• Latest
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основни вредности“

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025 16:18
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
фото: ВИ

фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

Меѓународниот ден на демократијата е потсетник дека слободата, правото и човековото достоинство не се дадени еднаш засекогаш. Тие се постојано загрозени од злоупотреби, насилство и политички манипулации. Демократијата бара активна грижа, учество и храброст – од институциите, граѓанското општество, медиумите, но и од секој поединец.

ЦИВИЛ – Центар за слобода порачува дека денес, повеќе од кога било, е потребно:

  • да се брани независноста на институциите од партиски влијанија и корупција;
  • да се заштити слободата на медиумите и новинарите од притисоци, закани и дезинформации;
  • да се обезбеди правична застапеност и еднакви можности за сите граѓанки и граѓани, без оглед на етничка, верска, родова или друга припадност;
  • да се охрабрува активно учество на младите во креирање на јавните политики и иднината на земјата.

Во Северна Македонија, предизвиците за демократијата остануваат големи: ерозија на довербата во институциите, злоупотреба на јавните ресурси, закани кон активисти и новинари, неказнивост на носителите на моќ. Овие појави ја поткопуваат суштината на демократијата и го разнебитуваат чувството на правда кај граѓанките и граѓаните.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

– За сите лица со нерешено станбено прашање, коишто навистина немаат стан/куќа на свое име каде што би живееле, а се очекува дека тоа ќе бидат претежно млади лица и млади брачни парови, со новата одлука се дозволува, без да се наруши пристапот на прудентност, тие да добијат станбен кредит и со учество од 10 проценти од вкупната вредност на објектот за живеење. Наспроти ова, за сите останати случаи, минималното сопствено учество се зголемува од постојните 15 проценти на 25 проценти од вредноста на станот. Исто така, за корисниците на станбени кредити наменети за купување или градење прво живеалиште, ќе останат во важност досегашните лимити на показателот ДСТИ, коишто изнесуваат 55 проценти за изложеноста во денари и 50 проценти за изложеноста со валутна компонента. За сите останати баратели на кредити се предвидуваат пониски нивоа за овие показатели, и тоа од 50 проценти за изложеноста во денари и 45 проценти за изложеноста со валутна компонента, појасни Славески.

РЕГИОН

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

Службата за надворешно разузнавање на Русија (СВР) објави дека Европската Унија стои зад „немирите во Србија“ во кои учествуваат млади луѓе, и дека годишнината од падот на настрешницата на 1 ноември ќе биде искористена за завршување на „српскиот Мајдан“.

Руската служба за надворешни работи состави список на независни медиуми кои се занимаваат со „перење мозок на српската младина“, објави Н1.

СВЕТ

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

Военото разузнавање на Украина (HUR) изврши хакирање за „кибер одмазда“ врз Руската Централна изборна комисија (ЦИК) на 14 септември како одговор на изборите одржани на окупираните украински територии, изјави извор на HUR за Кијив Индипендент на 15 септември.

Нападот се совпадна со денот на обединето гласање во Русија, кој вклучуваше избори за 21 гувернер, заменици на 11 регионални собранија и околу 47.000 општински лидери.

Шефицата на руската ЦИК, Ела Памфилова, призна „голем хакерски напад“ врз ресурсите на комисијата на 14 септември, велејќи дека интернетот бил исклучен во седиштето на ЦИК.

АЛ-ПРЕС

(ИЗБОР) Албански медиуми: Радоичиќ повторно го обезбедува Вучиќ; Дигиталната министерка „Диела“ предмет на полемики кај експертите; Суспензијата на САД на дијалогот со Косово предмет на различни интерпретации

„Александар Вучиќ уште еднаш јавно го ангажираше Милан Радоичиќ, заедно со своите терористи, да ги организира и обезбедува неговите политички колони“ посочи српскиот адвокат Чедомир Стојковиќ, инаку еден од нај острите критичари на српскиот претседател и влада, пренесоа косовските медиуми.

Во Албанија, новата дигитална министерка, „Диела“, предизвика полемики, меѓу кои се обвинува за кршење на Уставот, пишуваат албанските медиуми.

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Скопје се гуши – што прави власта?

ДУПЛО ЕСПРЕСО со Џабир Дерала и Драган Мишев: Воени провокации во Полска, македонскиот одговор и други стории

СЛОБОДНА ЗОНА

Студија на случај од Северна Македонија: како неоснованото користење на поимот „хибридни напади“ и непотребното драматизирање го девалвираат сериозниот безбедносен концепт, ги прикриваат неуспесите на функционерите и ја политизираат заштитата на животната средина и управувањето со отпадот. Важно е да се потенцира дека хибридните закани не треба да се потценуваат, и оваа анализа не е таков обид, пишува Џабир Дерала во колумната „Манипулативна злоупотреба на поимот „хибридни напади“: Кога државата си измислува непријатели“.

Д. Муратов

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ