• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Протести на опозицијата пред градското собрание на Тирана; Белери помеѓу Химара и ЕУ парламентот; Молк во ЕУ за отстранување на казнените мерки за Косово

June 14, 2024
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Протести на опозицијата пред градското собрание на Тирана; Белери помеѓу Химара и ЕУ парламентот; Молк во ЕУ за отстранување на казнените мерки за Косово

June 14, 2024 11:12
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во Албанија денеска опозицијата протестира пред градското собрание на Тирана, против корупциските скандали на директорите на Општината, пренесуваат албанските медиуми.

Градоначалник на Химара, Фреди Белери во телефонско интервју од затвор изјави дека доколку Апелациониот суд го прогласи за невин, тој ќе избере да биде градоначалник на Химара, а не пратеник во Европскиот парламент, јавуваат албански медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес.

АЛБАНИЈА

Албеу: Опозицијата денеска протестира  пред градското собрание на Тирана

Демократската партија и Алијансата за заштита на театарот за овој петок најавија развој на уште еден протест против корупциските скандали предизвикани од досието на директорите крадци на Општината, кои преку озлогласената фирма „5Д“ украдоа народни пари преку   тендери.

Опозицијата се очекува да се собере во 11:00 часот пред градското собрание на Тирана и ова е втор протест за една недела, по оној во понеделник каде исто така имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите, пренесе Албеу.

Ора Њуз – Белери: Ако ме ослободат ќе ја изберам Химара, а не позицијата европратеник

Избраниот градоначалник на Химара Фреди Белери во телефонско интервју од затвор изјави дека доколку Апелациониот суд го прогласи за невин, тој ќе избере да биде градоначалник на Химара, а не пратеник во Европскиот парламент.

Фреди Белери рече дека има верба во правдата и дека доколку не го најде своето право во Албанија, тогаш ќе го бара во Судот во Стразбур. Понатаму, тој  изјави дека доколку оди во Европскиот парламент, ќе се обиде да даде свој придонес и за Албанија, бидејќи за него Албанија не е Еди Рама, пренесува Ора Њуз.

КОСОВО

Бота Сот – Влада: Нацртот за Заедницата нема авторство, адреса и потпис

Владата на Косово повтори дека нацрт-статутот предложен од Европската унија за основање на Асоцијацијата е документ без сопственост, без адреса и без потпис.

Вицепремиерот Бесник Бислими рече дека Владата не може да испраќа написи од весници до Уставниот суд на толкување, пренесува Бота Сот.

Репортери: Неизвесност за отстранување или не на мерките против Косово, молк во ЕУ

Иако немаше формален датум, оваа недела се очекуваше да биде објавен извештајот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, за исполнувањето на условите од страна на Косово за укинување на мерките на ЕУ.

Дури и вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, во четвртокот рече дека во извештајот на шефот на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, за чекорите што Косово ги презема во исполнувањето на обврските за отстранување на мерките на ЕУ, „дали ќе се препорача отстранување на казнените мерки“ за Косово.

Но, за ова прашање во Европската унија има молк, пишува онлајн весникот Репортери.

КОЛУМНА

Коха: Европски избори (3)

Сега кога завршија европските избори, целото внимание ќе се насочи кон чекорите за конституирање на новите европски институции, а тоа се конституирањето на Европскиот парламент и гласањето на Европската комисија.

Првата институција што се формира е Европскиот парламент. Европскиот парламент има три главни улоги: законодавна, надзорна и буџетска. Тоа значи усвојување на законите на ЕУ со помош на Советот на ЕУ, демократска контрола на сите институции на ЕУ и усвојување на буџетот на ЕУ. Европскиот парламент е единственото законодавно тело во светот чии одлуки имаат директно правно дејство преку националните граници, пишува авторот Демуш Шаша во третиот дел од анализата за европските избори, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Tags: албански медиумиизборрегион
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ