• Latest

24 ЧАСА: „Црните листи“ ќе станат дел од домашното законодавство; блокирањето на патот кон ЕУ е директна причина за немање европски стандард за владеење на правото; зголемен бројот на должници во УЈП

January 11, 2024
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: „Црните листи“ ќе станат дел од домашното законодавство; блокирањето на патот кон ЕУ е директна причина за немање европски стандард за владеење на правото; зголемен бројот на должници во УЈП

January 11, 2024 17:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

МНР со предлог за измени на Законот за рестриктивни мерки, со кои и правните акти на САД и Обединетото Кралство се валидна основа за воведување на овие мерки

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска и директорот на словенечката организација за унапредување на човековата безбедност – ИТФ, Томаж Ловренчич денеска потпишаа Меморандум за разбирање за првиот билатерален проект помеѓу земјава и Европскиот мировен фонд. Со тоа почнуваат активностите за реализација на поддршката во опрема за пешадиската баталјонска група на нашата Армија во вредност од девет милиони  евра.

Со закон или со уставни измени да се забрани лица од „црните листи“ на САД, ЕУ и ООН да бидат носители на функции?

„За сите државјани на Северна Македонија кои се санкционирани од Стејт департментот на САД, треба да има уставна забрана за учество во јавниот политички живот“, вели за „Фронтлајн“ – правникот и политички аналитичар Ќенан Алиу, говорејќи за иницијативата за усвојување на закон кој ќе им забрани на санкционираните од црните листи на САД, ЕУ и ОН да извршуваат јавни функции.

 

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Османи за изјавата на Коп: Блокирањето на патот кон ЕУ е директна причина за неможност за постигнување европски стандард за владеење на правото

Блокирањето на нашиот пат кон ЕУ е директна причина за неможност за постигнување европски стандард за владеење на правото, изјави денеска министерот за надорешни работи Бујар Османи, на новинарско прашање да ја искоментира вчерашната порака на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, дадена на средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети, дека посветеноста на Северна Македонија за членство во ЕУ е загрозена по постојаниот пад во владеењето на правото во земјава.

ФЛЕШ ВЕСТИ

СОВЕТ НА ЈО Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно го отфрли барањето на обвинителката Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на документацијата во врска со огласот за именување на јавен обвинител .…

ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ  Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници кои не ги подмириле даночните обврски. Според објавените податоци, зголемен е бројот на должници и кај правните и кај физичките лица…

ЗАКОН ЗА ПОМИЛУВАЊЕ  Министерството за правда соопшти дека Предлог законот за помилување денеска ќе биде на седница на Собрание. Во него се предвидува дека помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда.…

ИНТЕГРАЦИИ Досега направме се што можеше да се направи без уставни измени. Во моментот кога ќе ги направиме уставните измени веќе нема други пречки и веднаш ќе биде свикана втората меѓувладина конференција и ќе го отвориме првиот кластер.…

ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЧЕБРЕН Здружението на инженери на Република Македонија денеска до Владата и до Собранието достави Иницијатива за донесување на Закон за изградба на ПАХЕ Чебрен со, како што велат, македонски сили…

ВОЈНА ВО УКРАИНА

  • ВОЕН ИЗВЕШТАЈ:Руски воени злосторства и кршење на човековите права во војната против Украина

  • (ВИДЕО) Српски доброволци во Русија тепани и третирани како наркомани и алкохоличари

  • Русија ги засилува воздушните напади врз Украина, погоден хотел во Харкив

  • НАТО потврди дека ќе продолжи да ја поддржува Украина во 2024 година

КОНФЛИКТИ

  • Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе започне со сослушување за случајот на израелскиот геноцид врз Газа. Јужноафриканската влада, наследник на режимот на апартхејдот, го покрена случајот …

ИНТЕРВЈУ

Исмет Рамадани за ЦИВИЛ МЕДИА: Го препливавме морето, а сакаме да се удавиме во реката

Исмет Рамадани е влијателен и реномиран интелектуалец и општествен деец, поранешен политичар и пратеник во македонскиот парламент, и прв човек на Евроатлантскиот совет. И како политичар, и како општественик, Рамадани е познат по својата смиреност, конструктивен пристап и отвореност за дијалог.

ЦИВИЛ МЕДИА направи интервју со Рамадани на клучни прашања за нашата земја кои се и ќе бидат актуелни на подолг рок…

АНАЛИЗИ

Актите на отпор доаѓаат во многу облици и големини. Од жолто-сина лента врзана за дрво или украинското знаме подигнато на оддалечена планинска страна, до брза дојава за шифрирана апликација што започнува низа настани што кулминираат со уништување на воен брод, сè е подеднакво важно во борбата за ослободување на окупираните делови на Украина. Колку и да е големо или мало, без разлика дали влијанието е воено или симболично, дејствијата на Украинците кои живеат на териториите окупирани од Русија во текот на речиси двегодишната војна од целосни размери помогнаа да се пренесе една едноставна порака дома: дека рускатаконтрола на делови од Украина е слаба и привремена, пишува Драган Мишев во анализата „Одблиску со движењето на отпорот во привремено окупираните делови на Украина“.

СЛОБОДНА ЗОНА

Во гостувањето на претседателот Пендаровски на Сител на 9 јануари  вечерта, добивме од него вест дека се договараат последните технички детали околу примопредавањето на бегалецот од правдата Палчевски на нашите власти. Оваа вест е секако добиена од овластени турски извори, кои споменатиот бегалец од земјава го држат во екстрадиционен притвор. Оваа вест секако е и од јавен интерес. За најголем дел од граѓаните, тоа секако е знак дека убијците на малата Вања и велешанецот Панче Жежовски, сепак ќе се соочат со правдата во една комплетна постапка за обвинителите и судиите. Но не се малку ниту оние кои стрепетат од враќањето на Палчевски во земјата, пишува Љубомир Костовски во „МПЦ во Бермудскиот триаголник на Кремљ“.

ES-PRESS-O

Фактите остануваат факти, без оглед на тоа колку креаторите на лагите се обидуваат да ги искриват или скријат. Вистината избива на виделина, наспроти времето и ѓоновите што се обидуваат да ја прегазат. Колективите (народот, што и да значи тој поим во вокабуларот на измамниците) во својата еволуција, исто така, успеваат да доживеат „катарза“ и да се соочат со болните вистини и катастрофални штети што ги предизвикале лагите и самозалажувањето, пишува Џабир Дерала во колумната „Вистината избива на виделина, наспроти времето и ѓоновите што се обидуваат да ја прегазат“.

 

Подготви: Д. Мишев

Tags: анализиВестиизјавитеми
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ