• Latest
Прес на Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, Варшава, 27 март 2024

(ВИДЕО) Кулеба за ЦИВИЛ: Русија не знае за граници, ќе стори сè за да ја дестабилизира вашата земја

March 27, 2024

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Не прашувам реторички: што правите, бе?

July 19, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

(ВИДЕО) Кулеба за ЦИВИЛ: Русија не знае за граници, ќе стори сè за да ја дестабилизира вашата земја

March 27, 2024 21:41
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Прес на Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, Варшава, 27 март 2024

Прес на Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, Варшава, 27 март 2024

Share on FacebookShare on Twitter

На онлајн брифингот за повеќе од 100 светски медиуми, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ја истакна итната потреба на Украина за што е можно повеќе проектили од типот Патриот, како и слични системи за противвоздушна одбрана, бидејќи земјата се соочува со интензивни воздушни напади од рускиот агресор. На пресот, министерот Кулеба одговори на повеќе прашања, меѓу кои првите две прашања дојдоа од медиумската платформа на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ МЕДИА: Министре Кулеба, бележиме последователни бранови на руската пропаганда и наративи насочени кон западните земји, со намера да се дискредитираат и попречат нивните напори за давање помош на Украина. Колку е ефикасна нивната кампања и на кои мерки треба владините и невладините актери да им дадат приоритет во борбата против руската пропаганда? Во тој контекст, како би ја оцениле улогата на Северна Македонија во напорите за поддршка на борбата за слобода на Украина?

ДМИТРО КУЛЕБА: Во поширока смисла, руската пропаганда не е толку успешна како што се преправа дека е, бидејќи гледаме дека пакетите за помош продолжуваат да се усвојуваат. Анкетите ширум светот покажуваат дека луѓето ја поддржуваат Украина. Западните влади продолжуваат да се залагаат за поддршка на Украина.

Но ќе забележиме скок во напорите на руската пропаганда во наредните недели и месеци во пресрет на европските избори и изборите во САД, така што ќе има сè повеќе и повеќе руска пропаганда.

Русија нема да штеди напори да ја обвини Украина за каков било вид на криминал во обид да ја дискредитира, да ја намали поддршката што Украина ја ужива. Токму затоа мора да останеме внимателни, мора да се спротивставиме. Најсвеж пример е обидот на Русија да ја обвини Украина дека е вмешана во пукањето во концертната сала во Крокус во Русија. Овие изјави се лажни и апсурдни.

Украина не функционира така, не се бориме на таков начин. Грозоморните злосторства врз цивилите се руска практика, како што видовме во последните две години од руската агресија врз Украина. Да, ќе се обидат да ја оцрнат Украина, да ја дискредитираат Украина. Русија буквално нема црвени линии кога станува збор за нивните обиди да ја дискредитираат Украина во очите на целиот свет.

Мислам дека проблемот е помалку во руската пропаганда која не познава црвени линии, туку е повеќе во западните влади кои повлекуваат премногу црвени линии кога станува збор за поддршката на Украина во нејзината борба против руската агресија. „Топката“ во оваа смисла не е на руска страна.

Мора да бидеме будни, мора да се спротивставиме на руската пропаганда. За жал, не можете да ја победите руската пропаганда користејќи алатки за слободата на медиумите и слободата на изразување. Мораме да бидеме строги кон руските новинари, строги кон руската пропаганда, затоа што ако им дозволите да дејствуваат во вашата земја, несомнено е дека ќе сеат поделби и ќе вложат максимални напори да ја дестабилизираат вашата земја.

Кога станува збор за Северна Македонија, се разбира дека вашата земја е добар пријател и сте направиле многу во последните две години, во споредба со вашите можности. Навистина направивте многу за да ни помогнете, исто како што и ние што ви помогнавме во 90-тите. Ви благодарам.

М. Пешевска

Tags: Кулебаподдршкаруска пропагандаСеверна МакедонијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ