Влијанието на Цивил во развој на плурализмот на информации е од суштинско значење за функционирањето на демократијата во Македонија. И токму таа силна и значајна улога на Цивил е мотив за постојани обиди за девалвација на работата на оваа организација. Никој разумен нема дилеми дека тие бедни обиди се диригирани од мрачни центри, со цел да се создаде клима на страв, самоцензура и ограничување на слобода на изразување. Во такви услови, неопходно е да се застане цврсто во одбрана на интегритетот на Цивил.
Цивил денес е многу позначаен за Македонија, дури и од она што беше А1 Телевиозија кога се случи полицискиот упад. Борбата против А1 Телевизија беше борба за зголемена моќ и за неограничена власт во државата. Борбата против Цивил е борба против развојот и просперитетот на државата. Борба против европска Македонија.
Цивил е неопходност. Цивил е заштитник на интегритетот на информации во државата. Цивил е главна алатка во борбата против дезинформации и фалсификувани вести. Цивил е клучен фактор во борбата против поделеност и конфликти. Цивил е СВЕТИЛНИК НА СЛОБОДАТА.