• Latest

Рамнодушност и општество во распаѓање

September 1, 2024
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Рамнодушност и општество во распаѓање

Ова се рефлексии за општественото распаѓање, бесмисленоста на надежта и неизбежната индиферентност кон системските неуспеси на институциите и членовите на оваа административна заедница или држава, како сакате. Празнина што го дефинира колективното искуство. Од највисоките места на моќ до секојдневните интеракции, општеството е заробено во бескрајна спирала од примитивно однесување, насилство и илузионизам, неспособно - или неволно - да се ослободи и да престане со децениското бегање од вистината.

September 1, 2024 09:30
in КОМПАС, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

 ЏАБИР ДЕРАЛА

Можеби се годините, можеби искуството сосе годините, не знам, но кога ја гледам оваа земја веќе не можам, како порано, во себе не наоѓам ни цинизам, уште помалку огорченост или револт. Не сум дури ни разочаран. Тоа е можно само кога човек во себе има барем трошка надеж дека нешто може или би можело да биде подобро. Почнав да прифаќам дека некои болести се едноставно неизлечиви. Особено кога болеста е масовна како епидемија.

Не само што луѓето на „високи места“ не знаат или не можат, тие и не сакаат да се откажат од лагите, насилството и примитивизмот. Кога велам „високи места“ мислам на сите кои носат некакви одлуки или можат да влијаат на ставовите на луѓето. Од училница или универзитетски амфитеатар до фирма или фабрика, од судница до академија на науките, од партиски клуб во локална прчварница до парламентот и кабинетите на најодговорните државни функционери.

Бескрајно простачко надмудрување, крадење пари и идеи, трошење на туѓото време, уништување на креативноста, забивање нож во грб и – најмногу од сѐ – трошење бескрајно многу ресурси (јавни и позајмени и донирани) за градење илузии што се потенки и попроѕирни од меур од сапуница. Целото општество – администрација, академија, медиуми, граѓанско општество, бизнис, институции, држава, процеси, области, сектори, набројте што сакате (историја, култура, естрада, политика) – се како трупец од скапано дрво поставен на тенки стаклени ногарки, а сакаат да остават впечаток дека се скулптури од Роден или Донатело.

Усмрдена провинција населена со хуманоидни крави и волови чии вилици вредно штракаат низ росните ливади полнејќи ги своите утроби, а потоа преживаат во својата бесконечно празна дремка на добиток. Опкружени со смрдливите испарувања од сопствениот измет од живот.

Не сакам да верувам дека се толку глупави да не знаат дека се само обични серковци. Барем во некој зафрлен агол на неразвиените тапи мозочиња трепка сијаличка која им кажува колку се ништожни и колку се неспособни да направат барем една пристојна илузија, ни за селски циркус.

Усмрдена провинција населена со хуманоидни крави и волови чии вилици вредно штракаат низ росните ливади полнејќи ги своите утроби, а потоа преживаат во својата бесконечно празна дремка на добиток. Опкружени со смрдливите испарувања од сопствениот измет од живот.

Тука нема ништо што може да предизвика емоции. Апсурдно е да се биде огорчен на крава или вол, да се гледа со цинизам или револт на нивното однесување или на реата од тоа што го исфрлаат од мозокот или задниот дел од телото, откако ќе талка низ 45 метри долгите црева. Можеби некогаш само гадење, мачнина од остриот мирис на смртта на мислењето како такво.

Им се извинувам на кравите и воловите што ги издвоив за да ја направам оваа илустрација за рамнодушноста. Исто така, му се извинувам на Институтот за добробит на животните и сличните на нив. Мојата одговорност за овој текст немаше да биде помала ако наместо крави и волови за споредба земев риби, инсекти или алги. Географски, не сум сигурен дека ова се однесува само на „нашата“ земја, веројатно можам да направам слична споредба и за целиот регион и неколку десетици земји низ светот.

Не се извинувам ако некој мисли дека ова е навредлив текст. Некој може да го доведе ова и во врска со општествената апатија. Сеедно ми е. Можам и некоја сочна пцовка да кажам овде, но нема, затоа што рамнодушните немаат потреба да пцујат.


Текстот е личен став на авторот. Сите права се задржани. Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Фото: ЦИВИЛ
РАФАЛ е рубрика што се отвори на крајот на април 2017 година. Точно 110 колумни објавени во таа рубрика се дел од истоимената книга од Џабир Дерала во издание на ЦИВИЛ, објавена во мај 2018 година.
Tags: илузионизамнасилствопримитивизамраспад на системот
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ