• Latest

СДСМ свртување во десно: Политички сојузништва што водат кон пропаст

September 4, 2024
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

СДСМ свртување во десно: Политички сојузништва што водат кон пропаст

Вредносна оценка на погрешните политички чекори и сојузи кои водат кон десно, отуѓување од основните вредности и потенцијален колапс на прогресивните политички сили во земјата.

September 4, 2024 12:59
in КОМПАС, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Поддршката на СДСМ за иницијативата на Левица за интерпелација на претседателот на собранието Африм Гаши ја постави партијата повеќе десно и од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ. Политичкото сојузништво со Левица е, најблаго речено, кусогледо. Но не само тоа. Било каква иницијатива на една ваква (ултра десна) Левица за еден било каков СДСМ треба да биде неприфатлива опција. За жал, ортачењето со Левица конечно ги (ре)дефинира македонските социјалдемократи како политички ентитет кој премногу лесно се откажува од вредностите и политиките што ги градеше во годините непосредно пред и по падот на режимот на Груевски. Треба ли да се спомне Шарената револуција тука? Претходно и Граѓаните доаѓаат?

И тоа не е сѐ.

Поддршка за национализам, исламофобија и антизападна ориентација

Едно од седумте образложенија на Левица во иницијативата за смена на Гаши е поврзана со наводна „повреда на правилата за употреба на државните инсигнии“. Според Левица „во пленарната сала, спротивно на Законот, нелегално стојат уште две други знамиња – на НАТО и ЕУ“.

Ако поради ништо друго, тогаш барем оваа отворена и целосно антизападна позиција требаше да биде повеќе од добра причина за откажување на поддршката.

Се разбира, под услов да прифатиме дека социјалдемократите решиле да се откажат од принципите на мултикултурализмот, еднаквоста и правичноста. Точно така, интерпелацијата не само што е националистичка, таа е и анти-ЕУ и анти-НАТО.

Што (не) добија новите сојузници Левица и СДСМ со оваа политичка одлука?

Да внесат раздор во владејачката коалиција врз грбот на Албанците е барем една од очигледните намери. Притоа, се чини дека целта е да се прикаже дека ВМРО-ДПМНЕ се предавници и штитат албански националист и исламски фундаменталист кој притоа се однесува како кабадаја и ги злоупотребува функцијата и државните ресурси. Таа цел сигурно не е постигната, а тешко може да се каже дека беа понудени и сериозни аргументи за било што друго. Барем не беа аргументи што може да се насочат кон претседателот на собранието. Јасно е каде може да се бара одговорноста за инцидентот со косовската претседателка и „сватовското патување“ на Гаши.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ донесоа политичка одлука, го заштитија својот главен партнер во власта, а нивното членство, со мали бранувања што нема да траат ни три дена, ќе остане дисциплинирано и верно, иако и понатаму нема помалку да ги мразат Албанците и муслиманите. За одлуката на ДУИ нема што многу да се каже – Ахмети е стар волк во политиката и во ниту една варијанта не можеше да се очекува ДУИ да ја поддржи иницијативата на Левица. Дури и ЗНАМ – тврдото националистичко крило на СДСМ – донесе политички одлука позрела отколку партиската матица.

Точна е оценката и на Гаши дека интерпелацијата е политички мотивирана и самиот текст е преполн со исламофобијата и албанофобија. Со тоа што испушти да каже дека образложението содржи и антизападни позиции. И навистина, барем половина од седумте точки на образложението на Левица се засновани на отворена националистичка и верска нетрпеливост. Плус, антизападни позиции. За тоа гласаше СДСМ? Really?

Политички опортунизам и лоши проценки

СДСМ нема да ги придобие етничките Македонци (ако тоа била целта), особено не оние што ѝ припаѓаат на тврдата националистичка маса на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ. Ниту фашистите на Левица. Нема ниту да ја заштити партијата од понатамошно разградување.

Напротив, ако СДСМ се сврти кон национализмот, секогаш ќе има поатрактивни националистички партии, најмалку затоа што се на власт. Особено ако се има предвид логиката: Зошто да носам шангајки, ако можам All Star? Лоша проценка – дури и во контекст на политички опортунизам.

Со оваа и вакви политички одлуки и позиции, СДСМ може само да продолжи со (рас)паѓање. На социјалдемократите требаше да им биде јасно што се случува, дури и да немаа еден Фатмир Битиќи во своите редови, висок партиски функционер, пратеник и екс-вицепремиер од првите редови на СДСМ. Тој не гласаше за интерпелацијата, а причините, засновани на вредносни принципи – не ги криеше. И може кој сака да го опише тоа како „солидаризирање“ по етничка основа, но тоа сигурно не е случај. Исто како и со потписникот на овие редови.

Добитници и губитници

Најголем добитник во оваа кратка авантура на почетокот на најавената „жешка политичка есен“ е ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ја зацврсти коалицијата и покажаа принципиелност. Барем пред меѓународната заедница, ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека не е (премногу) националистичка партија или барем дека не се палат на националистичките трикови на другите (си имаат тие свои). За политичките губитници доволно напишав, освен можеби дека изгледа како СДСМ да им се враќа на „вредностите“ што им беа блиски во неславните 90-ти (Битпазар ‘92, Тетовски универзитет ‘95, албанско знаме во Тетово и Гостивар, ‘97).

Сепак, најголемите губитници во оваа епизода се македонските граѓанки и граѓани, особено оние што ја гледаат својата иднина во Европа. За жал, на граѓан(к)ите можам да им предвидам нови и уште потешки порази и разочарувања веќе во блиска иднина.


Teкстот е личен став на Авторот. Извор: ЦивилМедиа

Рамнодушност и општество во распаѓање


Фото: ЦИВИЛ
РАФАЛ е рубрика што се отвори на крајот на април 2017 година. Точно 110 колумни објавени во таа рубрика се дел од истоимената книга од Џабир Дерала во издание на ЦИВИЛ, објавена во мај 2018 година.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ