• Latest
Фото: МИА архива

ПССЕ: Периодот пред изборите стабилен

March 28, 2024
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

ПССЕ: Периодот пред изборите стабилен

March 28, 2024 13:54
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Предизборна делегација на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), која ја заврши посетата на Северна Македонија во периодот од 25 до 28 март, оценува дека периодот пред изборите е стабилен и се очекува изборите да ги исполнат демократските стандарди. Таа, исто така, посочува дека политичкото опкружување, веќе силно поларизирано, сè уште е многу динамично и се менува и ги повика сите засегнати страни да обезбедат дека кампањата ќе тече непречено до денот на изборите.

Шестчлената меѓупартиска делегација, предводена од Алфред Хеер (Швајцарија, АЛДЕ), во состав Стефан Шенах (Австрија, СПЦ), Крис Саид (Малта, ЕПП/ЦД), Селивај Челенк Озен (Турција, УЕЛ), Сибел Арслан (Швајцарија, СПЦ), ко-известувач на Комитетот за следење на ПССЕ и Џозеф О’Рајли (Ирска, ЕПП/ЦД), ја спроведе својата проценка во Скопје и оствариле средби со претседателот на Собранието на Северна Македонија, кандидатите за претседател, партиските лидери и претставници, претседателот и членови на Државната изборна комисија (ДИК), новинари и граѓански групи, членови на дипломатскиот кор, колеги меѓународни набљудувачи од ОДИХР и членови на делегацијата на Северна Македонија во ПССЕ.

Делегацијата, во соопштение до медиумите, истакнува дека речиси сите политички сили во Северна Македонија се за европска интеграција на земјата и се надеваат дека ќе се најде решение за преостанатите пречки. Делегацијата, исто така, била информирана дека не се адресирани низа долгогодишни препораки на ОДИХР, вклучително и препораки за усогласување на Изборниот законик, да се утврдат јасни процедури за мандат и именување на државните изборни комесари и да се обезбедат ефективни правни лекови за изборните спорови.

–  Делегацијата беше задоволна што слушна за општата доверба во целокупниот професионализам на ДИК, но забележа помал степен на доверба во пониските изборни тела. Делегацијата со задоволство забележа општо ниво на доверба во точноста на избирачкиот список и методите на регистрација на избирачите. Сепак, доби информација дека вкупниот број на гласачи може да биде надуен поради граѓаните кои остануваат во евиденцијата и покрај тоа што живеат во странство. Исто така, со загриженост беше забележано дека на оние граѓани кои ќе наполнат 18 години меѓу првиот и вториот круг од претседателските избори ќе им биде одземено правото да гласаат за вториот круг од претседателските избори, се вели во соопштението од Делегацијата.

Во соопштението меѓу другото, се посочува дека партиите и кандидатите можат слободно да водат кампања. – Иако говорот на омраза не се смета за главно изборно прашање, делегацијата слушна за случаи на лични напади и обиди за заплашување против претставници на граѓанското општество, кои кулминираа со поттикнување насилство, па дури и смртни закани. Делегацијата најостро ги осудува ваквите практики кои се неприфатливи во европска демократија и изразува надеж дека надлежните органи итно ќе преземат силни мерки против сторителите на ваквите закани, се вели во соопштението.

Делегацијата истакна дека, иако досега нема знаци за масовна злоупотреба на државните ресурси, постои загриженост дека тоа сепак може да се случи за време на изборната кампања. Се слушна и за можни притисоци врз вработените во јавниот сектор, како и врз затворениците во затворите.

– Формулата за дистрибуција на политичко рекламирање во медиумите и на јавните простори, некои ја гледаат како привилегирање на поголемите и поафирмирани партии, наместо како обезбедување фер пристап на сите натпреварувачи, вклучително и помалите партии, посочуваат од Делегацијата.

Делегацијата, исто така, ја забележа загриженоста за одредени аспекти на изборниот процес, вклучително и изборната правна рамка (донесувањето амандмани во последен момент на Изборниот законик, иако е јасно неопходно за подобро спроведување на изборниот процес, е спротивно на препораките на Венецијанската комисија), како и прилично слабото регулирање на правилата за финансирање на кампањите (особено во врска со мноштвото веб-портали навидум создадени неодамна со единствена цел да се добие јавно финансирање за партиите).

Делегацијата потврдува дека решавањето на некои од овие прашања пред денот на изборите може да биде предизвик, но силно бара акција за оние кои сè уште можат да се поправат.

ПССЕ ги претставува парламентарците од 46 европски нации и  ги набљудува изборите во Северна Македонија во рамките на својот пост-мониторинг дијалог со земјата. Полноправна делегација на ПССЕ од 22 члена, придружувана од правни експерти од Венецијанската комисија, ќе го набљудува гласањето на 24 април 2024 година во рамките на меѓународната мисија за набљудување на изборите заедно со ОДИХР, а потоа и на 8 мај кога треба да се приклучат и делегации од Парламентарното собрание на ОБСЕ и од Европскиот парламент.

Tags: избори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ