• Latest

24 ЧАСА: ЦИВИЛ и МЕДИА ДИЈАЛОГ од Германија организираат голема меѓународна конференција во Скопје за заканите против демократијата; само еден безболен чекор ќе нè доближи до ЕУ; откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан оти пропадна тендерот за организацијата

November 28, 2024

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ и МЕДИА ДИЈАЛОГ од Германија организираат голема меѓународна конференција во Скопје за заканите против демократијата; само еден безболен чекор ќе нè доближи до ЕУ; откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан оти пропадна тендерот за организацијата

November 28, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ЕКСКЛУЗИВНО: ЦИВИЛ и МЕДИА ДИЈАЛОГ од Германија организираат голема меѓународна конференција во Скопје за заканите против демократијата, поддржана од Владата на Северна Рајна-Вестфалија

ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија) и МЕДИА ДИЈАЛОГ / Y4M (Северна Рајна-Вестфалија, Германија) објавија дека претстојната меѓународна конференција „Одбрана на демократијата и човековите права во лицето на војната, национализмот и авторитаризмот“ ќе се одржува на 11 и 12 декември во Скопје, Северна Македонија.

Овој голем меѓународен настан ќе ги собере водечките експерти, креаторите на политики, лидерите на граѓанското општество и новинарите од Европа и САД за да се осврнат на итните закани со кои се соочува демократијата и човековите права ширум светот.

Владата на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија (NRW) ја поддржува оваа важна меѓународна конференција. Настанот е дел од Неделата за човекови права на NRW, која вклучува различни формати на оваа тема. Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија се поврзани како земји партнери од 2021 година.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Размислувања за иднината на Северна Македонија – Остра критика за воспоставување на стратешкото партнертсво на Владата со Унгарија

Домаќин и модератор на трибината беше Џелал Хоџиќ, претседател на СДА Македонија, а говорници беа Љубчо Георгиевски, претеседател на ВМРО Народна партија и поранешен премиер на државата, Никица Корубин, поранешен пратеник и аналитичар, како и Ивон Величковски, лидер на Движење за нова република и исто така поранешен пратеник.

РЕГИОН

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум бидејќи пропадна тендерот за организацијата

Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој настан, јавија сараевските медиуми. За организатор беше избрана фирмата „Мајндсет“, но по поднесена жалба тендерот е поништен.

СВЕТ

Упатени закани со бомби кон кандидатите за тимот на Трамп во Белата куќа

Неколку од номинираните во кабинетот на Доналд Трамп и избраниците за неговиот тим во Белата куќа беа цел на закани за бомби.

ФБИ соопшти дека знае за „многубројни закани со бомби“, како и за „инциденти со вадење“, во кои се прават лажни повици за да се привлече полициски одговор до домот на целта. Беа упатени закани против најмалку девет лица избрани од Трамп да ги водат министерствата за одбрана, домување, земјоделство и труд, како и неговиот избор за американски амбасадор во Обединетите нации, меѓу другите.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Измрзнатите граѓани на Скопје, жртви со денови од блокадите на јавниот превоз што ги предизвика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, сите оние кои губеа часови на училиште, не се јавија на испити на факултет, а некои губеа и работа заради енормно доцнење, се на добар пат одново да бидат „возени“ со демагошките потези и пропагандни трикови на лидерот на владејачката партија. За тие негови потези постои објаснување во политичката теорија“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Мицкоски е на добар пат уште еднаш да ги извози скопјани до новите локални избори“.

*

„Дали ќе опстанеме како заедница и држава која функционира, зависи од храброста да се зафатиме со реформите и тоа во сите сегменти. Оној политичар што ќе има храброст да раководи со овие процеси треба да се стави на највисокиот пиедестал во историјата. Веројатно современиците ќе го крстат со погрдни имиња, ама како и во хирургијата ако не се отстрани заболеното ткиво ќе пропадне организмот, а лекарот треба да го лечи, а не да го одржува по секоја цена во постела“, пишува Војо Маневски во колумната „Можни ли се реформи во нашето правосудство“?

*

„Ние не отстапуваме, ги нацртавме црвените линии и немаме намера да ја билатерализираме нашата позиција во евроинтеграциите, рече денеска премиерот на Република Северна Македонија покажувајќи им среден прст на европејците како негова балканска мачо ерекција, пардон, реакција на нивната најнова шлаканици од каде што по стоти пат, еве и денеска, пак му порачаа да заборави на неговото таканаречено одложено уставно дејство со што Мицкоски, со неговото не за ЕУ, засега, и за кратко можеби незабележливо, практично, ја втурна земјава во нова македонска меѓу партиска и воопшто политичка криза кон која води ваквиот негов манир на комуникација со меѓународната, а сето во името на некаква негова шифрирана грижа за гордоста на нацијата, за гордоста на егзистенцијално најбедната нација во регионов, за пошироко ич збор не станува, па, па оттука, неговиот избор во наше име од типот ЕУ или гордост, на крајот, неизбежно, ќе се сведе на нашата македонска автентична судбинска историја која не само што се повторува туку која, еве, како панаѓурски рингишпил уште нè врти во круг, нè врти на кружната патека со старт без цел, патека со почеток без крај“, пишува Зоран Иванов во коментарот „Мицкоски нè отпиша, ЕУ не нè запишуе или Среќна Нова 2024“.

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ