• Latest
Фото: МИА

24 ЧАСА: Владата одлучи-Боцевски ќе ја претставува државата во Советот на ЕУ; покачување на пензии во октомври; сојужништва што водат во пропаст-СДСМ свртување кон десно

September 4, 2024

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Владата одлучи-Боцевски ќе ја претставува државата во Советот на ЕУ; покачување на пензии во октомври; сојужништва што водат во пропаст-СДСМ свртување кон десно

September 4, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата го назначи Боцевски за специјален претставник при унгарското претседателство со ЕУ

Владата на вчерашната седница го именува Ивица Боцевски за нејзин специјален претставник при унгарското претседателство со Советот на Европската Унија, а донесе и нови кадровски решенија на повеќе институции.

Промени има и во Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија, КПД Затвор Скопје, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Службата за просторен и информативен систем, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Дирекцијата за заштита и спасување и во Управа за електронско здравство.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

ПИОСМ за ЦивилМедиа: Во тек е собраниска постапка за измени на Законот, покачувањето на пензии може да се очекува во октомври

„Почитувани, во одговор на вашиот мејл, ве известуваме дека во тек е постапка за изменување и дополнување на Законот за ПИО кој се однесува на линеарното покачување на пензии. По завршување на постапката и донесување на измената на Законот во Собрание на РСМ ќе може со сигурност да одговориме на мејлот. Имајќи го во предвид законското решение и праксата во работењето на Фондот на ПИОСМ линеарното покачување би се очекувало да биде во октомври месец“, одговорија од Фондот, на прашањето на ЦивилМедиа кога пензионерите може да го очекуваат покачувањето и што ја предизвикало забуната кај нив за да го очекуваат покачувањето со августовската пензија?

СВЕТ

Бројот на загинати во руското ракетирање на Лвив се зголеми на седум, меѓу кои и три деца

Русите го погодија Лвив со проектили. Се запалија станбени згради, оштетени се две училишта. Според последните информации кои ги соопшти Државната служба за вонредни состојби, бројот на загинати во вчерашниот рускиот ракетен напад врз Полтава се искачи на 50, додека бројот на повредени достигна 271. Во Лвив бројот на загинати во рускиот ракетен напад се зголеми на седум, објави на Телеграм градоначалникот на градот Андриј Садови

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали пензионерите се измамени или недоволно информирани зошто не им се исплатени дополнителните 2.500 денари?

Пензионерите се збунети, дали ќе ги добијат парите во септември или во октомври? Дали ќе биде еднократно или секој месец ќе добиваат дополнително 2.500, а од март следната година пензијата ќе им се зголеми за 5000 денари? Цивил Медиа следејќи ја темата, го поставува прашањето дали пензионерите се измамени или недоволно информирани?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Поддршката на СДСМ за иницијативата на Левица за интерпелација на претседателот на собранието Африм Гаши ја постави партијата повеќе десно и од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ. Политичкото сојузништво со Левица е, најблаго речено, кусогледо. Но не само тоа. Било каква иницијатива на една ваква (ултра десна) Левица за еден било каков СДСМ треба да биде неприфатлива опција“, пишува Џабир Дерала во РАФАЛОТ „СДСМ свртување во десно: Политички сојузништва што водат кон пропаст“

„И ако е по она народната, „По утрото денот се познава“, црно им се пишува на работниците во наредниот период од владеењето на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски со претставниците на крупниот капитал, ткн. газди, колку и таа да трае3, пишува Драган Мишев во  „Олигарсите осоколени од новата власт, удрија по работниците“

Подготви: Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ