај: предавниците) – се само дел од пропагандните алатки со кои може да се постигнат одлични и видливи резултати.

Дали ова е тешко и прескапо? Не. Колку и да се скапи (а скапи се) овие операции, профитот е секогаш неспоредливо поголем, така што секогаш се исплаќа да се вложи во ширење националистичка омраза. Значи, освен пари, потребни се добар систем, редовност, долготрајност и внимателно дозирање (интензитет) на пропагандните наративи.

Анализите на изборниот процес што ги изработува ЦИВИЛ покажуваат дека национализмот е еден од трите клучни фактори за изборните резултати – парламентот стана место каде што целосно доминираат националисти и радикали. СДСМ практично потона и пред да започне изборната битка. Коалициите Европски фронт на ДУИ и Вреди се во беспоштедна битка да докажат кој повеќе ги претставува интересите на Албанците во земјата, не затоа што не можат и двете да ја имаат таа улога, туку околу тоа која од нив повеќе заслужува да биде учесник во власта.

Во овој контекст, еден долго занемарен, а во суштина клучен наратив е оној за пропорциите на освоени места во парламентот, а тоа е „дајте ни гласови за да освоиме 61 пратеник, за да не може никој да нѐ уценува“. Или и директно: Потребен е 61 пратеник, да не бидеме уценети од Албанците. Тој наратив не му е туѓ ниту на СДСМ, а секогаш се подразбирал кај ВМРО-ДПМНЕ.

Што значи тоа? Учеството на Албанците во власта не се третира како принцип на правична застапеност на етничките заедници во власта и институциите, туку како уцена!

Цената на национализмот е висока, но тие што се на врвот на политичкиот естаблишмент и олигарсите не се засегнати со тоа. Цехот го плаќаат обичните луѓе од сите заедници.

(продолжува, за жал)


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА


За претходните дози еспресо, КЛИКНЕТЕ ТУКА.

Tags: Манипулацијанаративинационализампропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ