• Latest

24 ЧАСА: Стево Јакимовски осуден на три ипол години затвор; Омбудсманот се соочува со сериозни проблеми во заштитата на човековите права; земјотрес од 6,2 стемени го погоди Истанбул

April 23, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Стево Јакимовски осуден на три ипол години затвор; Омбудсманот се соочува со сериозни проблеми во заштитата на човековите права; земјотрес од 6,2 стемени го погоди Истанбул

April 23, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски по шест години судење денеска беше осуден на неправосилна судска пресуда од три години и шест месеци затворска казна, соопшти попладнево Кривичниот суд. Според пресудата, административниот објект, односно новата општинска зграда за која е осуден за бесправна градба се одзема во корист на државата.

Со оглед дека на обвинетиот С.Ј му се суди истовремено за две кривични дела, судот откако претходно ги утврди казните за секое дело одделно, па за двете дела му изрече единствена казна во траење од 3 години и 6 месеци. Во изречената казна затвор на обвинетиот му се засметува и времето поминато во куќен притвор.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Недостигот на целосна финансиска, организациска и функционална независност, отсуство на средства за реализација на проекти и промоција и заштита на правата на граѓаните кои се надлежност на Омбудсманот, недостиг на кадровскиот потенцијал претставуваат сериозен проблем кои влијаат директно во квалитетот, ефикасноста на нашата работа. Институцијата Народен правобранител има фундаментална улога во насока на промоција, афирмација и заштита на човековите права и слободи. Од друга страна, оваа улога не товари со поголема одговорност со цел на сите граѓани врз сите основи согласно Уставот и законите да им се помогне во реализацијата на нивните права“, изјави Народниот правобранител, Зибери во Собранието.

РЕГИОН

Земјотрес од 6,2 степени според Рихтер го погоди Истанбул

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

СВЕТ

Трамп најави дека царините за Кина „ќе се намалат значително“, навестувајќи потенцијален пресврт

Американскиот претседател Доналд Трамп сигнализираше потенцијален пресврт на неговата трговска војна со Кина во услови на континуирана нестабилност на пазарот, велејќи дека високите царини за кинески стоки „значително ќе се намалат, но нема да бидат нула“.

АЛ ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми:  Пропадна и петтиот обид за конституирање на косовскиот парламент; Продолжува затворањето на паралелните српски институции во Косово; СПАК немилосрдно кон изборниот криминал

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали ќе има правда за жртвите од пожарот во Кочани?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Оние мали портали што се обидуваа да зборуваат нешто за непотизам, корупција, за локални афери, за тоа дека некој таму на некоја функција има повеќе фирми отколку читања на Библија – е па тие… немаат двајца вработени. Значи не се медиуми. Значи не се релевантни. Значи не постојат“, пишува Јане Ѓорѓиоски во „Или двајца вработени новинари, или мукла!“

Подготви: Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ