• Latest

24 ЧАСА: Собранието ја усвои Декларацијата за годишнината од членството во НАТО; Со ЕУ и НАТО до безбедност и просперитет; ПССЕ оцени стабилен предизборен период

March 28, 2024
Фото: Скриншот од видео на British Embassy Kyiv/ X

Велика Британија ѝ порача на Русија да престане со „бесмисленото убивање“ откако беше погодена зградата на Британскиот совет во нападите врз Киjив, кои однесоа најмалку 21 жртва

August 28, 2025

Утрото на 28 август

August 28, 2025
Фото: АСтра/Х

Украинските дронови погодија две рафинерии за нафта и други цели низ Русија во текот на ноќта, соопшти Генералштабот на вооружените сили

August 28, 2025

Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Кијив

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на АВС7

Егзодус на неподобните здравствените експерти за Трамп: Отпуштена директорката на ЦДЦ, додека други функционери поднесоа оставки од здравствената агенција

August 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата

August 28, 2025
Фото: Архива

Унгарија ја тужи ЕУ за замрзнатите руски средства што ги користи за помош на Украина

August 28, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Цела ноќ масовен напад на рф врз станбени згради во Кијив, меѓу загинатите има деца

August 28, 2025
Трактор пред Филозофскиот гакултет во Нови Сад. Фото: Скриншот од видео на 021.rs/Х

(ВИДЕО) Утрово мирно пред Филозофскиот факултет во Нови Сад – полицијата сè уште го чува влезот, видливи знаци од вчерашните судири

August 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Собранието ја усвои Декларацијата за годишнината од членството во НАТО; Со ЕУ и НАТО до безбедност и просперитет; ПССЕ оцени стабилен предизборен период

March 28, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Северна Македонија ја усвои Декларацијата за четвртата годишнина од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Собранието денеска ја донесе Декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата во рамките на 149. седница.

Претседателот и подносител Јован Митрески, нагласи дека со донесувањето на Декларацијата ја потврдуваат определбата за давање сериозен и значаен придонес во обезбедувањето на регионалниот, но и на светскиот мир и стабилност. Четири години по зачленувањето во Алијансата, заклучи дека донесените одлуки на патот за членството, биле тешки, но вределе.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Рикер: НАТО е безбедност и стабилност, а ЕУ може да обезбеди просперитет

НАТО обезбедува безбедност и стабилност, а ЕУ може да обезбеди просперитет. Иднината на земјата е во Унијата. Процесот е тежок и фрустрирачки, понекогаш може да биде и разочарувачки, сте го поминале сето тоа, но јасно е дека тоа е најдобриот исход, порача синоќа поранешниот американски амбасадор во Скопје Филип Рикер.

Вие ќе останете суверена држава, но правите прилагодувања за да се движите напред и да бидете дел од нешто што е поголемо и дава гаранции за подобра иднина на земјата и на генерациите кои доаѓаат. Се работи за млада европска земја, која има долга историја и дури од времето на Бизмарк кога се зборувало за важноста на македонското прашање, да се донесе стабилност на Балканот. Го имаме одговорот на тоа прашање – демократска, мултиетничка интегрирана земја во НАТО и ЕУ, истакна Рикер.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПССЕ Предизборна делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која ја заврши посетата на Северна Македонија во периодот од 25 до 28 март, оценува дека периодот пред изборите е стабилен и се очекува изборите да ги исполнат демократските стандарди.

МАСТЕР ДЕБАТА Изборните штабови на претседателските кандидати во земјава постигнале начелен договор за одржување на мастер дебата на неутрален терен, со неутрални модератори, која ја предложи актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски, кој ќе трка за уште еден мандат на претстојните избори.

СОБРАНИЕ Најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарен состав, согласно новиот Деловник на Собранието. Седницата ќе трае најмногу три дена, а треба да ја свика сегашниот претседател на Собранието Јован Митрески.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • На онлајн брифингот за повеќе од 100 светски медиуми, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ја истакна итната потреба на Украина за што е можно повеќе проектили од типот Патриот, како и слични системи за противвоздушна одбрана, бидејќи земјата се соочува со интензивни воздушни напади од рускиот агресор. На пресот, министерот Кулеба одговори на повеќе прашања, меѓу кои првите две прашања дојдоа од медиумската платформа на ЦИВИЛ.
  • Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека мирот во Украина е можен во секој момент доколку рускиот претседател Владимир Путин ја прекине својата, како што наведе, „варварска“ кампања и ги повлече војниците.

ИЗБОРНА ХРОНИКА

Се финализираат коалициите пред почетокот на изборните кампањи; Гласањето за претседателските избори ќе се спроведе во 31 ДКП

ЦИВИЛ ЕДУКАЦИЈА: Сѐ што треба да знаете за изборниот процес, правото на глас и дезинформациите

Како се гласа? Кој се грижи за законитоста на изборниот процес? Кои се вашите права како гласачи? Што може да се прави, а што е забрането за време на изборниот молк? Што се случува со вашето гласачко ливче откако ќе ја изразите вашата гласачка волја? Што се дезинформации? Што е тролање? Како се дефинира говорот на омразата?

ЦИВИЛ одговара на овие и на низа други прашањата со години наназад, во деновите пред почетокот и за време на изборните кампањи. Така и во пресрет на Изборите 2024, ЦИВИЛ им излегува во пресрет на граѓанките и граѓаните со информации за сите прашања поврзани со изборите.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми во регионот: Судот во Стразбур одлучи албанската влада да ги обештети семејствата на жртвите од Грдец; Одобрен Извештајот за членството на Косово во Советот на Европа

СЛОБОДНА ЗОНА

„Време е да се спроведе една анкета за анкетарите односно колку народот верува во анкетите на јавното мислење, бидејќи како што се ближат изборите сѐ повеќе ќе се објавуваат „еднострани“ и фаворизирачки резултати.

Последните објавени резултати од анкетата на ИПИС (Институтот за политички истражувања) на познатиот аналитичар Владимир Божиновски наместо да даваат објективна слика за расположението на гласачкото тело пред избори, создадоа конфузија. Во делот на албанскиот политички блок, сигурно.“, пишува Авторот Сефер Тахири во колумната „Фалична анкета“.

Подготви: Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ